Connect with us

Uncategorized

Триглав пензиско друштво – 5 години афирмација на капитално финансираното пензиско осигурување преку уникатен пристап до секој член и градење на однос базиран на доверба и сигурност

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД ја започнува својата приказна во 2019 година како најмлад член на Групација Триглав и во системот со мисија да се позиционира како атрактивен избор за капитално финансирано пензиско осигурување на македонскиот пазар.

И покрај многуте предизвици со кои се се соочи Друштвото од самиот почеток, Триглав пензиско друштво АД успеа да прерасне во уште една реномирана финансиска институција под брендот Триглав. Градејќи системски водена структура на делување согласно правната рамка на пазарот на КФПО, но и значајно поткрепени со групациско искуство и инфраструктура, Друштвото нуди решенија кои ќе создаваат значајна и долготрајна вредност за сите членови, за пензискиот систем во целина, како и за акционерите, вработените, соработниците и сите други засегнати страни.

Во овие пет години Триглав пензиско друштво прерасна во најбрзо растечко Друштво на пазарот. Оваа јубилејна година ја одбележува со резултати на кои сме особено горди.

Согласно официјално објавените податоци, Друштвото бележи значителен раст на пазарниот удел во сегментот на членство во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување достигнувајќи пазарно учество од околу 10%. Исто така, во областа на доброволното пензиско осигурување бележи двоцифрен раст на средствата под управување.

Во однос на сето ова, господинот Тихомир Петрески, Претседател на УО ќе изјави: „Задоволни сме од перформансот што го имаат остварено задолжителниот и доброволниот фонд. Овие резултати друштвото ги толкува како неоспорна потврда за постигнатиот напредок во сферата на креирање на конкурентна клиентска понуда на услуги за постојното и идното членство во фондовите со кои управуваме, но и како мотив да продолжиме, посветено да креираме  и обезбедуваме уникатно корисничко искуство за секој наш постоен и иден член. Остануваме посветени, со едноставни, проактивни и доверливи решенија дополнително да ја градиме довербата на членството на македонскиот пазар.“

Првиот значаен јубилеј на Триглав Пензиско Друштво претставува повод за креирање на кампањата „Триглав за тебе“ преку која се става акцент на уникатноста на Друштвото во индивидуалниот пристап до секој поединец во системот, но и фокус кон градење на доверба кај членството преку креирање на додадена вредност за сегашните и идните генерации. Со тоа, јасно и недвосмислено се истакнува пораката дека Триглав пензиско друштво е тука за сите постојни и идни членови, но и за своите вработени, соработници и други чинители во системот, а кои се суштински важни за деловниот модел во целина.

Друштвото посветено ќе продолжи да работи на исполнување на својата фидуцијарна должност што подразбира спроведување на високи стандарди во работењето, грижа за развој на вработените, потенцирање на високите етички барања и потребниот интегритет за вршење на оваа дејност.

Триглав пензиско друштво АД ќе остане доследно на намерите и настојувањата да биде значаен фактор во развојот на пензискиот систем и континуирано ќе работи на зголемување на пензиската свесност, при што заедно со останатите чинители на системот ќе ја потврди улогата на значаен фактор на одржливост на пензискиот систем и социјалната сигурност во целина.

Uncategorized

Зелените станбени кредити се пробиваат на Балканот – ЕБОР одвои 4 милиони евра и за НЛБ Банка Скопје

Објавено

на

Зеленото кредитирање сè посилно навлегува и во станбениот сектор на Западен Балкан, а последните финансиски аранжмани на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) покажуваат дека банките во регионот постепено отвораат повеќе простор за финансирање енергетски ефикасни домови и други зелени инвестиции.

ЕБОР обезбедува пакет од најмногу 24 милиони евра за Хипотекарна банка во Црна Гора, од кои 20 милиони евра се наменети за станбено кредитирање, а дополнителни 4 милиони евра се обезбедуваат преку програмата Western Balkans Green Economy Financing Facility III, односно GEFF III.

Најмалку 10 проценти од средствата од станбената кредитна линија треба да бидат насочени кон инвестиции што ги исполнуваат критериумите на ЕБОР за зелена економска транзиција, со што ќе се поддржи купување енергетски ефикасни домови и станбени објекти.

Дополнителната кредитна линија од 4 милиони евра е наменета за високоефикасни станбени објекти, мерки за енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија. Според ЕБОР, целта е да се зголеми понудата на „зелени“ станови, но и да им се овозможи на домаќинствата пониска потрошувачка на енергија и помали трошоци.

Сличен модел веќе се применува и во Северна Македонија.

ЕБОР обезбедува необезбеден кредит од најмногу 4 милиони евра за НЛБ Банка АД Скопје, исто така во рамки на програмата WB GEFF III – REPower. Средствата се наменети за понатамошно кредитирање на резиденцијалниот сектор во земјава и за поттикнување инвестиции во зелената економија.

Проектот на ЕБОР за НЛБ Банка Скопје е регистриран под број 57312 и во моментов е со статус „Disbursing“, односно средствата се во фаза на исплата и реализација.

Развојот на овие кредитни линии покажува дека концептот на зелено станбено финансирање сè повеќе добива место и во понудата на банките во регионот. Наместо станбениот кредит да се гледа само како средство за купување недвижност, новите финансиски модели сè повеќе го поврзуваат кредитирањето со енергетските перформанси на домот и намалувањето на неговата потрошувачка.

Во Црна Гора, ЕБОР директно го комбинира класичното станбено кредитирање со зелено финансирање преку пакетот за Хипотекарна банка. Во Северна Македонија, пак, линијата од 4 милиони евра за НЛБ Банка Скопје треба да овозможи натамошно финансирање зелени инвестиции во резиденцијалниот сектор.

GEFF III е дел од пошироката програма на ЕБОР за декарбонизација на станбениот фонд во земјите од Западен Балкан. За подобните инвестиции во рамки на програмата може да бидат достапни и техничка помош и инвестициски стимулации поддржани од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и од Владата на Јапонија.

Со тоа, прашањето повеќе не е дали зеленото станбено кредитирање ќе пристигне во регионот, туку колку брзо ваквите кредитни линии ќе се претворат во конкретни и широко достапни банкарски производи за граѓаните.

Продолжи со читање

Uncategorized

Нови правила за лиценци за игри на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата, интегритетот и потеклото на парите

Објавено

на

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, кој произлегува од новиот Закон за игрите на среќа, донесен во јуни годинава.

Со Правилникот детално се утврдува документацијата што треба да ја достават правните и физичките лица кои бараат лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип.

Апликантите ќе треба да докажат дека ги исполнуваат условите за репутација и интегритет, меѓу другото преку документи поврзани со евентуално изречени санкции за забрана за вршење професија, забрана за приредување игри на среќа и други околности значајни за нивното учество во оваа дејност.

Со новиот подзаконски акт се воведува и строга контрола на потеклото на средствата во основната главнина. Преку банкарски извештаи, договори и финансиски биланси, Министерството за финансии ќе проверува дали постои непрекинат траг на движењето на парите, од нивниот извор до уплатата во друштвото.

Правилникот ги уредува и постапките при промена на сопственичката структура и главнината, како и при именување членови во органите на управување и надзор.

Една од новините во Законот за игри на среќа е оценувањето на репутацијата на содружниците и соработниците на друштвата кои имаат лиценци, како и на членовите на органите на управување и надзор во трговското друштво за приредување игри на среќа во кое државата е единствен акционер.

Од Министерството посочуваат дека ваквите проверки се важен дел од мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Новиот Закон за игри на среќа беше донесен во јуни 2026 година со цел воспоставување посовремена, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.

Продолжи со читање

Uncategorized

НЛБ Фондови со нов инвестициски прашалник за полесен избор на фондови

Објавено

на

НЛБ Фондови АД Скопје ги повикува граѓаните да го откријат својот инвестициски профил преку нов онлајн инвестициски прашалник, наменет да им помогне полесно да ги разберат сопствените финансиски цели и односот кон ризикот.

Од компанијата информираат дека прашалникот се состои од пет едноставни прашања, преку кои корисниците можат да добијат подобра слика за тоа колкав ризик се подготвени да преземат при инвестирање и кои видови фондови најмногу одговараат на нивните потреби.

Според НЛБ Фондови, алатката помага да се утврди дали инвеститорот е повеќе насочен кон сигурност или е подготвен да прифати повисок ризик со цел да оствари потенцијално поголем принос. Дополнително, корисниците добиваат насоки за тоа дали за нив се посоодветни акциски, комбинирани, обврзнички или парични фондови.

По завршувањето на прашалникот, достапен е и персонализиран PDF извештај со препорачан инвестициски сооднос.

Од НЛБ Фондови нагласуваат дека прашалникот има исклучиво информативна намена и не претставува инвестициски совет. Како што посочуваат, одлуките за вложување треба да се носат по внимателно разгледување на ризиците и карактеристиките на фондовите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange