Connect with us
no baners

Продукти

Штедете паметно со ПРОМО депозитот на Халкбанк и обезбедете си сигурна иднина!

Објавено

на

Штедењето е еден од најважните финансиски чекори за обезбедување на стабилна иднина. Без разлика дали штедите за долгорочни цели како купување дом, образование на децата или создавање фонд за итни случаи, клучно е да изберете соодветен производ што ќе ги максимизира вашите заштеди. Со внимателно планирање и вложување, може да ги зголемите вашите средства и да си обезбедите финансиска сигурност во годините што доаѓаат.

Штедењето ви овозможува не само да се справите со непредвидени ситуации, туку и да го планирате вашиот живот со поголема финансиска слобода и стабилност.

И секако, важно е да изберете безбедна и сигурна банка што ќе биде ваш долгорочен партнер при ова и секое следно финансиско вложување и која домаќински ќе управува со вашите средства. Таков сигурен партнер кој секогаш води грижa за своите клиенти и креира производи со атрактивни услови е Халкбанк АД Скопје. Покрај најразличните депозитни производи кои ги нуди банката, во моментот можеби најинтересен, пред сè поради прилично атрактивната камата, е ПРОМО депозитот.

ПРОМО депозитот на Халкбанк е идеално решение за штедење со атрактивни услови и сигурност. Со минимален износ на вложување од 30.000 денари или 500 евра, корисниците можат да ги искористат предностите на фиксната каматна стапка од 4,00% со рок на орочување од 13 месеци за штедење во денари, односно 3,10% за штедење во евра.

Рокот за штедење со овој производ е до 13 месеци, без можност за  дополнителни уплати и повлекувања на средства, а каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување. Оваа понуда за ПРОМО депозитот важи до крајот на октомври оваа година.

Анализи

Загриженост во финансискиот сектор: нов AI модел може да ја промени сајбер-безбедноста, но истовремено да биде и најголема закана!?

Објавено

на

Во индустријата за вештачка интелигенција се појавија информации за нов напреден модел развиен од компанијата „Anthropic“, кој, според интерни проценки, не е јавно објавен поради потенцијални безбедносни ризици.

Министрите за финансии, гувернерите на централните банки и водечките експерти од финансискиот сектор изразија сериозна загриженост поради новиот напреден и исклучително моќен модел на вештачка интелигенција, за кој стравуваат дека би можел да ја загрози безбедноста на глобалните финансиски системи.

Станува збор за модел познат како „Claude Mythos Preview“, за кој се наведува дека има напредни способности за анализа на софтверски системи и откривање на сериозни безбедносни пропусти, вклучително и таканаречените „zero-day“ ранливости.

Според достапните информации, моделот во тест-фази идентификувал повеќе критични слабости во оперативни системи и интернет прелистувачи, а неговите можности опфаќаат и симулација на потенцијални начини на нивна злоупотреба во контролирани услови.

Ова, според експертите, отвора сериозни прашања за иднината на сајбер-безбедноста, бидејќи ваквите системи истовремено можат да се користат и за заштита и за потенцијални напади во дигиталниот простор.

Поради ризиците, „Anthropic“ одлучила моделот да остане во ограничена внатрешна употреба, со пристап само за одредени партнери и големи технолошки компании, меѓу кои се „Amazon“, „Google“ и „Microsoft“.

Канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампањ предупреди дека ваквите технологии отвораат ризици поврзани со „непознати непознаници“ и повика на итно зајакнување на глобалните заштитни механизми.

Иако дел од експертите повикуваат на претпазливост, случајот повторно ја отвора дебатата дали вештачката интелигенција ќе биде најсилна алатка за сајбер-заштита или потенцијално најопасна алатка за дигитални напади.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време

Објавено

на

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. 

Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, клиентите кои ќе депонираат средства преку мобилната апликација на Банката, НЛБ мКлик, добиваат повисоки каматни стапки, што го прави он-лајн депозитот не само попрофитабилен, туку и најсоодветниот начин за управување со заштедите – во секое време и од кое било место, брзо и безбедно.

Финансиската стабилност отсекогаш била една од најзначајните животни вредности, а изборот каде ќе се чуваат заштедите, една од најважните одлуки на секој поединец.  Па така, ако сè уште размислувате дали и каде да ги орочите вашите пари, сега е вистинско време да ја искористите промотивната понуда на НЛБ Банка за депозити орочени во периодот од 15 април до 15 мај, годинава.

НЛБ Банка нуди он-лајн депозити преку мобилната апликација НЛБ мКлик, и депозити преку експозитурите на Банката, со фиксни каматни стапки за целото времетраење на депозитот.

Онлајн депозитот овозможува повисоки каматни стапки, 3% за штедење во денари и 2,30% за штедење во евра, а исплатата на приносот е на месечно ниво, обезбедувајќи редовен прилив и финансиска флексибилност за клиентите.

Промотивната каматнa стапкa за депозит преку експозитурите на Банката изнесува 2,80% за штедење во денари и 2,20% за штедење во евра, со можност за исплата со рочност, но и на месечно ниво.

Новата понуда на Банката е сигурност која доаѓа во вистинско време, идеално решение за финансиска стабилност и исплатливост на долг рок.

Нудејќи атрактивни промоции, но и широка палета на штедни и инвестициски решенија за управување со личните финансии, НЛБ Банка ја потврдува својата улога на доверлив партнер на граѓаните за управување со нивните финансии.

Повеќе информации за промоцијата, но и останатите штедни и инвестициски продукти се достапни на веб-страница на НЛБ Банка www.nlb.mk, во Контакт центарот на 02/15 600 и во сите експозитури на Банката.

Продолжи со читање

Банки

Плаќај со Visa од Комерцијална банка и добиј шанса за патување во Disneyland® Париз

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa започна нова наградна игра во која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland Paris за четири лица.

Во периодот до 31 мај 2026 година, секое плаќање со Visa Debit, Visa Classic Revolving или Visa Classic Standard картичка од Банката носи една шанса (еден код) за учество во извлекувањето. Корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките добиваат двојна шанса, бидејќи секоја нивна трансакција се брои двојно (два кода).

Во наградната игра учествуваат сите трансакции направени со Visa картичка – без разлика дали плаќањето е извршено со физичка картичка, преку мобилен телефон или смарт часовник. Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за возбудливо патување во Disneyland® Париз.

Главната награда е патување во Disneyland® Париз за четири лица, а извлекувањето на добитникот ќе се одржи на 3 јуни 2026 година.

Повеќе информации и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange