Connect with us

Банки

Вработени во Комерцијална банка со низа медали на игрите „Бофосијада 2024“

Објавено

на

Силен тимски дух и спортски ентузијазам повторно покажаа вработените на Комерцијална банка и постигнаа извонредни резултати на годинашното издание на Меѓународните банкарски игри во организација на БОФОС (Синдикатот на финансиски и осигурителни друштва на Србија), кои годинава се одржаа во Кладово.

Предводен од Синдикалната организација на Комерцијална банка,  КБ тимот настапи во повеќе дисциплини и собра два златни, два сребрени и еден бронзен медал.

Со златни медали се закитија вработените Александар Илиќ во категоријата шутирање тројки и Милена Петрески во поединечно куглање. Второ место освои КБ тимот во баскет и во куглање, а трето место освои Бранкица Василевска во категоријата поединечно куглање.

Комерцијална банка се радува на секој успех на своите вработени затоа што тој е резултат и доказ на нивната постојана посветеност, со која секојдневно ги извршуваат и професионалните обврски на работното место.

Банки

Народната банка по вторпат добитничка на наградата на „Комерцбанк“ за 2023 година, за квалитетно автоматизирано извршувања на плаќањата

Објавено

на

Народната банка по вторпат е добитничка на наградата на „Комерцбанк“, којашто претставува една од водечките меѓународни деловни банки во Европа. Наградата се доделува за 2023 година, за квалитетно автоматизирано извршување на плаќањата на државните органи и на трансферите со финансиските институции во меѓународниот платен промет. Ова е големо признание за Народната банка коешто го доби за високото ниво на квалитет и автоматизираност на процесите при извршувањето на плаќањата, во конкуренција со голем број финансиски институции и компании на меѓународно ниво.

Главни критериуми при изборот на добитниците на оваа традиционална годишна награда на „Комерцбанк“ се бројот на обработените трансакции и квалитетот на форматот и структурата на свифт-пораките, во согласност со стандардите на СВИФТ. Оттука, таа претставува и признание за високата усогласеност со меѓународните стандарди на СВИФТ за автоматизирана електронска обработка на прекуграничните комерцијални плаќања и финансиските трансфери без потреба од рачна интервенција, што придонесува за висока ефикасност при обработката на плаќањата. Оваа награда ја одразува и цврстата определба на Народната банка за постојано вложување во ресурси за унапредување на интерните системи, со цел да биде во чекор со најновиот технолошки развој во финансиската и особено во платежната сфера.

Соработката меѓу Народната банка и „Комерцбанк“ од Германија е во доменот на извршувањето на плаќањата со странство за државата и државните органи, како и во процесот на порамнување трансакции поврзани со управувањето со девизните резерви, каде што „Комерцбанк“ е кореспондентна банка на Народната банка за прекуграничните плаќања.

Народната банка и натаму ќе биде посветена на унапредувањето на квалитетот во сферата на плаќањата. За оваа цел е и поднесувањето на формалното барање за членство на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што претставува клучен исчекор за понатамошниот развој и интеграција на домашниот финансиски систем во европскиот економски простор. Членството на земјава во СЕПА ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија, преку обезбедување побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА, поедноставување на процедурите, поголема транспарентност и засилена заштита на потрошувачите.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска Банка а.д. Битола оствари добивка од 51,01 милион денари во првото полугодие на 2024 година

Објавено

на

Во првата половина од 2024 година, фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше ставен на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2024 – 2026 година, приспособувајќи го своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

Финансиски перформанси на Банката

Стопанска Банка а.д. Битола оствари добивка од 51,01 милион денари во првото полугодие на 2024 година, што е значајно подобрување во однос на првото полугодие од 2023 година, кога работеше со загуба од 53,69 милиони денари. Позитивниот финансиски резултат се должи на задржаниот висок оперативен резултат (од 75,92 милиони денари), засилената наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година.

Нето-приходите од камата во периодот 1.1.2024 – 30.6.2024 година се повисоки за 17,99 милиони денари, или за 8,21% во однос на истиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 31,61 милион денари, односно за 11,19%. Преструктурирањето на активата на Банката кон ликвидна актива се одвиваше во услови на поволни каматни стапки на пласманите на Банката во инструменти на монетарната политика, државата и странските банки. Од друга страна, трендот на засилено штедење на населението во Банката, којшто започна во 2023 година, се одрази врз растот на расходите по камати, кои во првото полугодие на 2024 година се зголемија за 13,62 милиони денари, односно за 21,55% во однос на истиот период од претходната година.

Нето-приходите од провизии и надомести се пониски за 8,88 милиони денари, односно 13,42% споредено со првата половина од претходната година што се должи на зголемените тарифи на добавувачите на услуги на Банката. Нето-курсните разлики не бележат значајни промени на годишна основа.

По спроведување на процесот на дорезервации на портфолиото на Банката, кој започна претходната 2023 година, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа во периодот 1.1.2024 – 30.6.2024 година е значително пониска споредено со истиот период од 2023 година, и тоа за 62,00%.

Трошоците за вработени се одржуваат на оптимално ниво, без поголеми промени на годишна основа. Активностите за оптимизација на трошоците резултираа со намалување на останатите расходи од дејноста за 16,37 милиони денари, односно 15,82% споредено со првата половина од 2023 година.

Ваквиот начин на управување со билансот ја зајакна капиталната и ликвидносната позиција на Банката. Стапката на адекватност на капиталот заклучно со 30.6.2024 година изнесува 24,57%, додека учеството на ликвидната актива во вкупната актива достигна 43,42% и истите се значајно над просечните нивоа регистрирани во банкарскиот сектор.

Очекувања за претстојниот период

Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон прудентно, стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал и кредитната активност, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и контрола на трошоците, понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилено преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на преземен имот. Воедно, Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за профитабилно работење во согласност со планираните цели.

Продолжи со читање

Банки

Одлука на Народната банка: Од август 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75%

Објавено

на

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките за дополнителни 0,25 процентни поени, до нивото од 1,75%, којашто ќе се применува од 1 август 2025 година.  Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот којашто ќе се применува во јули 2025 година се задржува на нивото од 1,5%, како и во претходниот квартал.

Оваа одлука ќе придонесе за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, додека сѐ уште постојат ризици во домашната и светската економија. Одлуката се заснова врз оцената дека сѐ уште постојат неизвесности од окружувањето, во услови на сигурен и стабилен банкарски систем, со подобрена солвентност и соодветно ниво на ликвидност, како и ниско системско остварување на кредитниот ризик. Профитабилноста на банките, иако поумерено, и понатаму се зголемува и претставува основа за натамошно јакнење на нивната  солвентност. Со оваа одлука дополнително се зајакнува и претпазливоста на монетарната политика.

Неизвесните макроекономски услови и нестабилниот геополитички контекст и натаму упатуваат на ризици за следниот период и на потребата од натамошна внимателност од страна на банките.

Во вакви услови, а имајќи ги предвид билансите на банките, се оцени дека зголемувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот до 1,75% има превентивен карактер и ќе придонесе кон натамошно јакнење на сопствените средства на банките, а со тоа и јакнење на нивната отпорност. Јакнењето на сопствените средства е предуслов и за соодветна кредитна поддршка на граѓаните и на компаниите. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.

Продолжи со читање

Популарно