Connect with us

Банки

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

Објавено

на

На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години.

Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство.

Во текот на својата кариера има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ АД Скопје и „Стопанска банка“ АД Скопје, каде што од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.

Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.

Со изборот на Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка се зајакнува професионалниот капацитет на Народната банка и се обезбедува непречено остварување на нејзините законски цели и надлежности, заради одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој.

Банки

Комерцијална банка со подароци и донација за првачињата на почетокот на учебната година

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година го одбележа почетокот на новата учебна година со подароци и поддршка за првачињата во повеќе училишта.

Преку својата препознатлива Верверичка, Банката ги израдува првачињата во училиштата во Кочани, како и учениците од ООУ „Драга Стојановска“ во селото Ракотинци, Скопје, подарувајќи им ранчиња исполнети со подароци.

Дополнително, Комерцијална банка обезбеди донација за набавка на училишен прибор за првачињата во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Скопје.

Од Банката посочуваат дека целта на ваквите активности е да им се обезбеди поддршка на децата за успешен почеток на образованието и можност непречено да ги следат своите желби и соништа.

„Веруваме дека секое дете заслужува поддршка за успешен почеток, квалитетно образование и можност да ги следи своите соништа“, порачаа од Комерцијална банка, посакувајќи им на првачињата многу нови знаења, другарства и незаборавни училишни денови.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со понуда за полесно реализирање на плановите преку Visa кредитните картички

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ги промовира своите Visa кредитни картички како практично решение за полесно реализирање на секојдневните планови и непланираните трошоци.

Банката преку пример со купување нов мобилен телефон посочува дека неочекуваните потреби понекогаш брзо стануваат дел од личниот буџет и плановите.

„НЛБ Visa кредитни картички, за секој план и секое изненадување“, порачуваат од НЛБ Банка.

Повеќе информации за условите и можностите што ги нудат кредитните картички се достапни преку официјалните канали на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Важна промена во една од најголемите банки во Србија – што треба да знаат клиентите?

Објавено

на

НЛБ Комерцијална банка АД Белград од 1 септември работи под новото деловно име НЛБ Банка АД Белград, со што се заокружува повеќегодишниот процес на интеграција и усогласување со НЛБ Групацијата.

Промената на деловното име не значи промена на правниот субјект. Банката останува исто правно лице, а за клиентите продолжуваат да важат сите постојни сметки, картички, договори, кредити, депозити и дигитални услуги.

Од банката посочуваат дека клиентите не треба да преземаат никаква активност поради промената на името и можат непречено да продолжат да ги користат своите банкарски услуги.

Со новото деловно име се продолжува процесот на хармонизација во рамки на НЛБ Групацијата, во која банките членки на различни пазари го носат истото деловно име.

За клиентите, промената е пред сè брендинг и усогласување во рамки на групацијата, без промени во нивните постојни банкарски односи и услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange