Connect with us

Банки

Заштедете време за важни нешта

Објавено

на

Дали сте почувствувале дека некои работи едноставно ви се средуваат без вие да вложите многу труд и време? Во секое време знаете со колку пари располагате на вашата платежна сметка, дали пристигнале парите што ги чекате од странство, колку пари сте заштедиле овој месец…

Вашите сметки за јавни услуги се платени навреме и без потрошено време на шалтер. Планираната заштеда со еден клик ја додадовте на вашиот Паричен депозит. Следниот викенд патувате во странство, ама тоа не е проблем бидејќи и од далечина можете да ја платите фактурата за екскурзијата на вашето дете. И да му префрлите пари од вашата на неговата картичка, за да има и за трошење.

Ова е навистина заштедено време и стрес! Но, и пари затоа што дигиталните банкарски трансакции се и до 80% поевтини од шалтерските трансакции. Сето ова и уште повеќе ви овозможува дигиталното банкарство на Комерцијална банка, достапно преку Интернет банката, мБанка, KomPay, електронска идентификација преку OneID.

Со современите и повеќефункционални дигитални услуги и апликации на Комерцијална банка, вашите дневни банкарски трансакции функционираат едноставно. Со дигиталното банкарство на Комерцијална банка времето работи за вас, а вашите лични финансии се:

Достапни 24/7 – пристапот до мБанка и Интернет банка кога сакате и од каде сакате, е веројатно најголемата предност на мобилното и електронското банкарство и на електронската идентификација.

Одговорни – да можете да ја видите состојбата на вашата сметка, да префрлате пари и да плаќате сметки секогаш кога вие сакате, е голема предност за средени лични финансии.

Ефикасни – онлајн пристапот до голем број производи и услуги на Комерцијална банка ви го овозможува вашиот електронски идентитет, со кој може да ажурирате лични податоци, да активирате Интернет банка, а наскоро и да отворите платежна сметка и да аплицирате за кредит.

Безбедни – со биометриска автентификација за пристап до мБанка или до вашиот електронски идентитет OneID, вашите дигитални трансакции се побезбедни од кога било.

Затоа не изненадува што многу клиенти веќе ги препознаваат можностите и ги користат предностите на дигиталното банкарство на Комерцијална банка. Тоа, всушност, нуди можности кои ги следат токму вашите желби и потреби.

Банки

АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР СТАБИЛЕН, ЈЕНОТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – инвеститорите будно ги следат ФЕД и Банката на Јапонија!?

Објавено

на

Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку под нивото на повеќето големи светски економии.

Американскиот долар остана стабилен, поддржан од податоците за инфлацијата кои ги зајакнуваат аргументите за можно олабавување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна оваа година. Фјучерсите имплицираат намалување од околу 62 базични поени, со најверојатна следна промена во јуни.

Еврото се тргуваше на 1,1863 долари, фунтата на 1,36395 долари, а швајцарскиот франк благо ослабна на 0,7686 за американски долар. Австралискиот долар се зацврсти на 0,70865, додека новозеландскиот долар падна на 0,6033 пред очекуваниот состанок за монетарна политика на Резервната банка на Нов Зеланд.

Аналитичарите предупредуваат дека глобалните валутни движења остануваат чувствителни на фискални мерки, централнобанкарски политики и економските податоци во Кина, Јапонија и САД.

Продолжи со читање

Банки

Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.

„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.

Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.

Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.

Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:

  • Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
  • Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
  • Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
  • Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.

Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.

Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.

Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange