Connect with us
no baners

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Секторот за финансиско управување во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Сегментот на финансиска оператива.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот, Секторот за финансиско управување нуди можност за зајакнување на својот тим на успешни професионалци и НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Соработник за сметководство/оператива
во Сектор за финансиско управување,
Служба за Финансиска оператива

Улога во тимот:

  • Управување со влезна документација, евиденција и плаќање на обврските на Банката по основ на користени добра и услуги согласно МСС и стандардите прифатени во СР Македонија;
  • Примена на моделот на примарна евиденција на оперативните трошоци на Банката (OPEX) и инвестиции (CAPEX) согласно законска регулатива и реалокација согласно интерните политики и политиките на НЛБ Групацијата;
  • Подготовка прегледи/извештаи од областа на трошоците и инвестиции за потребите на одлучување на Банката, НЛБ Групацијата и надворешни институции;
  • Примена на законска регулатива од даночната област, примена на Политика на даночен штит, даночен консалтинг во Банката, подготовка на прегледи/извештаи од даночна област;
  • Комуникација со членките на НЛБ Групацијата по однос на побарувања, обврски и трошоци по интерни односи;
  • Комуникација со надворешни институции Управа за јавни приходи, НБРМ и други органи и институции.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Висока стручна подготовка (од економска или друга насока);
  • Минимум 3 години работно искуство од областа на сметководствените стандарди и даночна област;
  • Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени иницијатива, комуникациски и тимски способности, темелен пристап кон работата и спремност за промени.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до 21.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Соработник за сметководство/оператива.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Вработување

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (Референт за домашен платен промет) во Служба за плаќања.

Дел од работните задачи: 

  • Процесирање и плаќања согласно влезни/излезни налози; 
  • Вчитување, обработка и администрирање на фајлови за пензии и парични права; 
  • Координирање и следење на соодветни активности на плаќања што се вршат во мрежата на експозитури; 
  • Извршување и архивирање на сите примени извршни одлуки; 
  • Блокада и деблокада на трансакциски сметки, согласно прописите и др. 

Потребни квалификации: 

  • Диплома за завршено средно образование; 
  • Познавање на MS Office; 
  • Познавање на англиски јазик; 
  • Комуникациски вештини; 
  • Внимание на детали и иницијативност; 
  • Претходно банкарско искуство ќе се смета за предност 

Бенефиции / Придобивки: 

  • Конкурентна плата и дополнителни бенефиции; 
  • Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој; 
  • Динамична работна средина; 
  • Слободен ден за роденден. 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Референт за плаќања”, најдоцна до 20.05.2025 година. 

Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии,

 Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во
Тетово, Велес и Кавадарци

Работни задачи:

  • Градење на квалитетни односи со клиенти.
  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитни барања,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
  • Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи
    или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно
    работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку
    ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии,
    техники и технологии,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.

Бенефиции:

  • Конкурентна плата за кандидати со и без релевантно работно искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: [email protected] и [email protected], со назнака за експозитурата
за која се аплицира. Огласот е активен до 26.05.2025 година.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Референт за позадински операции
во Сектор Плаќања во земјата
во Дирекција Платни системи

Продолжи со читање

Популарно