Connect with us

Банки

Средби со Светска банка: Народната банка во континуитет ги јакне капацитетите за одржување на финансиската стабилност

Објавено

на

Светската банка позитивно ги оценува политиките на Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Во оваа смисла,  на состанок се дискутираше и тековната техничка помош од Светската банка, со којашто преку повеќе проекти дополнително ќе се јакнат капацитетите на земјата и централната банка во неколку области поврзани со банкарскиот систем. Тие се однесуваат на унапредување на макропрудентната рамка, јакнење на капацитети за кризно управување, за управување со климатските промени, како и финализирање на законската рамка за решавање на банки. Дополнително во сферата на платниот систем, ќе се поддржат напорите за изработка на студија за дигитален денар. Проектите беа дискутирани за време на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка (СБ), за време на состаноците на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска и вицегувернерот Фадил Бајрами, со високи претставници на Светската банка, потпретседателката Антонела Басани и извршниот директор на Конституенцата на која припаѓаме, Кун Давидсе.

Со носењето на Законот за финансиска стабилност, минатата година, се воспостави институционална рамка за макропрудентната политика во нашата земја, и правно се регулираше улогата на Комитетот за финансиска стабилност во кој се вклучени сите финансиски регулатори. Народната банка изработи и нацрт Стратегија за макропрудентно управување, додека во следниот период  фокусот ќе биде зајакнување на рамката за следење на системските ризици и креирање на макропрудентни политики. Во овие активности централната банка ќе добие поддршка од Светската банка.

Во насока на управување со ризиците кои произлегуваат од климатските промени и животната средина, а поврзано со финансиската стабилност, Народната банка е во финална фаза со подготовката на Зелената финансиска стратегија со поддршка на Светската банка. Исто така, Светската банка ќе обезбеди поддршка преку консултација во однос на утврдување на насоките кои централната банка ќе ги издаде за комерцијалните банки при идентификување, управување, следење и известување за климатските ризици, како и креирање на „зелена контролна табла“ на индикатори со ризици. Светската банка ќе даде и поддршка кон стрес-тестовите на банките од аспект на климатските ризици, кои се планирани за наредната година. Народната банка планира и организирање на Конференција за климатските ризици преку која ќе се работи на зголемување на свеста и ќе ги појасни супервизорските насоки и препораки за банкарскиот сектор.

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година

Објавено

на

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.

Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.

Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка ја исплати првата годишна камата на третата емисија корпоративни обврзници

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје на 18 септември 2026 година ја исплати првата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници од третата емисија, со ISIN MKTTKS200038 и шифра TTKO3.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – трета емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17 септември 2026 година.

Третата емисија на корпоративни обврзници ТТК Банка ја реализираше во септември 2025 година од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.000 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.000.000 евра и фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво

Со исплатата на првата годишна камата, ТТК Банка ја реализира првата каматна обврска кон инвеститорите по основ на оваа емисија корпоративни обврзници.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој од 19 до 25 септември ќе се одржува во Битола.

Фестивалот, кој веќе 47 години ја слави филмската уметност, традиционално ги собира врвните кинематографери од целиот свет, претставувајќи ги нивната визија, креативност и придонес во создавањето на филмската магија.

Под мотото „На страната на филмот“, Стопанска банка и оваа година е пријател и поддржувач на престижната културна манифестација.

Од Банката ги повикуваат љубителите на седмата уметност од 19 до 25 септември во Битола заедно да ја споделат магијата на филмот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange