Банки
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР во нашата земја. Поводот за состанокот беше консултативната мисија на делегацијата за финализирање на новата Стратегија за земјата за периодот од 2025-2030 година.
Целта на состанокот беше да се споделат видувањата и разменат податоци за спроведување на транспарентен и инклузивен процес за изработка на новата стратегиска рамка за соработка со земјава. Дискусиите беа фокусирани на идентификување на приоритетите и можностите за поддршка на одржлив економски развој на земјава, поддршка на растот на приватниот сектор, како и на зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата, согласно целите на ЕБОР.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска на средбата посочија дека Народната банка е посветена на соработката со ЕБОР во насока на зајакнување на економската отпорност и финансиската стабилност во земјава. Во сложеното економско окружување, кое носи повеќе ризици поврзани со геоекономската фрагментација, климатските промени, како и забавувањето на потенцијалот за раст на поразвиените економии, сè поизразена е потребата за спроведување институционални и структурни реформи, коишто ќе ја зголемат продуктивноста и потенцијалот за раст, односно за побрза конверегенција на домашната економија. Во изминатите неколку кризни години доходовната конвергенција стагнираше.
На средбата беше нагласена и досегашната успешна соработка помеѓу Народната банка и ЕБОР и подготвеноста на оваа меѓународна финансиска институција за одржување на континуитетот во обезбедувањето поддршка за реформа на приоритетните сегменти, вклучително и во финансискиот систем.
Г-дин Туркменоглу изјави: „ЕБОР е посветена на поддршката на националниот и регионалниот економски развој на земјата преку сеопфатен и стратешки пристап. Со преку 2,9 милијарди евра инвестирани во 196 проекти од 1993 година, ЕБОР одигра клучна улога во зајакнувањето на конкурентноста, подобрувањето на инфраструктурата и поттикнувањето на дигитализацијата, енергетската одржливост и регионалната интеграција. Остануваме фокусирани на развојот на приватниот сектор, каде што со нашите напори ќе поттикнеме подинамична и поотпорна деловна средина. Исто така, посветени сме на понатамошно зајакнување на финансиската отпорност на земјата, поддршка на растот на приватниот сектор и обезбедување зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата во согласност со нашите долгорочни цели за одржлив развој“.
Банки
Стопанска банка го организира десеттото издание на „Вози право, вози здраво“ на 6 јуни во Скопје
„Вози право, вози здраво“ по десетти пат – настанот ќе се одржи на 6 јуни во Скопје
Традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“ годинава ќе го има своето десетто издание, а организаторите најавуваат дружење, рекреација и можност за освојување вредни награди.
Настанот ќе се одржи на 6 јуни 2026 година со почеток во 17 часот, пред Порта Македонија.
Заинтересираните учесници можат да се регистрираат преку платформата на Стопанска банка АД Скопје, каде е објавен и формуларот за пријавување: Регистрација за „Вози право, вози здраво“
Од банката информираат дека и оваа година ќе донираат за развој на урбаниот велосипедизам, а најавена е изградба на детски велопарк во населбата Карпош 4 во Скопје.
Банки
„Без граници, без препреки“ – виртуелно музејско патување што ги обедини децата од светот во Музејот на Народната банка
Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот.
Музејското патување низ монетарното минато на нашата земја беше насловено „Без граници, без препреки“, во духот на овогодишната тема на Меѓународниот комитет на музеите „Музеите што го обединуваат поделениот свет“.
Кустосите од Музејот на Народната банка одржаа настан за учење и паметење за 80 македонски деца што се ученици во Австрија, Белгија, Норвешка, Хрватска, Австралија, Франција, Италија, Германија, Шведска, Холандија, Велика Британија, Данска, Канада и во земјава, коишто можеа интерактивно да се дружат и да дознаат необични факти за нумизматичкото културно наследство на нашата земја.
Возбудливото враќање во минатото заврши со кратко откривање на некои од тајните на изгледот на денешните македонски пари, а потоа и со прогласување на победниците од интерактивниот квиз.
Банки
Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања
Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, учествуваше на Регионалниот состанок на гувернери што се одржа во Пула, Република Хрватска, во организација на Хрватската народна банка, каде што во фокусот на дискусиите беа дигиталната трансформација на финансискиот систем, дигиталните средства и иднината на прекуграничните плаќања.
На тркалезната маса на тема „Од експеримент до инфраструктура: дигиталните средства во традиционалниот финансиски свет“, гувернерот Славески посочи дека поврзувањето на системите за инстант плаќања во регионот, преку решенија засновани врз платформата клон на ТИПС, претставува едно од најпрактичните и најодржливите решенија за побрзи, поевтини и потранспарентни прекугранични плаќања во евра. Притоа беше истакнато дека ваквиот пристап овозможува регионална интеграција и подобра поврзаност со европската платежна инфраструктура, без нарушување на монетарниот суверенитет на државите.
Во своето обраќање, гувернерот нагласи дека технолошките иновации треба да создаваат реална економска вредност, преку поефикасни платни системи, подобра достапност на финансиските услуги и намалување на трансакциските трошоци, а не да бидат водени исклучиво од шпекулативни цели. Тој посочи дека дигиталната трансформација на финансискиот сектор мора да се одвива паралелно со јасна регулаторна рамка, силна киберзаштита и зачувување на довербата во финансискиот систем.
Славески се осврна и на активностите што ги презема Народна банка во областа на финтек-иновациите и модернизацијата на финансискиот сектор, во рамките на Финтек-стратегијата за финансиските регулатори 2023 − 2027 година. Во таа насока, беше посочено дека Народната банка има проактивен пристап кон дигиталната трансформација и активно ги следи светските трендови поврзани со дигиталните валути на централните банки и развојот на дигиталното евро.
Притоа, беше нагласено дека како мала и отворена економија којашто е тесно поврзана со еврозоната, нашата земја внимателно ги анализира можните ефекти од воведувањето на дигиталното евро врз домашниот финансиски систем. Во тој контекст, Народната банка веќе ги разгледува можностите и потенцијалните ефекти од евентуално воведување дигитален денар, особено во делот на модернизацијата на плаќањата, финансиската вклученост и ефикасноста на монетарната политика.
На состанокот беше истакнато и дека домашните банки и небанкарските финансиски институции сѐ повеќе инвестираат во нови технологии, дигитални платформи и автоматизација на процесите, при што дигиталната трансформација веќе се препознава како стратегиски приоритет за натамошен развој и зголемување на ефикасноста на финансискиот сектор.
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари



