Connect with us

Продукти

Станбениот кредит на Комерцијална банка сега е без трошоци за одобрување и проценка и те носи уште поблиску до нов дом

Објавено

на

Сега си уште поблиску до твојот нов дом! Станбениот кредит на Комерцијална банка носи широка насмевка на твоето лице затоа што сега го добиваш без надомест за одобрување и процена.

Искористи го промотивниот период до 30 септември оваа година и направи чекор напред во твојата и во удобноста на твоето семејство.

Со Станбениот кредит на Комерцијална банка имаш повеќе причини и можности да го направиш тоа:

  • Без надомест за одобрување и процена до 30.09.2024
  • Фиксна каматна стапка за 5 години, со или без вклучено животно осигурување,
  • Фиксна каматна стапка за 10 години, со или без вклучено животно осигурување.

Таблица за множење не ти е потребна бидејќи калкулаторот на Комерцијална банка ќе ги направи сите пресметки за тебе и ќе ти помогне да го направиш најдобриот избор.

Кредитот е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Дознај повеќе, пресметај рата и поднеси податоци за вработените во Комерцијална банка да те контактираат преку следниот линк: https://www.kb.mk/stanben.nspx

Банки

Животните ја обожаваат оваа реклама на Халкбанк!

Објавено

на

За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање.

Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност.

Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата кампања за промоција на земјоделски кредит на Халкбанк.

Наместо рекламите само да зборуваат за подобра продуктивност, Халкбанк создаде реклами што директно ги зголемуваат продуктивноста и среќата на добитокот. За таа цел, промотивното возило и рекламните површини беа обложени со специјални четки за чешање и беа однесени директно кај фармерите и нивните животни.

Така, рекламата стана практична демонстрација на она што го нуди земјоделскиот кредит, а тоа е поддршка за подобри услови, поздрав добиток и попродуктивни фарми.

За земјоделскиот кредит може да аплицирате во најблиската филијала на ХАЛКБАНК. Кредитната линија е за индивидуални земјоделци, трговци поединци, микро, мали и средни претпријатија ‒ со износ од 5.000 до 250.000 евра.

ПР објава

Продолжи со читање

Продукти

Нулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година

Објавено

на

Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во земјава за период 2026–2030 година, со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во користењето на националните и европските јавни средства.

Стратегијата е подготвена во рамки на обврските од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), во Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое ги опфаќа јавната внатрешна финансиска контрола, надворешната ревизија, заштитата на финансиските интереси на ЕУ и заштитата на еврото од фалсификување.

Документот е изработен од АФКОС-одделението при Министерството за финансии, во соработка со институциите од АФКОС-мрежата, органите задолжени за управување со средствата од Европската Унија и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Стратегијата предвидува мерки за поефикасна превенција, навремено откривање, истрага и санкционирање на неправилности и измами, како и подобрување на механизмите за поврат на неправилно искористени средства. Дополнително, се очекува зајакнување на институционалните капацитети и воведување поефективни алатки за спречување финансиски злоупотреби.

Документот го промовира принципот на „нулта толеранција за измама“ при користењето на европските фондови и претставува продолжување на реформските активности започнати со првата Национална стратегија за борба против измами, усвоена во 2019 година.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивна каматна стапка од 4,9 отсто за сите купувања направени со Mastercard Platinum кредитната картичка до крајот на годината.

Картичката е наменета за корисници кои, покрај можноста за плаќање на кредит, бараат и дополнителни поволности при патување.

Меѓу придобивките се бесплатен пристап до повеќе од 1.800 аеродромски деловни салони преку програмата LoungeKey, како и можност за користење дополнителни поволности преку Mastercard Travel Rewards.

Барање за картичката може да се поднесе онлајн преку интернет-страницата на банката, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange