Продукти
Секоја идеја звучи лудо на почеток – Стартап-финансирање на малите бизниси во Халкбанк

Малите бизниси се столбот на економијата, но тие често се борат да ги обезбедат потребните финансии за да растат и да напредуваат. Традиционалните финансиски институции имаат строги барања и долги процеси на одобрување, оставајќи многу перспективни бизниси без поддршката што им е потребна. Поради тоа, потребни се флексибилни финансиски решенија, кои нудат различни опции за финансирање приспособени на уникатните потреби на стартапите во различни фази, осигурувајќи дека ниту една идеја не е прерана, ниту премногу неконвенционална за разгледување.
Секоја револуционерна иновација, од сијалицата до интернетот, започна како „луда идеја“. Прифаќајќи го овој дух на смела креативност, ХалкБанк ја започна својата мисија за финансирање на следниот бран храбри, неконвенционални идеи кои се подготвени да ги револуционизираат индустриите и да ја обликуваат иднината.
Препознавајќи ја критичната потреба за достапно, флексибилно и ефикасно стартап- финансирање, Халкбанк подготви прилагодено финансиско решение за справување со уникатните предизвици со кои се соочуваат сопствениците на мали бизниси. Со цел за зајакнување на стартапите, овозможен е иновативен пристап за кредитирање, кој ветува дека ќе го трансформира пејзажот за претприемачите и малите претпријатија.
Водена од мотото дека „секоја идеја звучи лудо на почеток“, ХалкБанк со својот нов
кредитен производ Start-up кредит е посветена токму на поддршка на претприемачите-визионери кои се осмелуваат да размислуваат поинаку. Платформата за финансирање на стартап компании обезбедува финансиска поддршка и стратешки насоки неопходни за трансформирање на овие навидум чудни идеи во успешни потфати.
Start-up кредитот е наменет за новоосновани претпријатија/самосотојни вршители на дејност или претпријатија основани најдоцна една година пред датумот на аплицирање за кредитот. Износот на поединечниот кредит изнесува до 3.000.000 денари, а рокот на отплата е до 84 месеци. Намената на кредитот се основни и обртни средства, а кредитот може да биде краткорочен, до 12 месеци со фиксна каматна стапка или долгорочен, над 12 месеци со варијабилна каматна стапка.
За Start-up кредитот може да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк, каде ќе добиете брз одговор.
Банки
Сите НЛБ клиенти во регионот на ЈИЕ со пристап до Apple Pay

Вчера НЛБ Банка Скопје ја лансираше услугата Apple Pay со што стана првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможи овој сервис. НЛБ Групацијата истовремено ја лансираше Apple Pay и во своите банки во Босна и Херцеговина и Косово – последните пазари на НЛБ каде што оваа услуга сè уште не беше достапна, овозможувајќи ја Apple Pay за сите НЛБ клиенти во регионот на Југоисточна Европа.
„Ова е значајна пресвртница која го одразува нашиот стремеж кон иновации и длабоката посветеност на НЛБ Групацијата кон регионот на Југоисточна Европа. Ова е повеќе од само технологија, ова е и пристап, вклученост и доверба. Ние го испорачуваме она што е најважно за нашите клиенти – едноставност, безбедност и брзина во секојдневните плаќања.“ – вели во своето видео-обраќање Антонио Аргир, член на Управниот одбор на НЛБ д.д.

Со оваа иницијатива, НЛБ Групацијата уште еднаш покажа дека е повеќе од финансиска институција, односно дека е двигател на промени, партнер кој ги отвора вратите на глобалните иновации за клиентите во регионот. Како што појаснува Аргир, зад овој успех стои долготрајна и стратешка заложба, интензивни преговори и постојано застапување на интересите на клиентите и пазарите пред глобалните технолошки партнери: „Се залагавме, преговаравме и конечно го убедивме Apple да ги отвори овие пазари. Ова е нашата улога, ова е нашето влијание. И додека од овој потег имаат корист сите банки во регионот, токму нашата визија и решителност го овозможија тоа.“ – заклучува Аргир.
Практично, НЛБ Групацијата одигра клучна улога, Apple да ги отвори пазарите на Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, со што овозможи рамноправен пристап до напредни решенија за плаќање на милиони луѓе во регионот.
Клиентите на НЛБ Банка Скопје кои со нетрпение ја очекуваа Apple Pay веќе од вчера можат да ги дигитализираат своите НЛБ кредитни и дебитни картички на Visa и Master Card и да плаќаат брзо, безбедно и удобно во продавници, преку апликации и онлајн.
Продукти
Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка

НЛБ Банка ја активираше поддршката за Apple Pay во Македонија, овозможувајќи им на клиентите безбедно и лесно плаќање преку нивните iPhone или Apple Watch уреди.
Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ д.д., уште пред неколку недели на LinkedIn најави дека Apple Pay ќе биде достапен во регионот до крајот на јули — информација што денес се потврди со лансирањето и во Македонија. На прашање од корисници за достапноста во Северна Македонија, Бродњак одговори дека е „coming as well“, што денес официјално се реализира.

Доказ за активирањето на услугата пристигна и преку нотификација испратена до клиентите, каде што се потврдува дека картичките се успешно поврзани со Apple Pay и подготвени за користење.

Порталот Банкарство.мк уште претходно ексклузивно објави дека Apple Pay е во фаза на подготовки и дека неговото активирање се очекува на есен. Оваа прогноза се покажа како точна и навремена:
Apple Pay доаѓа во Македонија – Подготовките се во тек, стартот се очекува на есен
Од сега, корисниците на НЛБ Банка може да ги дигитализираат своите платежни картички во Wallet апликацијата на Apple и да уживаат во безконтактни и безбедни трансакции со само еден допир.
Процесот на активација и верификација се одвива преку апликацијата NLB Pay, каде што корисниците ги следат сите потребни чекори за успешно поврзување.
Иако услугата е веќе активна за дел од корисниците, сè уште нема официјална објава од НЛБ Банка, ниту пак од Apple, што се очекува во текот на деновите што следуваат.
Во моментот, Apple Pay е достапен само преку НЛБ Банка, додека другите банки во Македонија сè уште не ја имаат активирано оваа услуга. Сеуште недостасува најава од нивна страна за точен датум на поддршка, иако се очекува и тие да го следат истиот чекор во блиска иднина.

Visa веќе започна со промотивни активности за Apple Pay, поставувајќи билборди на неколку локации низ Скопје. Ова е јасен сигнал дека воведувањето на услугата е дел од поширока кампања за дигитализација на плаќањата, насочена кон подигнување на свесноста и поттикнување на користењето на безконтактни решенија кај потрошувачите.
Продукти
Картичка за премиум доживување – Lounge пристап што го трансформира патувањето

Патувањето не мора да започне со гужви, редици и скапо кафе на аеродромите. Замислете да го започнете секој лет со мир, удобност и персонализиран третман – уште пред да се качите во авионот. Со Mastercard World кредитната платежна картичка од Халкбанк, вие не сте само патник, туку вие сте и привилегиран гостин.
Влезете во светот на ексклузивните Lounge Key салони ширум светот
Со Mastercard World кредитната картичка од Халкбанк, патувањето започнува уште во моментот кога влегувате во VIP зоната на аеродромот. Lounge Key е услуга која автоматски доаѓа со оваа картичка и ви овозможува пристап до над 1400 ексклузивни Lounge Key салони ширум светот, без потреба од дополнителна пријава и без непотребни процедури. Во овие салони ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалаци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници, и она најважното, а тоа е мирот.
Споделување премиум привилегии
Корисникот на Mastercard World кредитната картичка покрај личната привилегија за пристап до Lounge Key салонот може да го придружува уште една личност.Без разлика дали патувате со партнер, пријател или колега, уживањето во удобноста на VIP просторијата го споделувате со некој близок.
Mastercard World е повеќе од картичка
Станува збор за платежна картичка која ви овозможува и брзи и безбедни плаќања. Располагате со можност за кредитен лимит до 1.200.000 денари, кој ви е достапен, тогаш кога најмногу ви треба, а месечната минимална отплата е само 10% од искористените средства. Може да купувате до 60 рати без камата кај трговци партнери на банката. Онлајн трансакциите се сигурни и без провизија. Во последната недела од секој месец, имате можност да подигнете готовина од банкоматите на Халкбанк, без провизија. Како дополнителна придобивка, добивате и 10% попуст при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
Како да станете дел од Mastercard World?
Аплицирајте во најблиската филијала или преку онлајн апликацијата на банката.
Со Lounge Key апликацијата го добивате светот на дланка, каде и да сте
Симнете ја бесплатната апликација Lounge Key (iOS и Android) и откријте ги сите VIP зони, условите за пристап и креирајте сопствен профил за уште полесно патување.
Уживајте во секој чекор од патувањето
Секое патување треба да започне со чувство на контрола, мир и удобност. Без разлика дали патувате често или повремено, за работа или задоволство, Lounge Key пристапот ви овозможува да го доживеете вистинското премиум искуство, уште пред да се качите во авионот.
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
-
Продуктипред 2 недели
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 2 недели
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 1 недела
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 3 дена
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 7 дена
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје