Connect with us
no baners

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите.

Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!

Биди и ти дел од тимот на УНИБанка!…

Референт во Контакт Центар во Дирекција Банкарство за население

Потребни квaлификации:

  • Високо стручно образование
  • Работно искуство од најмалку 1 година во финансиски институции
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за тимска работа
  • Позитивни, одговорни и посветени
  • Познавање MS Office пакетот
  • Познавање на англиски јазик
  • Флексибилност и можност за работење во смени

Одговорност и задачи:

  • Дава информации за производите и услугите на Банката, на начин што е разбирлив и достапен за клиентите
  • Професионалност и самоконтрола во проблематични ситуации
  • Познавање на продуктите на Банката и придонесување за непречено одвивање на сите активности
  • Давање информации по телефон или електронска пошта за тековни или потенцијални клиенти, во врска со:
  • Информации за оние што сакаат да аплицираат за одреден производ/услуга
  • Информации за промена во параметрите на производот/услугата што клиентите во моментот ја користат (промена на камата,рок или други услови)
  • Презентирање на нов производ/услуга со кој Банката влегува на пазарот
  • Понуди, промоции и вкрстена продажба со цел да понудат производ што клиентите во моментот не го користат
  • Потсетници – за обврски во случај на заостанати долгови, истекување на дебитни/кредитни картички итн.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија (CV) на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 30.01.2023 година.

Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]

Вработување

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (Референт за домашен платен промет) во Служба за плаќања.

Дел од работните задачи: 

  • Процесирање и плаќања согласно влезни/излезни налози; 
  • Вчитување, обработка и администрирање на фајлови за пензии и парични права; 
  • Координирање и следење на соодветни активности на плаќања што се вршат во мрежата на експозитури; 
  • Извршување и архивирање на сите примени извршни одлуки; 
  • Блокада и деблокада на трансакциски сметки, согласно прописите и др. 

Потребни квалификации: 

  • Диплома за завршено средно образование; 
  • Познавање на MS Office; 
  • Познавање на англиски јазик; 
  • Комуникациски вештини; 
  • Внимание на детали и иницијативност; 
  • Претходно банкарско искуство ќе се смета за предност 

Бенефиции / Придобивки: 

  • Конкурентна плата и дополнителни бенефиции; 
  • Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој; 
  • Динамична работна средина; 
  • Слободен ден за роденден. 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Референт за плаќања”, најдоцна до 20.05.2025 година. 

Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии,

 Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во
Тетово, Велес и Кавадарци

Работни задачи:

  • Градење на квалитетни односи со клиенти.
  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитни барања,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
  • Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи
    или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно
    работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку
    ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии,
    техники и технологии,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.

Бенефиции:

  • Конкурентна плата за кандидати со и без релевантно работно искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: [email protected] и [email protected], со назнака за експозитурата
за која се аплицира. Огласот е активен до 26.05.2025 година.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Референт за позадински операции
во Сектор Плаќања во земјата
во Дирекција Платни системи

Продолжи со читање

Популарно