Connect with us
no baners

Останато

Владата ќе се задолжи со 260 милиони евра од странски банки

Објавено

на

Пратениците ја одобрија потребата Министерството за финансии да се задолжи со 260 милиони евра кај странски комерцијални банки, откако Собранието го усвои предлог-законот по скратена постапка.

Според предложените услови, средствата ќе бидат обезбедени од група странски банки, а главен доверител е „Мерил Линч Интернешнл“. Заемот ќе се отплаќа во период од седум години, со грејс период од три години.

Каматната стапка ќе биде варијабилна и ќе се пресметува врз основа на шестмесечен ЕУРИБОР плус 2,10 процентни поени, а предвидени се и дополнителни провизии и трошоци поврзани со аранжманот.

Од Владата посочуваат дека средствата ќе бидат искористени за буџетски потреби и капитални инвестиции.

Бизнис

Скопје – домаќин на Годишната конференција на EACHA – во фокус европските трендови и иднината на платежните услуги и платните системи

Објавено

на

Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи.

Настанот собра близу 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на европски клириншки куќи и оператори на платни системи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски компании, како и експерти и носители на одлуки во областа на дигиталните плаќања, управување со ризици и иновации.

Конференцијата ја отвори претседателот на EACHA, Хозе Луис Ланга, додека за искуствата и развојот на македонскиот платежен сектор говореа генералниот директор на КИБС, Горан Анастасовски и претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова-Штериева.

Меѓу предавачите на конференцијата беа и Флоријан Форст од Capgemini Invent, Марк Муне од Nexus Global Payments, Хуан Хозе Гарсија од Iberpay, како и претставници на водечки европски платежни иницијативи и компании, меѓу кои Ники Андравидиоти од IRIS, Мартин Аскуе од Bizum, Стоилка Арсова од Blink, Лудовик Франческони од Wero, Тереса Мескита од EMPSA, Кристин де Лепелер од CEC, Бенце Мароси од Giro и Пол Волвик-Џојнт од Mastercard Payment Services.

Во рамки на конференцијата беа отворени дискусии за актуелните предизвици и трендови во европската платежна индустрија, со посебен акцент на дигиталните плаќања од сметка на сметка на физичките и онлајн места за продажба, поврзувањето на европските системи за инстант плаќањата со оние во останатиот дел од светот, дигиталната трансформација и усогласувањето со европските стандарди и иницијативи.

Од КИБС АД Скопје посочија дека одржувањето на конференцијата во Македонија претставува значајна можност за домашниот платежен сектор директно да се вклучи во разговорите за идниот развој на европската платежна инфраструктура.

„Одржувањето на конференцијата на EACHA во Скопје претставува значајно признание за КИБС и за македонскиот платежен сектор. Овој настан овозможи размена на искуства и знаења со водечки европски експерти, но,  отвори и важни дискусии за дигитализацијата, инстант плаќањата и усогласувањето со европските стандарди. Веруваме дека ваквите средби ќе придонесат за понатамошен развој на современи и ефикасни платежни услуги во земјата“, вели Горан Анастасовски, генерален директор на КИБС АД Скопје.

EACHA претставува највисок технички и стратешки форум за соработка на клириншките институции во Европа и обединува оператори на платни системи кои секојдневно процесираат милиони меѓубанкарски трансакции. Асоцијацијата има важна улога во развојот на европските стандарди, интероперабилноста и иновациите кај плаќањата.

Продолжи со читање

Останато

Министерството за финансии организираше работилница за ex post контроли и финансиско управување

Објавено

на

Секторот Академија за јавни финансии при Министерството за финансии реализираше дводневна работилница на тема „Ex post контрола“, посветена на контролите како дел од системот за финансиско управување и контрола (FMC/PIFC), со акцент на практичната примена на контролните механизми.

Работилницата се одржа на 13 мај во Скопје, во организација на Министерството за финансии и ИПА проектот „Поддршка за имплементација на Програмата за реформа на јавните финансии 2024–2027“.

На настанот учествуваа претставници од институции од централно и локално ниво, кои преку дискусии и размена на искуства имаа можност дополнително да ги унапредат своите знаења во областа на финансиското управување и контролата.

Свои презентации и практични искуства споделија експертите Rodney Betorina и Davor Kozina, долгогодишни професионалци во оваа област.

Во рамки на работилницата беа обработени теми поврзани со видовите контроли, организацијата и спроведувањето на ex post контролите, улогата на финансиските и другите организациски единици во процесот на контрола, како и примери и искуства од Хрватска и Холандија.

Од Министерството за финансии посочуваат дека работилницата придонела за зајакнување на институционалните капацитети и поефикасно спроведување на контролните механизми во системот на јавни финансии.

Продолжи со читање

Останато

Патувањата кон ЕУ ова лето со подолги контроли на границите

Објавено

на

Граѓаните кои планираат патување кон земјите од Европската Унија ова лето треба да бидат подготвени за подолги задржувања и дополнителни проверки на граничните премини, поради воведувањето на новите европски системи за контрола на патници.

Европската Унија започнува со постепено воведување на долго најавуваниот систем Entry Exit System (EES), кој ќе ја дигитализира евиденцијата за влез и излез на државјани од земји што не се членки на ЕУ.

Системот автоматски ќе ги регистрира датумот и местото на влез во ЕУ, датумот на излез, евентуално пречекорување на дозволениот престој, како и биометриски податоци, вклучително фотографија од лицето и отпечатоци од прсти.

EES ќе се применува за патници од држави надвор од ЕУ кои влегуваат во шенген-зоната за краток престој, меѓу кои се и граѓаните од регионот. Целта, според европските институции, е зајакнување на безбедноста, побрза евиденција на патници и спречување нелегален престој.

Новиот систем постепено ќе го замени класичното удирање печати во пасошите, а ќе биде поврзан и со ETIAS – европскиот систем за авторизација на патување.

За разлика од EES, кој е бесплатен, ETIAS ќе се наплаќа 20 евра по лице за патници на возраст од 18 до 70 години. Одобрението ќе важи до три години или до истекот на пасошот.

Од плаќање ќе бидат ослободени деца под 18 години, лица постари од 70 години, како и одредени категории членови на семејства на граѓани на ЕУ.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange