Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Стратегијата на НЛБ Банка вклучува подобрување на дигиталното искуство на своите клиенти и континуирано се фокусира на осовременување на картичното работење, на апликациите за мобилно и електронско банкарство со нови функционалности и сервиси, како и развој и промоција на нови дигитални канали.

Доколку сте амбициозни, аналитични и имате желба за постигнување на дополнителни резултати, придонес кон унапредување и подигнување на нивото и квалитетот на дигиталните услуги кои им ги нуди НЛБ Банка на клиентите и подобрување на постојните и развој на нови иновативни дигитални сервиси, НЛБ Банка Ве поканува и мотивира да аплицирате на отворената работна позиција во Службата за управување и поддршка на самоуслужни продукти во Секторот за платни системи.

Улога во тимот:

  • Водење на нови проекти поврзани со воведување на нови сервиси, продукти и фукционалности во делот на картичното работење и дигиталните канали;
  • Развој, имплементирање на нови и поддршка на постојни продукти, функционалности и сервиси во сегментот на самоуслужни продукти на Банката;
  • Комуникација и координација со надворешните добавувачи за самоуслужните канали, картичен процесор, меѓународните картични системи како и следење на законската регулатива и меѓународните стандарди во меѓународните платни системи;
  • Учество во планирање и набавки на АТМ, ПОС, картично работење, како и спроведување на бизнис анализа на наведените сервиси;
  • Тестирање и координирање на имплементацијата на нови верзии на самоуслужни продукти, корекции и исправка на неправилности во работењето на сервисите/апликациите;
  • Пријавување и следење на барања за развој и усовршување на самоуслужни продукти/сервиси до надворешни добавувачи.

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование
  • 2 години работно искуство во делот на водење на проекти, бизнис анализа и/ или искуство со дигитални сервиси и канали за плаќање.
  • Предност би се сметало познавање или претходно искуство во сегментот на картично работење и сертификација за Project management);
  • Високо ниво на проактивност, самоиницијативност, спремност и интерес за постојана надградба со нови знаења од технички области и нови трендови во банкарското работење;
  • Одлични комуникациски, организациски и аналитички вештини;
  • Напредно познавање на компјутерски алатки;
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик;

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии (CV) и мотивациски писма можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: [email protected], најдоцна до 13 Јануари 2023 година.

Кариера

НЛБ Банка вработува лице за контрола на усогласеност со прописите

Објавено

на

НЛБ Банка отвори оглас за нова работна позиција – лице задолжено за контрола на усогласеност на работењето на Банката со важечките прописи. Позицијата е клучна за обезбедување на сигурно, транспарентно и регулаторно усогласено работење во динамичниот банкарски сектор.

Работните задачи вклучуваат следење и тестирање на ризиците од неусогласеност, подготовка и контрола на интерни акти, како и континуирано советување во делот на регулативата. Дополнително, новиот кадар ќе биде одговорен за навремено следење на сите нови и изменети прописи.

Кандидатите треба да имаат завршено Правен факултет, а искуство во областа на усогласеност ќе се смета за предност. Потребни се одлични комуникациски и аналитички вештини, проактивен пристап во работењето и способност за самостојно донесување одлуки. Работното место бара и одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office.

Од Банката истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во современо и мотивирачко опкружување, со пристап до напредни обуки, менторство од искусни банкарски експерти и јасен кариерен развој. Дополнително, вработените во НЛБ уживаат конкурентен пакет на плата и бенефиции, приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, платено татковско отсуство и денови за посебни пригоди, вклучително и за роденден.

Покрај тоа, политиката на Банката вклучува наградување на високите перформанси, учество во корпоративни проекти, активности за благосостојба на вработените и одбележување на значајни лични и семејни настани.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк: Отворени работни позиции – НЛБ Банка

Продолжи со читање

Кариера

ТТК Банка вработува Помлад благајник во Филијала Штип

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје вработува Помлад благајник во Филијала Штип. Во продолжение погледнете го целосниот оглас.

Што бараме:

– ССС/ВСС – од областа на економски, правни и организациски науки;

– Без работно искуство (искуство во банка или во финансиска институција ќе се смета за предност);

– Активно познавање MS Office;

– Познавање англиски јазик;

– Солидни комуникациски и продажни вештини;

– Способност за тимска работа;

– Прецизност во извршување на работните задачи;

– Висок степен на чесност, етичност и доверливост.

Што нудиме:

– Почетна воведна обука, континуирано стручно усовршување и можност за професионален развој;

– Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;

– Работа во пријатна атмосфера и динамична организациска средина.

Дел од вашите работни активности:

– Отворање и останати активности со денарски и девизни платежни сметки на физички лица – резиденти и нерезиденти;

– Отворање и останати активности со денарски и девизни платежни сметки на правни лица – резиденти и нерезиденти;

– Безготовински и готовински трансакции во домашен платен промет;

– Активности во врска со менувачко работење;

– Останати услуги во банкарското работење.

Станете дел од тимот на ТТК Банка!

📍 Локација на работното место: Штип

🌐 Веб-страница: www.ttk.com.mk

📅 Рок за пријава: 2.10.2025 г.

Испратете ни кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од уверение за завршено образование со назнака:

„Апликација за помлад благајник во Филијала Штип“ на следната адреса за е-пошта: [email protected] или преку веб-страницата на Банката www.ttk.com.mk, во полето „Вработување“. Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Напомена: Со доставување на вашата апликација за работа се согласувате вашите лични податоци наведени во апликацијата да бидат предмет на обработка од страна на Банката, за потребите на процесот на селекција на кандидати за целото времетраење на истиот, а по завршувањето на истиот, податоците може да се чуваат во базата на Банката во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Доколку сакате да поднесете барање за повлекување на согласноста, барањето исто така да се достави на адресата за е-пошта: [email protected].

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

KБ Пpвo пeнзиcкo дpyштвo AД Cкoпje – лидep нa пaзapoт нa пeнзиcкoтo ocигypyвaњe вo Peпyбликa Ceвepнa Maкeдoниja, пpeпoзнaтливo пo cвoитe eтички пpинципи, виcoкa cтpyчнocт, пpoфecиoнaлнocт и тpaнcпapeнтнocт вo paбoтeњeтo, имa пoтpeбa oд вpaбoтyвaњe нa лицa нa пoзициjaтa стручен соработник за продажба.

Paбoтнoтo вpeмe e 40 paбoтни чaca, ceкoj paбoтeн дeн oд пoнeдeлник дo пeтoк.

Bиcинaтa нa плaтaтa и останатите услови се пpeдмeт нa дoгoвop.

Месечните и годишните бонуси врз основа на остварените продажни резултати.

Oпиc нa paбoтнитe o6вpcки:

Продажба на задолжително и доброволно пензиско осигурување и претставување на задолжителното и доброволното пензиско осигурување и на Друштвото на терен;

Контактирање на потенцијални клиенти и закажување состаноци;

Склучување договори за членство, професионални пензиски шеми и договори за исплата на средства;

Одржување на долгорочна релација со своите членови и постојана грижа за нив;

Известување и подготовка на извештаи согласно барањата и потребите на Друштвото за сите продажни активности.

Пoтpe6ни квaлификaции:

Минимум средно образование (општествена, економска, правна или др. насока);

Дa пoceдyвa вoзaчкa дoзвoлa Б кaтeгopиja.

Пoтpeбнo е кaндидaтoт дa пoceдyвa:

Претходно искуство во продажни активности и/или претходно искуство во финансиски институции ќе се смета за предност;

Позитивен став, пpoaктивнocт, caмoинициjaтивнocт и дoвepливocт;

Koмyникaциcки вeштини – говорни и пиcмeни;

Познавање на MS Office;

Личнa oдгoвopнocт и интeгpитeт;

Подготвеност зa yчeњe и пpoфecиoнaлнo ycoвpшyвaњe.

За вршење работи од областа на маркетингот за пензиските фондови, потребна е лиценца што ја издава Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, за што кандидатите треба да полагаат испит за агент за вршење работи на маркетинг и продажба на задолжително и доброволно капитално пензиско осигурување. 

Кандидатите кои ќе бидат избрани, Друштвото дополнително ќе ги информира за начинот и условите за полагање испит за агент.

Caмo кaндидaтитe кoи ќе влeзaт вo пoтeceн кpyг, ќе бидaт пoвикaни нa интepвjy. Дpyштвoтo гo зaдpжyвa пpaвoтo дa нe aнгaжиpa нитy eдeн кaндидaт oд пpиjaвeнитe нa кoнкypcoт.

3a дoпoлнитeлни пpaшaњa, мoжeтe дa cтaпитe вo диpeктeн кoнтaкт co KБ Пpвo пeнзиcкo дpyштвo на следнава електронска адреса: [email protected] или нa тeл.: 02/3243-777.

Дpyштвoтo Bи нyди флeкcибилнa и пpиjaтнa paбoтнa cpeдинa, кaкo и мoжнocт зa дoпoлнитeлнa oбyкa и пpoфecиoнaлнa нaдгpaдбa.

Дoкoлкy cтe пoдгoтвeни дa ja кpeиpaтe Baшaтa иднинa дeнec, Be oxpa6pyвaмe дa ce пpиклyчитe нa нaшиoт тим.

Baшaтa биoгpaфиja ja oчeкyвaмe нa cлeднaвa eлeктpoнcкa aдpeca: [email protected] нajдoцнa дo 25.09.2025.

Haпoмeнa:

Coглacнo 3aкoнoт зa зaштитa нa личнитe пoдaтoци, co дocтaвyвaњeтo нa Вaшaтa биoгpaфиja зa иднитe пoтpeби нa Дpyштвoтo, coглacни cтe Вaшитe лични пoдaтoци дa бидaт предмет на обработка од страна на Друштвото, за потребите на користење вo пpoцecoт нa ceлeкциja нa кaдpи. Дpyштвoтo Be извecтyвa дeкa Вaшитe лични пoдaтoци нeмa дa бидaт кopиcтeни зa ниeднa дpyгa цeл, освен наведената, нитy пaк, би билe дocтaпни нa тpeти лицa, односно Вашите лични податоци ќе се обработуваат сoглacнo 3aкoнoт зa зaштитa нa личнитe пoдaтoци.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел.: 02/3224-229.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange