Банки
„За убави маалски дружби“, Стопанска банка донира нов футуристички плоштад пред платото на Општина Центар
„За убави маалски дружби“ – граѓаните на општина Центар и сите посетители на Дебар Маало добија нов модерен плоштад, донација од Стопанска банка – АД Скопје. Новата модерна локација се наоѓа пред платото на Општина Центар на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ и вклучува футуристичка инсталација т.н. „урбан атрактор“. Оваа урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди се протега на површина од 56 метри квадратни.

Новото место од вчера е отворено за граѓаните, а градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и г. Бојан Стојаноски, Генерален директор за управување со ризици и Член на управниот одбор при Стопанска банка АД – Скопје, при отворањето, порачаа дека ова катче ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.
„Маалото е институција која треба да се негува, а маалските дружби имаат голема улога за поголема приврзаност со домот и со соседите. Инспирацијата за оваа невообичаена урбана скулптура која зрачи со присност и топлина, потекнува од нашата традиција, веќе 80 години заедно да ја испишуваме најубавата приказна – ДОМА. Благодарни сме на Општина Центар за остварената соработка со нашиот тим како и на архитектонското студио за ова впечатливо здание.“ изјави Стојаноски.

„Ме радува што Дебар Маало добива нов простор каде граѓаните и сите минувачи ќе може да одморат. Овде има и паркинзи за велосипеди, па е одлично место за мала пауза од возењето или додека ги завршуваат обврските во околината. Слоганот „За убави маалски дружби“ доволно кажува дека плоштадот е новото место за дружење и социјализација и во вечерните часови, бидејќи ќе биде осветлено. Се надевам дека и посетитетлите, заедно со сите нас добро ќе го чуваме, со цел да го имаме и да го користиме долго време“ вели Герасимовски.
Плоштадот е авторско дело на архитектонското студио БМА и Бесиан Мемети, архитект.

Општина Центар ќе продолжи да ги негува позитивните соработки со општествено одговорните компании и ќе работи на нови естетски уредувања и нови проекти за граѓаните. Воедно општината упатува благодарност за донацијата која е навистина ново футуристичко урбано издание кое го збогатува Центар.
Стопанска банка АД – Скопје продолжува и понатаму да создава трајни вредности за заедницата од која потекнува преку своите општетствено одговорни активности во партнерство со граѓанскиот сектор и локалната самоуправа.
Банки
ЕЦБ ги редизајнира евробанкнотите и ги повикува граѓаните да го изберат изгледот
Европската централна банка ги повикува граѓаните да учествуваат во изборот на новиот изглед на евробанкнотите, преку анкета во која се претставени десет можни дизајни.
Учесниците во анкетата можат да ги разгледаат различните предлози за новите банкноти и за секој од нив да одговорат на по две прашања. Од ЕЦБ наведуваат дека целата постапка трае помалку од десет минути.
Различните апоени во рамки на еден дизајн може да се разгледуваат со стрелките на екранот или со повлекување на сликата. На крајот од анкетата се поставуваат и неколку општи демографски прашања, со цел одговорите подобро да се анализираат во контекст на мислењата на останатите учесници.
Учеството е доброволно и анонимно, а ЕЦБ посочува дека информациите за обработката на податоците и користењето колачиња се достапни во соодветните политики за приватност.
Со оваа анкета, граѓаните добиваат можност директно да го кажат своето мислење за тоа како би требало да изгледа следната генерација евробанкноти.
Банки
Халкбанк со 5% бонус поени за плаќање во Beauty Academy
Халкбанк АД Скопје информира дека корисниците на кредитните картички на банката можат да добијат дополнителен бенефит при плаќање во Beauty Academy.
Со секое плаќање со кредитна картичка на Халкбанк во Beauty Academy, клиентите добиваат 5% бонус поени.
Од банката порачуваат дека понудата е наменета за корисниците кои сакаат своите редовни купувања и услуги од областа на убавината да ги искористат и за дополнителни поволности преку програмата за бонус поени.

Понудата е дел од бенефитите што Халкбанк ги обезбедува за корисниците на своите кредитни картички.
Банки
Вкупната актива на банките во ЕУ порасна на 34,33 трилиони евра
Вкупната актива на кредитните институции со седиште во Европската Унија достигна 34,33 трилиони евра на крајот на март 2026 година, што претставува раст од 3,63 отсто во однос на 33,13 трилиони евра во март минатата година, покажуваат најновите консолидирани банкарски податоци објавени од Европската централна банка (ЕЦБ).
Во истиот период, уделот на нефункционални кредити во банките во ЕУ се зголемил за 0,02 процентни поени на годишно ниво и во март изнесувал 1,98 отсто.
Според ЕЦБ, агрегатниот принос на капиталот на кредитните институции во ЕУ изнесувал 2,44 отсто, додека стапката на основен сопствен капитал од највисок квалитет, односно CET1, била 16,27 отсто.
Објавените квартални податоци опфаќаат 335 банкарски групации и 2.284 самостојни кредитни институции, како и подружници и филијали под контрола на субјекти надвор од ЕУ кои работат на европскиот пазар. Според ЕЦБ, податоците покриваат речиси 100 отсто од билансот на банкарскиот сектор во Европската Унија.
Базата содржи показатели за профитабилноста и ефикасноста на банките, структурата на билансите, ликвидноста и финансирањето, квалитетот на активата, капиталната адекватност и солвентноста.
ЕЦБ посочува дека повеќето институции ги применуваат Меѓународните стандарди за финансиско известување и техничките стандарди на Европската банкарска управа, иако дел од малите и средните институции користат национални сметководствени стандарди.
Поради недостапност на податоците за Данска за првиот квартал од 2026 година, при пресметката на агрегатните податоци за ЕУ биле користени податоците од четвртиот квартал од 2025 година, а кај одредени показатели и податоци од првиот квартал од 2025 година.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово



