Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка – силен партнер на македонската економија и конкурентен двигател на домашниот пазар

Објавено

на

Шпаркасе Банка го прошири менаџерскиот тим со двајца нови членови на Управниот одбор. Покрај Санел Кустурица како претседател на Управниот одбор и Нина Неданоска како заменик-претседател на Управниот одбор, Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ се новото засилување на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Презентирајќи ги достигнувањата, Банката ја потврди својата позиција на пазарот како една од петте водечки банки во земјата. Во 2023 година, Банката оствари историски највисоки резултати, кои покажуваат 47% зголемување на нето-добивката во однос на минатата година и зголемување во сите сегменти од своето работење, постигнувајќи пазарен раст далеку повисок од нивото на банкарскиот сектор во земјата.

Дополнително, Шпаркасе Банка во рамките на својата 5-годишна стратегија најави и силни инвестициски циклуси во нови технологии и дигитални решенија, инвестиции во инфраструктура, инвестиции во модернизирање и технолошко унапредување на својата продажна мрежа, но и значајни капитални инвестиции, кои треба да достигнат износ од 60 милиони евра.

„Шпаркасе Банка е значаен двигател на македонската економија и силен партнер на корпоративниот сегмент и сегментот население. Во тој контекст би сакал да истакнам дека 2023 година, беше историски гледано најдобра година за Шпаркасе Банка. Годината ја завршивме со вкупна актива од 1,5 милијарди евра, или 13,5 % раст во однос на 2022 година. Круна на сите овие постигнати резултати е остварениот нето-профит од 25 милиони евра, што е за 47 % повисок во споредба од 2022 година“, изјави Санел Кустурица, претседател на УО на Шпаркасе Банка.

Гледано низ призма на постигнатите резултати, експертиза и стабилноста што ја има на пазарот, Шпаркасе Банка прати јасна порака дека на клиентите им гарантира сигурност, искуство и иднина во која верува.

Банкарскиот сектор во земјата бележи подинамичен раст во кредитирање на населението, додека кај правните лица динамиката на кредитниот раст забави и во 2023 година изнесуваше 3,3%, но на страната на Шпаркасе Банка резултатите одат во нагорна линија.

„Банката ја потврди својата позиција на пазарот како пазарен лидер за корпоративни клиенти, остварувајќи пазарно учество во кредитирање правни лица од 17,3% и пазарно учество од 17,1% во делот на депозити за правни лица. Истовремено, важиме и за пазарен лидер во стимулирање зелена економија, поддржувајќи 54 проекти и инвестиции од 98 милиони евра и инвестиции во обновливи извори на енергија во вкупен износ од 92 милиони евра. Во сегментот население, пак, 2023 година ја завршивме со кредитното портфолио чие учество на пазарот изнесува 13,5%“, истакна Нина Неданоска, заменик-претседател на УО на Шпаркасе Банка.

Новиот член на Управниот одбор на Банката, Златица Цивкароски потенцира дека банкарскиот сектор во државата е во солидна кондиција, ликвиден и добро капитализиран, што се докажа и преку имуноста да остане отпорен на сите предизвици со кои земјата се соочи во последните кризни периоди.

Александар Џорџевиќ, новиот член на Управниот одбор, истакнува дека една од најсилните стратегиски определби на Шпаркасе Банка е унапредување на квалитетот на услугите што Банката ги испорачува кон своите клиенти. Оваа определба е тесно поврзана со фокусот на Шпаркасе кон нејзината дигитална и инфраструктурна трансформација во насока на подобрување на задоволството на клиентите од една страна, и значајно поедноставување на интерните процеси од друга страна.

Во рамките на Платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“, Банката продолжува да поддржува проекти и иницијативи од различни области, како спорт, култура, образование, уметност, финансиската едукација.

Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Санел Кустурица ја претстави 5-годишната стратегија на Банката, во која е ставен фокус на четири клучни пилари: растот и развојот на Шпаркасе Банка кој треба да донесе 10% раст на бројот на клиенти, 11% раст на кредитното портфолио и 15% раст на депозитното порфолио. Кустурица најавува и 60 милиони евра инвестиции во инфраструктура и дигитализација за унапредување на квалитетот на услугите, 500 илјади евра вложувања во заедницата преку Sparkasse Life платформата за општествена одговорност и континуирано вложување во задоволството и професионалниот развој на вработените кои се движечка сила на бизнисот.

Банки

Народна банка: Каматите на вкупните кредити се намалија, новите заеми поскапеа во август

Објавено

на

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август 2026 година изнесувала 4,67 проценти, што претставува намалување од 0,01 процентен поен во однос на претходниот месец и од 0,23 процентни поени на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Кај депозитите, просечната каматна стапка останала непроменета во однос на јули и изнесувала 2,18 проценти. На годишно ниво е забележано минимално намалување од 0,01 процентен поен.

Истовремено, податоците покажуваат поинакво движење кај новите банкарски производи. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во август се зголемила за 0,26 процентни поени на месечно и за 0,22 процентни поени на годишно ниво, достигнувајќи 4,70 проценти.

Повисоки камати се забележани и кај новопримените депозити. Нивната просечна каматна стапка изнесувала 2,72 проценти, што е зголемување од 0,30 процентни поени во однос на јули и од 0,66 процентни поени во однос на август минатата година.

Каматите за компаниите благо се намалуваат кај постојните кредити

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити во август се намалила за 0,01 процентен поен и изнесувала 4,33 проценти. На годишно ниво намалувањето изнесува 0,19 процентни поени.

Кај депозитите на компаниите, пак, е забележано зголемување. Просечната каматна стапка изнесувала 2,69 проценти, што е раст од 0,06 процентни поени на месечно и од 0,16 процентни поени на годишно ниво.

Позначителен раст е регистриран кај новоодобрените корпоративни кредити. Нивната просечна каматна стапка достигнала 4,68 проценти, по месечен раст од 0,47 процентни поени. На годишна основа, по неколку месеци на намалување, каматата се зголемила за 0,35 процентни поени.

Кај новопримените депозити на компаниите каматната стапка изнесувала 2,75 проценти, при месечен раст од 0,77 и годишен раст од 0,89 процентни поени.

Каматата на кредитите за населението падна на 5 проценти

Кај домаќинствата продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Во август таа изнесувала 5 проценти, што е намалување од 0,02 процентни поени во однос на јули и од 0,27 процентни поени на годишно ниво.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата останала непроменета на месечно ниво и изнесувала 2,11 проценти. Во споредба со август минатата година, таа е пониска за 0,03 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити за домаќинствата немало промена во однос на претходниот месец, па просечната каматна стапка останала на 4,73 проценти. На годишно ниво, сепак, таа е повисока за 0,05 процентни поени.

Новопримените депозити на домаќинствата во август носеле просечна камата од 2,72 проценти, што претставува зголемување од 0,07 процентни поени на месечно и од 0,54 процентни поени на годишно ниво.

Податоците на Народната банка покажуваат дека, иако просечните камати на вкупното кредитно портфолио продолжуваат благо да се намалуваат, кај новоодобрените кредити во август е забележан раст на каматните стапки. Од друга страна, повисоките камати на новопримените депозити значат и нешто подобри услови за новото штедење во банките.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.

Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.

„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange