Вработување
1.000 огласи за работа од Македонија и регионот: Започна Најголемиот регионален онлајн саем за вработување!
Најголемиот онлајн саем за вработување во регионот оваа година собра повеќе од 120 компании кои нудат скоро илјада огласи за работа. На првиот ден од неговото отворање се забележани посети од над 100.000 единствени корисници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и БиХ.
За разлика од некои минати времиња, кога беше вообичаено целиот работен век да се помине кај еден работодавач, денешните работници почесто ги менуваат работните места, поради подобри услови за работа, потрага по нови предизвици или желба за промена на работната средина.
Оваа есен, секој што сака да направи чекор напред во кариерата може да го направи тоа во текот на следната недела, на 15-от Регионален саем за вработување, од 15 – 22 октомври!
Посетителите ги очекуваат скоро илјада огласи за работа
Саемот беше отворен на 15.10.2024 година, а сите заинтересирани посетители можат да ги посетат неговите виртуелни штандови до 22 октомври.
На овогодинешниот саем учествуваат 125 компании од Македонија и од соседните земји, кои нудат скоро 1000 различни слободни работни места, обезбедувајќи им на кандидатите широк спектар на можности во различни индустрии.
Саемот го организира Алма Кариер Северна Македонија, компанија најпозната по својот бренд Vrabotuvanje.com.mk, во соработка со партнери од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Делогласник – Словенија.
Регистрацијата е брза и лесна
Саемот трае 7 дена и е достапен 24 часа на ден, а до него може да се пристапи преку сите десктоп и мобилни уреди од удобноста на вашиот дом. Сè што ви треба е стабилна интернет конекција.
Покрај богатата понуда на огласи за вработување, посетителите на виртуелните штандови на работодавачите можат да најдат информации за компаниите, да дознаат нешто повеќе за искуствата на вработените, да разгледаат фотогалерии и да добијат детален увид во компаниската култура.
Аплицирањето е исклучително едноставно и брзо
Кандидатите имаат можност да се пријават на неколку огласи одеднаш, а првите разговори со потенцијалните работодавачи може да се одржат преку опцијата chat или видео повик.
Компании кои може да ги најдете на саемот оваа година се: Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, Concentrix, KFC Македонија, Fashion Group, Transcom, Костал, Magna Mirrors, Лидл, DM drogerie markt, Нептун, Вабтек, Wolt, Aptiv, Inditex, Flex Credit, Office People, Laktalis, Adient, Gerresheimer, Amphenol, OIP Inc., Petrol и многу други компании од регионот.
Посетете го саемот до 22 октомври на mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com и аплицирајте за промена на подобро!
Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Деловниот сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Експозитура Битола.
Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:
Раководител на
Експозитура Битола
Улога во тимот:
- Обезбедување континуирано оперативно функционирање на експозитурата;
- Раководење со процесите на благајничко и картично работење, платен промет, кредитирање, девизно работење, лично банкарство;
- Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
- Управување со динамични процеси за обезбедување насоченост кон клиентите;
- Континуирано унапредување на процесите, учество во креирање и следење на деловната стратегија на Банката;
- Организирање и следење на работата, мотивирање и професионален развој на вработените;
- Одржување на тимска синергија и високо ниво на комуникација со колегите и раководството на Банката;
- Познавањето на работењето и работните процеси во Банката, како и изразените комерцијални предиспозиции ќе бидат твојата предност која се надеваме дека ќе можеш да ја искористиш на наведеното работно место.
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Претходно работно искуство од минимум 3 години на менаџерска позиција за работа со клиенти;
- Развиени лидерски, менаџерски и продажни вештини;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
- Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до 25.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Раководител на Експозитура Битола.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Вработување
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува две лица заинтересирани за работно место Дипломиран Правник – Соработник за правни работи во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на застапување на Банката во постапките пред надлежните судови, нотари, извршители и другите органи и институци, изработување на целокупната останата документација и извршување на работни задачи во надлежност на Дирекцијата за правни работи.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование Дипломиран правник;
- Положен правосуден испит;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ категорија со две годишно возачко искуство;
- Претходно работно искуство во банкарскиот сектор ќе се смета за предност.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected].
Огласот ќе биде активен заклучно со 01.12.2024 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Вработување
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.
Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за средства и ликвидност (Оддел за работа со хартии од вредност) и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Брокер
(1 извршител)
- Банкипред 2 месеци
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Банкипред 3 недели
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 3 недели
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Продуктипред 2 месеци
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 месеци
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 месеци
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 месеци
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери