Connect with us

Банки

Успешно реализирано и 8мото издание на Вози право, вози здраво – ревијалната трка обедини над 8.000 учесници кои возеа за здрави животни навики

Објавено

на

Речиси 8.000 луѓе од сите возрасти вчера возеа низ „ослободените“ улици од возила во центарот на Скопје и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики, како дел од настанот „Вози право, вози здраво“ кој Стопанска банка го организира по осми пат. Во годината кога Банката прославува 80 години од постоењето, осмото издание на традиционалната ревијална трка повторно на едно место ги собра сите љубители на еколошкиот превоз на тркала, како урбана форма на транспорт која е економична, безбедна и не ја загадува животната средина.

Почетокот на ревијалната трка беше кај Порта Македонија, каде што неколку илјади насмеани лица нестрпливо чекаа да биде означен стартот и да возат по улиците кои само за нив беа ослободени од возила. Возејќи симболично низ центарот на градот, со маичките обезбедени од организаторот, учесниците во долга колона, го постигнаа ефектот на видливост и стигнаа до Градскиот парк за да бидат дел од големата забава организирана во нивна чест. Таму прво се освежија со „Горска“, сладоледи „Фриком“ и грицки од „Витаминка“, па ѝ се препуштија на неколкучасовната забава што ја водеа шармантните водители Марко Марк, Дени Џидрова и Александар Матовски – Цако. Следеше богата музичка програма со ОХО и омилените јунаци од „Пет+ фамилија“ и диџеј Иван, како и повеќе спортски и забавни содржини организирани од Крафт продукција. Посетителите уживаа и во уметничко катче на графити уметникот Dreadpen кој во соработка со посетителите изработуваше креативно платно кое Банката ќе го постави во своите работни простории.

Во рамки на лотаријата во живо, еден од најсреќните учесници на “Вози право, вози здраво“ доби ваучер од 12.000 денари што го обезбеди пријателот на настанот Град Скопје, а забавата кулминираше со извлекувањето на лотаријата со 80 вредни подароци по повод јубилејната година на Банката. Извлечени беа добитници на Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај овие подароци, Стопанска банка додели уште над 200 утешни подароци како подароци: шишиња за вода, торби за велосипеди и маички.

Традиционално, Стопанска банка ќе го заокружи и ова издание на „Вози право, вози здраво“ со донација за комплетирање на изградбата на СТБ детскиот велодром во паркот Сарај, како продолжение на сите досегашни активности поврзани со промоција на алтернативниот начин на превоз. Во изминатите години, Банката донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон, ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack и донираше опрема за модерни паркинзи за велосипеди за 15 средни училишта во Скопје.

Активностите на Банката поврзани со поддршка и промоција на еколошкиот превоз и здравите животни навики не се поврзани само со настанот „Вози право, вози здраво“, туку траат преку целата година со системски планирани активности со кои се унапредуваат условите за велосипедистите во урбаните средини.

Банки

НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.

Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.

„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Банки

Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност

Објавено

на

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.

Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.

Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.

Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.

Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange