Connect with us
no baners

Бизнис

Продолжен попустот за горивата, дизелот со дополнително намалување

Објавено

на

Цените на горивата остануваат стабилни, а попустот за дизел се зголемува и ќе важи до 6 април, информираа од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Според соопштението, мерките на Владата во комбинација со активности на компаниите придонеле за ублажување на ценовниот притисок и стабилизирање на пазарот.

Компанијата ОКТА ја продолжува мерката за попусти и по крајот на март, при што попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар.

Од Министерството посочуваат дека ова е резултат на координацијата меѓу институциите и економските оператори, со цел дел од олеснувањата да се пренесат директно кон граѓаните и стопанството.

Како дополнителна мерка се наведува и намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, што, според надлежните, довело до намалување на цените за 6 до 7 денари по литар.

Министерката Сања Божиновска изјави дека со овие чекори е избегнат поголем ценовен раст и е обезбедена стабилност на пазарот.

Од ресорното министерство информираат дека снабдувањето со горива се одвива без прекини, резервите се стабилни, а институциите вршат засилени контроли.

Надлежните најавуваат дека ќе продолжат со следење на состојбите и, доколку има потреба, ќе преземат дополнителни мерки за стабилен пазар и заштита на економијата.

Бизнис

Комерцијална банка ја зголемува кредитната линија за МЗТ Пумпи

Објавено

на

Скопскиот производител на пумпи МЗТ Пумпи АД Скопје доби одобрение од акционерите за проширување на постојната кредитна линија со Комерцијална банка АД Скопје.

Според информациите објавени од SeeNews, кредитната линија ќе биде зголемена за 678.600 евра, со што вкупниот износ ќе достигне 4,88 милиони евра.

Со договорот се менува и рокот на кредитната линија. Наместо до 23 септември 2030 година, новиот рок е продолжен до 27 март 2031 година.

Компанијата, како дополнително обезбедување, презела обврска да обезбеди земјишен имот и три бланко меници.

МЗТ Пумпи има револвинг кредитна линија со Комерцијална банка од 2014 година. Почетната вредност на кредитната линија изнесувала 1,15 милиони евра, а во изминатите години таа била зголемувана неколкупати, последно во септември 2025 година.

Акциите на МЗТ Пумпи последен пат се тргувале на Македонската берза на 4 април, по просечна цена од 607 денари.

Продолжи со читање

Бизнис

Oracle отпушти 21.000 вработени за една година, компанијата вели дека причината е воведувањето на вештачка интелигенција

Објавено

на

Американскиот технолошки гигант Oracle отпуштил околу 21.000 вработени во изминатите 12 месеци, што претставува намалување од речиси 13 проценти од вкупната работна сила, покажуваат најновите регулаторни документи на компанијата.

Според извештајот, Oracle во мај 2026 година имал 141.000 вработени со полно работно време, додека една година претходно бројката изнесувала 162.000.

Компанијата во поднесокот наведува дека воведувањето и примената на технологии базирани на вештачка интелигенција придонеле за намалување на бројот на работни места и предупредува дека овој тренд може да продолжи и во иднина.

„Усвојувањето и примената на технологии за вештачка интелигенција во нашето работење резултираа, а можат и понатаму да резултираат, со намалување на работната сила“, наведува Oracle.

Во текот на изминатата фискална година компанијата потрошила 1,8 милијарди долари за трошоци поврзани со реструктуирање, вклучително и отпремнини за вработените, што е значително повеќе од 374 милиони долари потрошени една година претходно.

Од Oracle предупредуваат дека ваквите промени можат да предизвикаат намалена продуктивност, недостиг на квалификуван кадар во одредени области, губење на институционално знаење и пад на моралот кај вработените.

Компанијата во март најави нов бран отпуштања додека паралелно инвестира огромни средства во изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција. Во јануари Oracle соопшти дека планира да обезбеди 50 милијарди долари преку долг и капитал, додека капиталните инвестиции во последната фискална година пораснале за 162 проценти и достигнале 55,7 милијарди долари.

Oracle е една од повеќето големи технолошки компании кои во последните години ги намалуваат трошоците за работна сила додека агресивно инвестираат во развојот на технологии поврзани со вештачката интелигенција.

Извор: CNBC

Продолжи со читање

Бизнис

Од полноќ поевтинуваат сите горива, дизелот со најголемо намалување

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за корекција на цените на нафтените деривати, со која од полноќ ќе стапат во сила пониски цени на сите видови горива.

Најпродаваниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари по литар и ќе се продава по цена од 84 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4 денари, па новата цена ќе изнесува 86 денари за литар.

Најголема промена има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 7 денари по литар и од утре ќе чини 80,5 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 79,5 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 3,932 денари по килограм. Согласно новата одлука, неговата цена ќе изнесува 42,291 денари за килограм.

Новите цени ќе важат од 23 јуни и се однесуваат на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати во државата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange