Продукти
Од денес нова надградена верзија со напредни алатки и функционалности на Електронскиот систем за јавни набавки
Бирото за јавни набавки од денес (1 април 2025 година) ќе ја стави во функција новата, надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Со воведување на нови функционалности и напредни алатки, процесот на јавните набавки ќе стане поефикасен и потранспарентен како за набавувачите, така и за понудувачите.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави: „Оваа значајна реформа ќе го унапреди процесот на јавните набавки, ќе ја зголеми транспарентноста и ефикасноста, а поедноставената и стандардизирана документација ќе овозможи учество на поголем број компании и зголемена конкурентност. Со новата верзија се воведуваат иновативни технологии кои ќе генерираат напредна аналитика на податоци, што ќе придонесе за поголема отчетност во трошењето на јавните средства.“
Клучни подобрувања во новата верзија на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН):
- Автоматско креирање на тендерска документација – ќе се подобри квалитетот на документите, ќе се намалат грешките и пропустите, а со тоа ќе се редуцира потребата за поништување на постапките.
- Скратено време за учество во постапките – ќе се зголеми сигурноста и интегритетот во креирањето на понудите.
- Подобрен мониторинг и анализа на цените – новата алатка за структурирање на финансиските понуди ќе овозможи подобра следливост на цените, споредба на единечни цени и анализа на движењата на пазарот за јавни набавки.
- Усогласување со стандардите на ЕК – новата верзија претставува значаен чекор кон интеграција на ЕСЈН како официјален член (e-Sender) на платформата за објава на тендери на ЕУ (ТЕД).
Оваа надградба претставува основа за идни реформи, вклучувајќи и воведување на унифицирана е-фактура за јавни набавки во соработка со Управата за јавни приходи.
Тимот на Бирото за јавни набавки, предводен од директорката Маре Богоева Мицовска, останува посветен на континуирано подобрување на системот на јавните набавки, преку воведување иновативни електронски алатки и зајакнување на интегритетот и довербата во јавните набавки.
Продукти
iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket
iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.
Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.
Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.
Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.
Банки
НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка
Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.
Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.
Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.
За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.
Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.
Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.
Банки
Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември
Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.
Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.
Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Банкипред 2 месециНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Анализипред 1 месецМакедонија ќе има два система за инстант плаќања: КИБС Инстант и мобилна апликација „Стрела“ преку КИБС и TIPS Clone преку Народната банка
-
Колумнипред 2 месециКој ќе биде македонскиот Revolut?
-
Осигурувањепред 2 месециЗОИЛ Македонија го смени името во Алта Осигурување, седиштето се сели во Скопје
-
Банкипред 1 месецКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува ИТ професионалец – Специјалист за ИТ за независна валидација

