Connect with us

Фондови

ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА ОБЕЗБЕДИЈА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА И ПОЗЕЛЕН КАМПУС ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ 

Објавено

на

Кампањата „Засади желба за одржлива иднина“ ја продолжува својата влијателна мисија со денешната посета на Правниот факултет во Скопје, каде трите пензиски друштва Сава пензиско друштво АД Скопје, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје ги здружија силите со студентите за да го засадат тринаесеттиот пензиски парк.

Оваа иницијатива е дел од четвртата фаза на кампањата, која покрај создавањето нови зелени површини, на студентите им обезбедува и основна финансиска едукација. Преку дигитални и директни активности, кампањата ги нагласува придобивките од учеството во задолжителните и доброволните пензиски фондови на Македонија, опремувајќи ги младите со знаењето што им е потребно за да ја обезбедат својата финансиска иднина.

На денешниот настан, пензиските друштва споделија информации за тоа како градењето силни навики за штедење и правењето мудри финансиски избори може да доведат до постабилна иднина. Тие ги поврзаа овие концепти со поширокиот контекст на правното образование, каде стратешкото долгорочно планирање е основно за успех и во личните финансии и во професионалниот живот.

Тие нагласија дека новозасадените дрвја се наменети не само да го збогатат дворот на кампусот, туку и да послужат како моќен симбол на растот. Како и дрвјата, финансиската благосостојба бара негување, а одлуките донесени денес ќе влијаат на можностите на утрешниот ден.

Ретко која активност е така благородна и има такво симболично, а од друга страна и реално влијание на околината како едноставното садење и на само едно дрвце.

Слично на ова, едноставната одлука да станете дел од некој пензиски фонд, да одвојувате на почеток и симболични износи, на долг рок значајно ќе влијае на вашата подобра иднина исто како што тоа ќе го направи и ова дрвце кога за 30-40 години ќе биде во својата полна сила и убавина.

Меѓутоа, за да дојдеме до тој момент, мора да се грижиме за тоа дрвце, да го одржуваме и чуваме, за да ја постигне својата вистинската големина и ефект на околината. Исто така, низ годините и вие ќе треба да се грижите за вашата пензиска заштеда, постепено да ја градите, секако заедно со стручните тимови на пензиските друштва.

Една позната изрека од финансискиот свет вели: Финансискиот мир не е стекнување работи. Тоа е учење да живеете со помалку отколку што заработувате, за да можете да вратите пари и да имате пари за инвестирање. Не можете да победите додека не го направите ова, вели Дејв Ремзи. Почнете навреме да живеете со помалку од што заработувате, одвојте дел од тоа за идната пензиска заштеда, а другиот дел инвестирајте го во други финансиски продукти, за да си обезбедите поубав живот и помирна старост“ – изјави д-р Петар Талески – Член на Управен одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје, кој се обрати пред присутните од името на трите пензиски друштва. 

За време на настанот, проф. д-р Сашо Георгиевски, декан на Правниот факултет, ги сподели своите размислувања, нагласувајќи ја важноста од финансиската писменост за студентите.

Ова е една од моите најубави задачи како декан, бидејќи се работи за една навистина прекрасна и благородна кампања поттикната од трите пензиски друштва, со поддршка од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС. Кампања која дури и во својот назив има симболика – Засади желба, а животот го водат токму желбите и амбицијата. Тие се силите што нѐ тераат да почнеме од некаде, знаејќи каде одиме за да ги постигнеме целите кои сме ги зацртале. Во овој случај наша цел е да ја унапредиме животната средина, за да го збогатиме нашето живеење, нашето работење, практично целата атмосфера во која функционираме“ – истакна професорот Георгиевски.

По кратката едукација, студентите и претставниците од пензиските друштва заеднички го засадија Пензискиот парк, што претставува симболичен чекор кон поодржлива и финансиски посигурна иднина за студентите.

Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба за одржлива иднина“ се достапни на веб страницата www.penzija.mk  

Бизнис

Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?

Објавено

на

„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.

Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.

Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.

Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.

„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.

Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.

Продолжи со читање

Останато

Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација

Објавено

на

Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.

Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.

Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.

„Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан“, истакнуваат од Фондацијата „Заедно за едно“.

Продолжи со читање

Останато

Македонските пензионери во странство останаа без покачена пензија

Објавено

на

Околу 12.000 македонски пензионери што живеат надвор од земјата се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува уставноста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Новите одредби предвидуваат дека покачувањата од по 1.000 денари, најавени за март 2026 година, ќе важат само за пензионерите со исплата во државата.

До Судот се поднесени три иницијативи кои тврдат дека законските измени создаваат дискриминација врз основа на местото на живеење, нарушувајќи ја еднаквоста, слободата на движење и правото на социјална заштита.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потсетува дека ќе ги почитува сите одлуки на надлежните институции, вклучително и конечната пресуда на Уставниот суд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange