Connect with us

Банки

Над 130 вработени од НЛБ Банка учествуваа во еколошка акција на Водно

Објавено

на

Повеќе од 130 вработени во НЛБ Банка, вклучувајќи ги и членовите на Управниот одбор, учествуваа во еколошка акција за чистење на Водно, со цел придонес кон зачувување на животната средина и подобрување на јавните простори.

Акцијата се одржа под мотото „За почисто Водно“, а волонтерите собираа отпад од зелените површини и рекреативните патеки на планината, која претставува едно од најпосетуваните природни подрачја во Скопје.

Од Банката информираат дека преку различни еколошки иницијативи досега биле реализирани повеќе од 400 волонтерски часови. Според нив, ваквите активности се дел од заложбите за заштита на природата, подигнување на еколошката свест и унапредување на квалитетот на живот во заедницата.

Посебен акцент на настанот било учеството на деца, со што дополнително се промовира важноста од развивање одговорен однос кон животната средина уште од најрана возраст.

Од НЛБ Банка посочуваат дека ќе продолжат да поддржуваат и организираат проекти кои придонесуваат за одржлив развој, зачувување на природните ресурси и јакнење на еколошката култура.

Меѓу активностите реализирани во изминатиот период се и акцијата „За почиста Виница“, во која се вклучиле вработените од експозитурите во источниот регион, како и донацијата на садници од лаванда за Холандскиот парк во Охрид.

Еколошките и општествено одговорни проекти се дел од стратегијата на НЛБ Групацијата и се реализираат во сите земји каде што таа работи.

Банки

Швајцарија повторно размислува за негативни каматни стапки

Објавено

на

Швајцарската народна банка е подготвена повторно да ја намали клучната каматна стапка под нулата доколку тоа биде потребно за инфлацијата на среден рок да остане во целниот опсег од нула до два проценти.

Членката на раководството на централната банка, Петра Чудин, за весникот „Finanz und Wirtschaft“ изјави дека негативните каматни стапки остануваат една од можните алатки на монетарната политика.

„Ако биде неопходно каматните стапки да ги спуштиме под нулата за среднорочно да ја задржиме инфлацијата во опсег од нула до два проценти, тоа ќе го направиме“, изјави Чудин.

Швајцарската народна банка во јуни 2025 година ја намали клучната каматна стапка на нула и оттогаш ја задржува на тоа ниво.

Инфлацијата во Швајцарија во јули забави на 0,4 проценти, и покрај растот на светските цени на енергијата поради конфликтот на Блискиот Исток.

„Блумберг“ претходно, повикувајќи се на извори, објави дека централната банка има намера да ја задржи каматната стапка на нула до крајот на 2027 година, по што би следувало постепено заострување на монетарната политика.

Швајцарија веќе има искуство со негативни каматни стапки. Клучната камата беше под нулата неколку години, сè до септември 2022 година.

Негативната каматна стапка значи дека банките, наместо да добиваат камата за средствата што ги чуваат кај централната банка, плаќаат за нивното депонирање. Со ваквата политика се настојува банките повеќе средства да пласираат преку кредити, со што би се поттикнале потрошувачката и инвестициите, а со тоа и растот на инфлацијата.

Засега, сепак, Швајцарската народна банка не најавува непосредно воведување негативни камати, туку остава отворена можност за таков чекор доколку инфлацијата остане премногу ниска.

Централната банка одржува четири состаноци годишно, а следната седница е закажана за 24 септември.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со свој тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е горд спонзор на Скопскиот маратон, а на патеката ќе настапи и со свој штафетен тим составен од вработени во Банката.

Во пресрет на маратонот, кој ќе се одржи на 4 октомври, Комерцијална банка започнува серијал објави преку кои ќе ги претстави своите тркачи и тимскиот дух што стои зад нивниот настап.

Први претставени членови на тимот се Бојан, Ања, Филип и Бранислава, кои заедно ќе настапат како дел од штафетата на Комерцијална банка.

Од Банката велат дека штафетата за нив претставува многу повеќе од спортски предизвик и дека во неа се препознаваат вредностите на доверба, поддршка, заедништво и заедничка цел.

„Некој го диктира темпото и брка рекорди, друг ја носи позитивната енергија од првиот до последниот километар, а сите заедно сме најсилната мотивација“, порачуваат од тимот.

Посебен акцент се става и на меѓусебната поддршка на патеката, каде што, како што велат, никој не трча сам.

„Охрабрување, насмевка, добра енергија и тимски дух. На патеката никој не трча сам. Трчаме со исто срце“, порачуваат од Комерцијална банка.

Од Банката велат дека се горди на своите колеги кои покажуваат силна енергија и тимски дух и надвор од работното место, а мотото со кое ќе настапат е „Полесно е заедно“.

Штафетниот тим на Комерцијална банка ќе биде дел од Скопскиот маратон на 4 октомври.

Продолжи со читање

Банки

До 2,6 милиони денари онлајн потрошувачки кредит преку OneID од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го промовира онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID, достапен во износ до 2.600.000 денари.

Клиентите можат да аплицираат целосно онлајн, од кое било место, со неколку клика, а одговорот за апликацијата се добива веднаш. По одобрувањето, средствата се префрлаат директно на сметката.

За аплицирање, одобрување и меница нема дополнителни трошоци.

Кредитот е со фиксна каматна стапка во првите три години и е наменет за корисници кои сакаат брз и едноставен пристап до финансиски средства без посета на филијала.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange