Connect with us

Кариера

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката.

Работна позиција: Стручен соработник за превод во Одделение за SWIFT комуникација, Сектор за платежни услуги и надворешнотрговски инструменти во Скопје.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност на продолжување на неопределено време.

Работно време: 40 часа неделно.

Почетна основна нето-плата43.023 денари.

Огласот важи до 18.10.2023 година.

Работни цели и задачи:

  • Писмен превод и кореспонденција согласно потребите на организaционите единици во Банката;
  • Устен превод за потребите на Банката при посети од странство и при превод на седници на тела на Банката и за други потреби на Банката;
  • Проверка на превод на документи преведени од страна на други вработени во Банката, како и за други потреби на Банката.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Универзитетска диплома – дипломиран/а на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ при Филолошкиот факултет во Скопје на:

– Катедра за преведување и толкување,

– Катедра за англиски јазик и книжевност, преведувачко-толкувачка насока;

  • Одлично познавање на македонскиот литературен јазик, македонскиот правопис и граматика;
  • Најмалку 2 години искуство со преведување и толкување, пишано и вербално, односно паралелно преведување на пишани документи, како и работа со симултан/консекутивен превод на состаноци, семинари, настани;
  • За предност ќе се смета доколку кандидатот во досегашното работно искуство работел/а директно со странски државјани, странски компании и бил/a изложен/а на  мултикултурни средини;
  • Овластување за судски преведувач за англиски јазик;
  • Познавање на релевантна стручна терминологија од областа на банкарството и финансиите;
  • Познавање втор странски јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на MS Office алатки и Windows работна околина;
  • Доверливост при изработка на сите документи и кореспонденција со кои се среќава при вршењето на работата;
  • Висок личен интегритет и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптабилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим.

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx , преку e-mail: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Стручен соработник за превод“.

Телефон за контакт (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.

Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Кариера

Алта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес

Објавено

на

Алта банка објави оглас за ангажирање едно лице на работното место стручен соработник за работа со физички лица и микро клиенти во експозитура во Велес.

Од кандидатите се бара завршен Економски факултет, најмалку две години работно искуство во банка, положен стручен испит за застапник во осигурување, одлично познавање на англискиот јазик и работа со програмите од пакетот MS Office. Потребна е и возачка дозвола од Б-категорија.

Работните обврски опфаќаат обработка и анализа на кредитни барања, комуникација со клиенти, презентирање банкарски производи, следење на наплатата на пласманите и подготовка и склучување договори за осигурување.

Избраниот кандидат ќе биде ангажиран со полно работно време и договор на определено време од шест месеци. Висината на платата ќе биде утврдена според компетенциите, стручноста и квалитетот на кандидатот.

Заинтересираните треба да испратат мотивациско писмо и кратка биографија на македонски јазик на електронската адреса [email protected], со соодветна назнака во предметот на пораката. Огласот ќе биде отворен до пополнување на работното место.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура во СКОПЈЕ.

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
  • Продажба на банкарски производи и услуги;
  • Промотивни активности на новите производи;
  • Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
  • Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
  • Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
  • Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
  • Следење на конкуренцијата;
  • Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
  • Вршење на благајнички работи, по потреба;
  • Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
  • Високо образование;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен пристап кон работата;
  • Висок степен на прецизност.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 19.07.2026 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на трезорист во Дирекцијата за раководење со готовина и чување хартии од вредност, во рамки на Секторот за административна поддршка.

Од Банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои се апсолвенти или дипломирани економисти и сакаат да ја започнат или развиваат својата кариера во банкарскиот сектор да аплицираат за работната позиција.

Пријавувањето се врши преку страницата за кариера на Стопанска банка, каде што се достапни повеќе информации за условите и процесот на аплицирање.

„Биди дел од нашиот тим и започни го својот професионален пат во банкарството“, порачуваат од Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange