Банки
Состанок со директорот на Одделот за статистика на ММФ: Народната банка изготвува статистика во согласност со највисокиот стандард на ММФ ‒ СДДС плус
„Преку квалитетното извршување на статистичката функција, Народната банка придонесува кон јакнење на процесот на донесување одлуки на економските чинители. Во согласност со меѓународните стандарди, Народната банка ги прибира, ги изготвува и ги објавува статистичките податоци, во доменот на своите надлежности, а постојано работи и на надградба во одделни статистички домени. За ова говори и членството во највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС плус, којшто го исполнуваат 30 земји во светот.“ Ова беше посочено на состанокот меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Фадил Бајрами со директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, одржан во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон.
Како дел од процесот на усогласување со меѓународните статистички стандарди, вклучително и стандардот СДДС плус, Народната банка минатата година започна со објавување нов сет статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност. Покрај ова, централната банка и натаму работи на развивањето на последниот показател СДДС плус што е во нејзина надлежност, кварталните финансиски сметки. Во тој контекст, покрај објавувањето на годишни состојби, во напредна фаза се подготовките за објавување и на кварталните податоци за финансиските сметки, состојби, со што ќе се овозможи достапност на пофреквентни информации за носителите на политиките и за согледување на движењата кај одделните сектори. Се очекува дека првите податоци за квартални финансиски сметки ќе се објават до крајот на оваа година.
На состанокот беше истакнато дека Народната банка постојано применува практики за зајакнување на транспарентноста и во овој домен, преку редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци. Покрај на квалитетот, особено внимание му се посветува и на пренесувањето на податоците соодветно на целната јавност, преку користење визуализација, како и публикација на текстови и статистички содржини, вклучително и на платформите од широк јавен интерес како медиумите и социјалните мрежи. ММФ и понатаму ќе ја поддржува Народната банка во сферата на статистиката.
Банки
Халкбанк со пакет за поддршка на жените претприемачки
Халкбанк АД Скопје нуди посебен пакет наменет за жени претприемачки, со поволности кои треба да им овозможат полесно започнување и развој на сопствен бизнис.
Во рамки на пакетот е предвидена можност за бизнис кредит до 500.000 евра, како и платежна сметка без трошоци за нејзино водење.
Корисничките на пакетот добиваат и електронско банкарство без надомест, како и дополнителни поволности наменети за поддршка на развојот на нивниот бизнис.

Од Халкбанк посочуваат дека целта на понудата е жените претприемачки да добијат поголема сигурност и повеќе можности за реализација на своите деловни идеи.
Банки
Стопанска банка го проширува Надзорниот одбор: Божиновска – Лазаревска именувана за независен член
Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста дека Зорица Божиновска – Лазаревска е именувана за независен член на Надзорниот одбор на Банката, со мандат од четири години.
Именувањето е донесено согласно одлуката на Собранието на акционери на Стопанска банка, по добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народната банка.
Со новото именување, Божиновска – Лазаревска ќе има улога во работата на Надзорниот одбор во својство на независен член, во согласност со регулаторната рамка и принципите на корпоративно управување во банкарскиот сектор.
Нејзиниот мандат е со времетраење од четири години.
Именувањето претставува дел од воспоставената структура на корпоративно управување на Стопанска банка, во која независните членови на Надзорниот одбор имаат значајна улога во обезбедувањето независен надзор и носењето одлуки во интерес на Банката и нејзините акционери.
Божиновска – Лазаревска е редовен професор на Катедрата за сметководство и ревизија при УКИМ. Со Катедрата, како и со вториот циклус студии на студиската програма сметководство и ревизија раководи од 2013 година.
Банки
Хрисула Кутуди доби нов четиригодишен мандат на чело на Стопанска банка АД – Скопје
Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста преку соопштение на Македонската берза дека Хрисула Кутуди е реименувана за Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.
Реименувањето следува по одлуката на Надзорниот одбор и добиената согласност од Извршниот одбор на Народната банка.
Кутуди ја извршува функцијата на чело на Стопанска банка од септември 2025 година, кога ја наследи функцијата од Диомидис Николетопулос, кој беше Генерален извршен директор од 2013 година.
Таа има над 30 години професионално искуство во банкарскиот сектор, најголемиот дел во рамките на НБГ Групацијата. Во досегашната кариера работела на развој на банкарски производи, дигитални услуги и канали, стратешки партнерства и концепти поврзани со вградено банкарство.
Пред доаѓањето во Стопанска банка, Кутуди беше помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, а има искуство и во корпоративно банкарство, кредитна анализа, наплата и проектно финансирање.
Нејзината работа е поврзана и со дигиталната трансформација и развојот на нови банкарски услуги, за што добила признанија за иновативност во 2022 и 2024 година.
Со новиот мандат, Хрисула Кутуди продолжува да ја предводи Стопанска банка АД – Скопје во наредните четири години.
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк





