Connect with us
no baners

Продукти

Повисоки каматни стапки од Комерцијална банка за остварување поголеми заштеди

Објавено

на

Комерцијална банка, како столб на довербата на штедачите во земјава, од 15.03.2023 година ќе ги зголеми каматните стапки и ќе им овозможи на своите клиенти заштеди со уште поголеми приноси.

Банката ќе ги зголеми каматните стапки на денарските и на девизните депозити за физички лица за рок на орочување од 6 до 36 месеци, како и стимулативниот додаток кај денарските депозити за клиентите кои имаат склучено договор за стимулативна каматна стапка за влог од 1 милион до 20 милиони денари.

  • До 0,75 процентни поени се зголемуваат каматните стапки кај договорите со фиксна каматна стапка за денарски и девизни депозити во валута евра, за рочност од 6 до 36 месеци, а склучени по 01.10.2017 година, при што новите каматни стапки кај веќе постоечките договори ќе се применуваат по истекот на рокот за орочување. Новите фиксни каматни стапки за денарските депозити се движат од 0,10% до 2,30%, а кај девизните во валута евра од 0,40% до 1,30%.
  • До 0,30 процентни поени се зголемуваат каматните стапки за денарски и девизни депозити во валута евра, за рочност од 12 до 36 месеци, кај договори склучени пред 01.10.2017 година, со прилагодлива каматна стапка. Повисоките каматни стапки за денарските депозити се движат од 0,40% до 1,50%, а за девизните депозити во евра од 0,25% до 0,70%.
  • Со зголемување на стимулативниот додаток за 0,10 процентни поени кај денарските депозити со договор со стимулативна каматна стапка, штедењето на износ помеѓу 1 милион и 20 милиони денари во Комерцијална банка станува уште поатрактивно. Највисоката стимулативна фиксна каматна стапка за денарски депозити изнесува 3,9%, а за девизни депозити во валута евра изнесува 2,8%.

Штедењето во Комерцијална банка, покрај атрактивен принос, овозможува и онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активни корисници на Интернет банка, штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка, како и поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите.

Новите каматни стапки се достапни на следните линкови: денарски и девизни.

За сите подетални информации на располагање стојат тимови во експозитурите на банката, а клиентите може да се обратат и на е-маил: [email protected].

no baners
no baners

Продукти

iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket

Објавено

на

iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.

Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.

Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.

Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.

Продолжи со читање

Банки

НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.

Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.

Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.

За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.

Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.

Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември

Објавено

на

Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.

Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.

Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange