Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Службата за стратешко планирање и финансиски контролинг како носител на процесот на планирање и менаџерско известување е една од службите во Банката која постојано се развива и менува, прилагодувајќи се на современите трендови во банкарството.

Доколку сакате да бидете дел од тим кој работи во динамична атмосфера со прифаќање на секојдневни предизвици, а воедно да работите во тим во кој се негува тимската синергија и позитивната работна атмосфера, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Финансиски аналитичар
Сектор за финансиско управување

Улога во тимот:

  • Координација на процесот на планирање оперативни трошоци во Банката,
  • Координација на процесот на планирање инвестиции во Банката,
  • Редовно следење на исполнување на планот, анализа на причините за отстапки во планот и подготовка на извештаи,
  • Анализа на трошковна ефикасност и дефинирање на алокациски клучеви за распределба на трошоци со цел управување на профитабилноста на Банката
  • Управување со податоци на Банката за цели на известување од подрачјето на работа,
  • Учество во подготовка на стратешки и деловен план на Банката.

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Две години работно искуство во банкарска или друга финансиска институција (познавање на финансиски менаџмент, финансиско планирање и контролинг ќе се смета за предност);
  • Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint (познавање на сегментот – управување со податоци и Power BI ќе се смета за предност);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Способност за аналитичко размислување, комуникациски и организациски вештини, способност за тимска работа, самоиницијативност и флексибилност;
  • Одговорен пристап кон работата и подготвеност за навремено, квалитетно и професионално извршување на поставените задачи.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

НЛБ Банка ве поттикнува да се пријавите на наведениот оглас со доставување кратка биографија (CV) и мотивационо писмо во кое ќе ги образложите причините поради кои се пријавувате за ова работно место на mail: NLBК[email protected], најдоцна до четврток – 20.04.2023 година.

Кариера

iute Macedonia вработува: Отворена позиција за советник за клиенти

Објавено

на

Компанијата iute Macedonia објави оглас за вработување на нов член во својот тим, на позицијата Советник за клиенти – After Sales. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Од компанијата истакнуваат дека зад секое добро финансиско решение стои разбирањето на потребите на клиентите, нагласувајќи ја важноста на квалитетната комуникација и индивидуалниот пристап.

Новата позиција е наменета за кандидати кои умеат внимателно да ги препознаат потребите на клиентите, да идентификуваат можности и да понудат соодветни решенија што создаваат дополнителна вредност.

„Технологијата ги поврзува услугите. Луѓето го прават искуството подобро“, порачуваат од iute Macedonia, повикувајќи ги заинтересираните кандидати да станат дел од нивниот тим.

Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата биографија (CV) на електронската адреса [email protected], најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Повеќе информации за огласот се достапни на официјалната веб-страница на компанијата: https://iute.mk/sovetnik-za-klienti/.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.

Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.

Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.

Продолжи со читање

Кариера

Иуте Македонија го проширува тимот: Отворена позиција за Раководител на дигитални кориснички операции

Објавено

на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.

Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:

Раководител на дигитални кориснички операции

Твојата мисија?
Одговорен/на за развој и управување со дигиталните кориснички операции преку интеграција на AI решенија, со цел создавање едноставно, брзо и персонализирано корисничко искуство, раст на продажбата и зголемување на долгорочната вредност на клиентите.

Што ќе движиш?

  • Ќе управуваш со моделот на работа во кој вештачката интелигенција и човечките агенти работат интегрирано.
  • Ќе го водиш целиот кориснички пат – од прв контакт, продажба и поднесувањето барање, до проценката на кредитоспособност, одлуката, реализацијата на финансиската услуга, дополнителната продажба, корисничката поддршка и задржувањето на клиентите.
  • Ќе управуваш со AI-поддржани дигитални кориснички операции
  • Ќе развиваш и унапредуваш дигиталните процеси за сите финансиски услуги во екосистемот.
  • Идентификување на процеси кои можат да бидат дигитализирани и автоматизирани преку вештачка интелигенција.
  • Ќе ја следиш и подобруваш успешноста на автоматизираните и човечките интеракции со клиентите.
  • Зголемување на продажбата и користењето на дигиталните финансиски услуги преку персонализирани понуди и data-driven пристап
  • Следење на клучните показатели за продажба, продуктивност, квалитет на услугата, задоволство на клиентите и ефикасност на автоматизацијата.
  • Водење на трансформацијата од традиционален контакт-центар кон интелигентна, дигитална и автоматизирана корисничка операција.

Кого бараме?

✔ Универзитетско образование.

✔ Најмалку 3-5 години искуство во управување со операции, корисничко искуство, дигитални канали, контакт центар или сродни функции.

✔ Искуство во водење тимови и управување со перформанси.

✔ Разбирање на AI, автоматизација и дигитални платформи, како и нивна примена во подобрување на корисничкото искуство и продуктивноста.

✔ Докажано искуство во управување со KPI-и и реализација на деловни цели преку анализа на податоци.

✔ Искуство во управување со трансформациски проекти и воведување нови процеси или технологии ќе се смета за предност.

✔ Дигиталните производи, продажбата и аналитиката ти се природен јазик.

✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски јазик.

✔ Проактивен лидер со силни комуникациски и преговарачки вештини, ориентиран кон резултати и носење одлуки.

✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.

Што добиваш?

-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот

-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари

-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание

-Континуиран развој, учење и професионален раст

-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти

-Тимбилдинзи во земјата и странство

-Спортски активности

-Дополнителни здравствени прегледи

Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку, технологија, дигитални екосистеми и исклучително корисничко искуство – време е да се запознаеме.

📅 Аплицирај до: 25 Септември 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на дигитални кориснички опрации

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange