Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

no baners

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!

Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Менаџер за проектно финансирање, Сектор за корпоративни клиенти / Служба за проектно финансирање.

Што ќе биде твојата улога?

  • Детектирање на потенцијалните проекти и иницирање контакти и комерцијално следење на предложените проекти и нивна реализација по одобрувањето, согласно предвидената проектна документација;
  • Активно следење и запознавање со спецификите на пазарот, регулативата, главните учесници на релевантниот пазарен сегмент;
  • Анализа на потребите на клиентите, советување и продажба на соодветни продукти и услуги, имајќи ја во предвид профитабилноста и специфичните потреби на клиентите;
  • Подготовка на стратегија за соработка со клучните клиенти, која вклучува начини да се зголеми обемот на производи и услуги кои клиентот ги користи, како и подобрување на профитабилноста. Презентација и усогласување на стратегиите со стандардите на Групацијата;
  • Евалуација на тековните и потенцијалните проекти преку предвидување на паричните текови, квантифицирање на приносите на инвеститорите и утврдување на ризиците на проектите;
  • Активна соработка во процесот на финансиско моделирање за финансирање на проекти и помагање во екстерните евалуации и студии за проектите;
  • Актувно учество и координација во склучувањето на договорите со клиентот, обезбедувањето и исполнетоста на условите на финасирање;
  • Активно следење на фазите на реализација на проектот (вклучително и посета), следење на напредокот и идентификување на потенцијалните ризици;
  • Активно учество во регионалната комуникација со другите банки од Steiermärkische Sparkasse Групата, соработка во однос на стратегиите за клиентите, како и усогласување на понудите за клиентите. Обезбедување подобар профит од тие процеси во рамки на Банката и пошироко во регионот.

Кои квалификации се потребни?

  • ВСС / Економски факултет или соодветно високо образование;
  • Најмалку 3 години работно искуство во банкарски сектор ќе се смета за предност;
  • Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
  • Одлично познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.

Доколку веруваш дека токму ти си она што го бара Банката и имаш желба да се приклучиш кон тимот на Шпаркасе банка,  искористи ја оваа можност и да аплицирај на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: [email protected] заклучно со 15.08.2024 со назнака „Апликација за МЕНАЏЕР ЗА ПРОЕКТНО ФИНАНСИРАЊЕ“.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #верувајвоиднината #кариераБезБариера

no baners

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange