Connect with us
no baners

Останато

Снежана Станковиќ е новиот член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

По издаденото одобрение на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и упис во Централниот Регистар на РСМ, Снежана Станковиќ и официјално се приклучи на тимот на Сава пензиско друштво АД Скопје, како нов член на Управниот одбор на Друштвото.

Како член на Управниот одбор, Станковиќ има примарна оперативна надлежност за  работата и управувањето со Службата за општи, правни работи и усогласеност со прописи, Сектор за управување со индивидуални сметки и исплата на пензии, Секторот за сметководство, финансии и контролинг и секундарна на Сектор за управување со ризици.

Таа припаѓа на групата истакнати правници во нашата земја, која своето богато професионално искуство го стекнала во скоро три децениската работа во адвокатурата, како и во јавниот сектор, каде извршуваше исклучително значајна и одговорна раководна функција. Ангажманот што го имаше во изминатите години, како надворешен правен советник на Друштвото, ѝ овозможи на Станковиќ одблизу да се запознае со начинот на работење и стратешките правци на развојот на Сава пензиско друштво.

„Моите први впечатоци за Сава пензиско друштво и за неговиот начин на работа, сега откако станав дел од тимот кој ќе управува со ова Друштво, се крајно позитивни и совршено се надополнуваат со она што и досега имав прилика да го осознаам преку нашата меѓусебна соработка. Уште еднаш се уверив дека во Друштвото работи исклучително стручен, искусен и посветен кадар. Верувам дека со моето досегашно искуство и професионално знаење, тимска работа и поддршката што ја добиваме од групацијата каде што припаѓаме, заеднички ќе ги постигнеме сите поставени развојни цели на друштвото, од што придобивки ќе имаат сите сегашни и нови клиенти, како и сите останати наши стејкхолдери, пазарот и заедницата во целина“, изјави Снежана Станковиќ, веднаш по стапувањето на новата функција.

Управниот одбор на Сава пензиско друштво има вкупно три члена, каде покрај Снежана Станковиќ, членуваат и Татјана Бојковска, CFA,CAIA и д-р Петар Талески, FRM кој воедно е и Претседател на управниот одбор.

Сава пензиско друштво АД Скопје управува со „Отворен задолжителен пензиски фонд – Сава пензиски фонд“ и „Отворен доброволен пензиски фонд – Сава пензија плус“, кои се составен дел од македонскиот систем за капитално финансираното пензиско осигурување.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

no baners
no baners

Останато

Народна банка: Цените на становите во Скопје пораснаа 10,3%, но растот забавува

Објавено

на

Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат, но со побавно темпо. Според најновите податоци на Народната банка, во третиот квартал од 2026 година годишниот раст на цените на становите изнесувал 10,3%.

Во споредба со претходниот квартал, кога годишниот раст изнесувал 13,4%, забележливо е натамошно забавување на растот на цените.

На квартална основа, односно во однос на вториот квартал од годинава, цените на недвижностите се зголемиле за 1,3%.

Од Народната банка посочуваат дека Индексот на цени на станови се однесува исклучиво на територијата на градот Скопје. Индексот се пресметува врз основа на огласените цени за продажба на станови, а не врз основа на цените по кои трансакциите навистина биле реализирани.

Податоците покажуваат дека и покрај забавувањето, цените на становите во главниот град и натаму се на значително повисоко ниво во споредба со истиот период минатата година.

Продолжи со читање

Останато

Златото во пад: Надолниот тренд сè уште доминира

Објавено

на

Цената на златото во вторникот се спушти кон нивото од 4.100 долари за унца, достигнувајќи најниско ниво во последните два месеца, под притисок на зајакнувањето на американскиот долар и растот на приносите на американските државни обврзници.

Посилниот долар во голема мера е резултат на слабеењето на еврото, во услови на зголемена политичка неизвесност и загриженост околу јавните финансии во Европа.

Дополнителен притисок врз златото создаде и растот на приносите на американските државни обврзници, кои достигнаа нови највисоки нивоа во последните 24 години. Глобалната распродажба на обврзници продолжува во услови на зголемени фискални ризици и упорни стравувања од инфлација.

Најновите податоци на американскиот Институт за управување со понудата (ISM) покажаа дека ценовните притисоци во услужниот сектор во САД минатиот месец се зголемиле со најбрзо темпо во повеќе од четири години.

Од друга страна, послабите од очекуваните податоци од американскиот пазар на труд донесоа одредена поддршка за благородниот метал. Пазарите во моментов проценуваат околу 78% веројатност дека Федералните резерви ќе ги задржат каматните стапки непроменети овој месец.

Во меѓувреме, цените на нафтата забележаа пад поради сигналите за зголемена понуда од Блискиот Исток. Пониските цени на енергенсите би можеле да придонесат за намалување на инфлаторните притисоци и очекувањата за повисоки каматни стапки.

И покрај сигналите за полабава монетарна политика во САД, силниот долар и високите приноси на обврзниците засега остануваат главните фактори што го ограничуваат закрепнувањето на цената на златото.

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во еврозоната на највисоко ниво во последните три години

Објавено

на

Инфлацијата во еврозоната значително забрза во септември и достигна 3,8%, што е највисоко ниво во последните три години, покажуваат прелиминарните податоци на европската статистичка служба.

Годишната стапка на инфлација, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во септември изнесувала 3,8%, што е највисока стапка од септември 2023 година.

Во август инфлацијата изнесувала 3,2%, според ревидираните податоци.

Енергијата повторно главен двигател на растот на цените

Најсилен раст на цените и во септември е забележан кај енергијата.

Во споредба со истиот месец минатата година, цените на енергијата пораснале за дури 18,8%, додека во август годишниот раст изнесувал 14,3%.

Забрзал и растот на цените на свежата храна. Во септември тие биле повисоки за 4% на годишно ниво, наспроти раст од 2,7% еден месец претходно.

Услугите во септември биле поскапи за 3,2% во споредба со истиот период минатата година, со нешто посилен раст отколку на крајот на летото.

Основната инфлација се искачи на 2,2%

Кога од пресметката ќе се исклучат енергијата и свежата храна, потрошувачките цени во еврозоната во септември биле повисоки за 2,2% во споредба со истиот месец лани.

Во август основната инфлација изнесувала 2,1%.

Податоците покажуваат дека ценовните притисоци не се ограничени само на енергетскиот сектор, иако токму енергијата и натаму има најголемо влијание врз вкупната инфлација.

Цените пораснале и на месечно ниво

Во споредба со август, потрошувачките цени во еврозоната во септември се зголемиле за 0,6%.

Во август месечниот раст изнесувал 0,4%.

И на месечно ниво, енергијата бележи најсилно поскапување. Цените во септември се зголемиле за 3,9% во споредба со претходниот месец, по растот од 2,9% во август.

Новото забрзување на инфлацијата повторно го зголемува вниманието кон идните одлуки на Европската централна банка, особено во услови кога растот на цените повторно се оддалечува од целта за инфлација од околу 2%.

Движењето на инфлацијата во наредните месеци ќе биде еден од клучните фактори што ќе влијаат врз монетарната политика на ЕЦБ и идната насока на каматните стапки во еврозоната.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange