Connect with us
no baners

Банки

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци

Објавено

на

ПроКредит Банка свечено ја отвори новата модернизирана филијала во Кавадарци.

Со нов и модерен дизајн новоотворената филијала се наоѓа во строгиот центар на градот со адреса на улица Миле Вчков број 1.

Покрај модернизираниот изглед, со оваа филијала на своите клиенти од Кавадарци ПроКредит Банка им нуди и нови услуги, тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски насоки, како и поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.

Отворањето на филијалата во Кавадарци е дел од поширока иницијатива на банката за отворање нови филијали и реновирање на постојните, со крајна цел нудење на најдобрите услуги на своите клиенти таму каде што тие се наоѓаат.

Целта на ПроКредит Банка е да го подобри персонализираното искуство на своите клиенти и да ги направи своите услуги подостапни, како и да создаде попродуктивна и поудобна работна средина за своите вработени, зголемувајќи ја нивната ефикасност и задоволство.

„Во ПроКредит Банка, удобноста и задоволството на нашите клиенти се приоритет. Модернизацијата на филијалата во Кавадарци ја одразува нашата посветеност за обезбедување банкарско искуство прилагодено на уникатните потреби на локалната заедница“, велат од ПроКредит Банка.

Новата филијала на клиентите им обезбедува пристап до сите дигитални услуги во најсовремена 24/7 зона, опремена со најнови банкомати коишто нудат можности за внесување на дневен промет, како и уплата и исплата на денари и евра. За бизнисите кои имаат поголем дневен промет истиот можат да го депонираат во кое било време во drop box сефот за дневен промет.

„Воведувањето на модернизираната 24/7 зона е доказ за нашата посветеност на дигиталните иновации како и подобрување на банкарското искуство за нашите клиенти. На овој начин се стремиме да понудиме решенија кои се усогласуваат со потребите на клиентите и се во тек со технологијата“, дополнуваат од ПроКредит Банка.

Од банката објаснуваат дека се посветени ѝ на постојано подобрување на мрежата на филијали сѐ со цел да им обезбедат на клиентите ефикасни банкарски решенија.

Дополнително известуваат дека до крајот на оваа година се планирани реновирања, релокации и модернизирања на постоечките филијали, но и отворање на нови, со цел да се подобри целокупното офлајн корисничко искуство на клиентите.

„Нашата цел е да се осигураме дека секоја посета во филијалите на ПроКредит Банка обезбедува беспрекорно и пријатно искуство, а нашата нова филијала во Кавадарци е дизајнирана да го постигне токму тоа“, велат од ПроКредит Банка.

За повеќе информации за 24/7 Зоните на ПроКредит Банка и другите услуги, посетете ја
ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk).

Банки

Народната банка објави конкурс за најдобро видео: награда од 60.000 денари

Објавено

на

По повод одбележувањето на 80 години централно банкарство во земјава, Народната банка објави конкурс за избор на најдобар видеоматеријал на социјалните мрежи на тема „Што значи за мене Народната банка?“.

За авторот на најдобриот видеоматеријал е предвидена нето-награда од 60.000 денари.

Целта на конкурсот е учесниците на креативен и разбирлив начин да прикажат како работењето на централната банка е поврзано со секојдневниот живот на граѓаните – од парите, заштедите и плаќањата, до пошироките финансиски одлуки.

Како можни теми за обработка, Народната банка ги посочува стабилноста на денарот и цените, инфлацијата и куповната моќ, стабилноста на девизниот курс, сигурноста на банкарскиот систем, плаќањата и платниот систем, девизните резерви, како и економската статистика и транспарентноста.

Сепак, овие теми се дадени само како насока, а учесниците имаат слобода сами да го изберат пристапот и начинот на кој ќе ја раскажат својата приказна. Видеото може да биде во форма на анимација, интервју, скеч, документарен запис или друг креативен формат.

Конкурсот е отворен во периодот од 1 до 31 октомври 2026 година.

За учество, видеото треба да биде објавено на личен профил на Facebook или Instagram, при што објавата задолжително треба да биде јавно достапна. Потребно е да се користи хаштагот #МојатаНБ, како и да биде означен официјалниот профил на Народната банка.

На Facebook официјалниот профил е @narodnatabanka, а на Instagram @narodnabanka.mkd.

Видеоматеријалот треба да биде оригинално авторско дело со времетраење до три минути, изработено на македонски или албански јазик.

Право на учество имаат сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија.

Со конкурсот, Народната банка настојува да го доближи значењето на централното банкарство до пошироката јавност и да поттикне поголемо разбирање за тоа како монетарната и финансиската стабилност влијаат врз секојдневието на граѓаните.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира својата понуда за потрошувачки кредит наменет за граѓаните кои планираат реновирање на домот, уредување или реализација на други лични планови.

Според информациите објавени од Банката, максималниот износ на кредитот достигнува до 2.500.000 денари, а една од главните карактеристики на понудата е можноста за брзо одобрување на кредитот, кое, како што посочуваат од НЛБ Банка, може да се реализира за само неколку минути.

Понудата е насочена кон клиентите на кои им е потребно дополнително финансирање за различни потрошувачки цели, меѓу кои реновирање и уредување на домот, како и други планирани трошоци.

Од НЛБ Банка ги повикуваат заинтересираните граѓани детално да се информираат за условите на промотивниот потрошувачки кредит преку официјалната интернет-страница на Банката.

При носење одлука за кредитно задолжување, покрај максималниот достапен износ и брзината на одобрување, значајно е да се земат предвид и каматната стапка, рокот на отплата, висината на месечната рата, провизиите и вкупниот износ што клиентот ќе го отплати во текот на целиот кредитен период.

Продолжи со читање

Банки

Централна кооперативна банка: Започна исплатата на септемвриските пензии

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека од денес (01.10.2026 година) средствата по основ на пензии за месец септември 2026 година се префрлени на сметките на корисниците.

Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (1 октомври 2026 година).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange