Осигурување
Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав
По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела.
Учета Дузлевска е Генерален Директор на Триглав Осигурување Живот веќе трета година, започнувајќи од Октомври 2020 година. На таа позиција дојде после поминати три мандати во осигурителниот сектор на главна извршна позиција, во кои имаше клучна улога во развојот на животното осигурување на македонскиот осигурителен пазар. Компаниите под нејзино водство значително ја зголемија капиталната адекватност, пазариот удел, средствата под управување и профитабилноста. Таа имаше активна улога во динамичниот раст и развој на компаниите кои ги предводеше сите изминати години.
Триглав Осигурување Живот, под раководство на Учета Дузлевска, континуирано постигнува одлични резултати во сите сегменти од работењето. Благодарение на јасната визија, прецизната пазарна стратегија, посветеноста на клиентите и мотивацијата на вработените Триглав Осигурување Живот последните две години значително го зголеми своето пазарно учество, со што дополнително ја зацврсти својата позиција како една од водечките институции во земјата во доменот на банкоосигурувањето. Клиентската база е повеќекратно зголемена што и ја донесе на Компанијата лидерската позиција по бројот на продадени полиси, што заедно со повеќекратното зголемување на билансната сума, капиталот и профиталното работење ја прави оваа Компанија органски најбрзо растечка и прв избор на македонските граѓани во животното осигурување, последниве години.
Учета Дузлевска е добитник е на повеќе награди во земјава и странство за добри менаџмент практики и особени резултати во работењето. Таа е прогласена за еден од најуспешните бизнис лидери под 40 години на интернационалниот бренд “40 Under 40”. Од почетокот на 2023 година ја извршува позицијата Претседател на EWBC.
Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска е најголемата компанија ќерка на Заваровалница Триглав надвор од Република Словенија. Со седиште во Загреб, таа е композитна Компанија која работи во доменот на неживотното и животното осигурување, присутна на хрватскиот осигурителен пазар веќе 56 години. Со својата долга традиција, таа делува на целата тероторија на Република Хрватска преку 8 подружници и повеќе од 70 продажни центри. Во 2022 година, оваа Компанија на своето конто забележа премија од преку 94 милиони евра, билансна сума од 197 милиони евра и капитална база од 25,8 милиони евра.
Кој ќе го води Триглав Осигурување Живот во следниот период?
Успешното работење на Триглав Осигурување Живот ќе го продолжи новоименуваната директорка Христина Џамбазовска Анастасов, која по добивање на потребните одобренија ќе ја преземе функцијата генерален директор.
Џамбазовска Анастасов доаѓа од редовите на Компанијата и поседува долгогодишно менаџерско искуство во осигурувањето. Под нејзино водство спроведени се значајни стратешки проекти во реструктуирање на Компанијата, а искуството во управување со осигурителните процеси и кадровите потенцијали ќе дадат значителен придонес во идниот раст и развој на Компанијата.
Осигурување
ЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје
Осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија го промени името во Алта Осигурување, по преземањето од страна на Давор Мацура, сопственик на српската финансиска групација Алта Груп, покажува известувањето објавено на Македонската берза.
Истовремено, седиштето на компанијата е преместено од Битола во Скопје.
Мацура во март годинава ги купи сите 60.000 акции на ЗОИЛ Македонија во блок-трансакција, за вкупно 104,9 милиони денари, односно околу 1,7 милиони евра.
По преземањето следуваше и докапитализација на осигурителната компанија во износ од 1,3 милиони евра, преку издавање 26.000 обични акции со номинална вредност од по 50 евра. Акциите целосно ги запишал и уплатил Мацура, со што вкупниот акционерски капитал на компанијата се зголеми на 4,3 милиони евра.
Според годишниот финансиски извештај, ЗОИЛ Македонија во 2025 година остварила нето-загуба по оданочување од 33,9 милиони денари, што е повеќе во споредба со загубата од 24,8 милиони денари една година претходно. Компанијата е основана во 2023 година.
Од Алта Груп претходно соопштија дека преземањето на осигурителната компанија е дел од стратегијата за регионално ширење и зајакнување на позицијата на групацијата на пазарот на финансиски услуги во Западен Балкан.
Со ова преземање, Алта Груп дополнително го проширува портфолиото на финансиски услуги, кое опфаќа банкарство, лизинг, електронски и платежни услуги, а сега и осигурување.
Алта Банка од Белград, која е дел од истата групација, минатата година стекна мнозински удел во Стопанска банка Битола, која подоцна беше преименувана во Алта Банка Битола.
Бизнис
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје објави промена во менаџментот: Донесена одлука за отповикување член на Управниот одбор
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преку соопштение на Македонската берза извести за промена во составот на Управниот одбор на друштвото.
Согласно одлуката донесена од Надзорниот одбор на 24 јули 2026 година, г. Игор Доневски е отповикан од функцијата член на Управниот одбор на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
Одлуката е донесена во рамки на законската обврска за известување за промени во органите на управување и раководење, согласно Законот за хартии од вредност.
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ е дел од финансиската групација ХАЛК, која преку своите активности на македонскиот пазар нуди услуги од областа на неживотно осигурување.
Фото: AI
Осигурување
Халк Осигурување со порака за Светскиот ден на грижата за себе: Осигурај се денес за посигурно утре
На 24 јули се одбележува Светскиот ден на грижата за себе, ден посветен на потсетувањето дека грижата за сопственото здравје, благосостојба и сигурност треба да биде дел од секојдневието.
По тој повод, од Халк Осигурување порачаа дека грижата за себе денес претставува инвестиција во тоа како ќе се чувствуваме утре.
„Осигурувањето е еден од начините да се грижиш за себе – преку одлуки што се однесуваат и на денес и на иднината“, наведуваат од компанијата во објава на социјалните мрежи.
Со пораката „Покажи си самољубов. Осигурај се“, од Халк Осигурување потсетуваат на значењето на навремената грижа и носењето одлуки кои придонесуваат за поголема лична сигурност.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули





