Connect with us

Банки

ПроКредит Банка нуди бесплатни девизни приливи за физички лица до крајот на годината

Објавено

на

Динамиката на денешницата, слободното движење на луѓето и можноста за работа во различни земји, во изминатите години ја зголеми потреба за безбедни, брзи и поволни финансиски услуги и трансфери од било која локација во светот.

Пресретнувајќи ги потребите на клиентите, ПроКредит Банка за прв пат на нашиот пазар воведува бенефит за физички лица кои користат интернационални трансфери. Така, сите нови клиенти кои ќе отворат сметка во ПроКредит банка до крајот на месец август добиваат неограничени бесплатни приливи од странство до крајот на годината. ПроКредит банка ќе ги обработува девизните приливи од странство без провизија, без разлика од која банка од странство истите се испратени.

Понудата овозможува дополнителна заштеда на трошоци и е посебно атрактивна за сите македонски државјани кои живеат и работат во странство и често имаат потреба од трансфер на средства на лесен, безбеден и исплатлив начин, како и сите фриленсери кои имаат редовни месечни примања по основ на приливи од странство.

Една од поволностите е тоа што средствата се достапни веднаш на сметката на клиентите, како резултат на автоматизираниот процес на распределба на приливите. Новите клиенти исто така можат да ја користат и предноста на банкоматите во 24/7 зоните кои нудат единствена можност за повлекување и дополнување евра директно на банкомат, достапни во секое време.

Имајќи ја предвид специфичноста на трансакциите со странство, ПроКредит Банка обезбедува и поддршка и високо-професионална услуга од лични банкарски советници кои можат да одговорат на сите барања поврзани со овие трансакции, покривајќи ги законските регулативи и потребната документација за да се обезбеди усогласеност и непречен процес.

Покрај бесплатни девизни приливи, дополнителна можност за заштеда е и активната промотивна понуда на ПроКредит Банка за Орочен депозит со атрактивни фиксни каматни стапки од 3,6% за денари и 2,5% за евра со рок на доспевање од само 13 месеци.

ПроКредит Банка е препознатлива по своите современи дигитални банкарски услуги, па така и аплицирањето за промотивните услуги може да се направи брзо и лесно, целосно онлајн на веб страната на банката.

Искористете ја промотивната понуда за отворање сметка со бесплатни приливи од странство и аплицирајте на следниот линк: ProCredit Bank – Основен пакет (pcb.mk)

Банки

Централна кооперативна банка со нов четиригодишен мандат за двајца членови на Надзорниот одбор

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје соопшти дека на 16 септември 2026 година Народната банка на Република Северна Македонија издала решенија со кои е дадена претходна согласност за повторно именување на Тихомир Ангелов Атанасов и Христо Георгиев Христов за членови на Надзорниот одбор на Банката.

Согласноста е издадена за нов четиригодишен мандат, со што двајцата членови продолжуваат со своето учество во работата на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Издавањето на претходната согласност од страна на Народната банка претставува дел од регулаторната постапка за именување членови на органите на управување и надзор во банките.

Со повторното именување се обезбедува континуитет во работата на Надзорниот одбор и во остварувањето на неговите надлежности во согласност со законската и регулаторната рамка.

Продолжи со читање

Банки

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.   

Продолжи со читање

Банки

Паричната маса М1 во Македонија зголемена за 11% на крајот на август

Објавено

на

Паричната маса М1 во Северна Македонија достигна 344,5 милијарди денари на крајот на август 2026 година, што претставува раст од околу 11% на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка.

Во истиот период минатата година, паричната маса М1 изнесувала 309,8 милијарди денари.

Изразено во странска валута, вредноста на М1 на крајот на август изнесувала околу 5,6 милијарди евра, односно 6,4 милијарди долари.

М1 е еден од основните показатели за количината на најликвидни пари во економијата и ги опфаќа готовите пари во оптек и средствата на трансакциските сметки кои можат веднаш да се користат за плаќање.

Годишниот раст укажува на зголемување на количината на ликвидни парични средства во домашната економија во споредба со август минатата година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange