Криптовалути
НОВ ДЕН НОВ РЕКОРД – Биткоинот ја надмина границата од 80.000 долари, која е следна цел?

Вредноста на најпознатата криптовалута Биткоин за прв пат го надмина прагот од 80 илјади долари со што постави нов историски рекорд.
Биткоинот е во постојан раст по победата на Доналд Трамп на изборите во САД, а максималната вредност која ја достигна денес изнесуваше 81.802 долари за еден биткоин. Во моментов пазарната вредност на еден биткоин изнесува 81.182 долари.
Цената на најпознатата криптовалута се зголеми за повеќе од 4% во однос на претходниот ден, додека во последните седум дена, вредноста на биткоинот има раст од повеќе од 18%.
Трамп за време на својата изборна кампања ја вети поддршката за криптовалутите, што создаде позитивен импулс на пазарот. Неговите ветувања за продолжување на низок степен на регулација на крипто пазарот и за обезбедување евтина енергија за копањето на биткоини се чинат како фактори кои го поттикнаа растот на цената на биткоин и го зајакнаа верувањето во иднината на криптовалутите.
Аналитичарите веруваат дека ветувањата на Трамп за време на изборната кампања влеаја доверба на пазарот, а неговата победа дополнително го зајакнува силниот нагорен тренд на биткоинот и останатите криптовалути.
Криптовалути
Вашето утринско кафе во крипто светот вреди повеќе отколку што мислите – еве зошто!

Митот дека за да се инвестира во биткоин мора да се купи цела монета сѐ повеќе се руши. Денес, благодарение на можноста за фракционално поседување, доволно е износ еквивалентен на цената на една шолја кафе за да се стане сопственик на дел од најпознатата криптовалута во светот.
Имено, еден биткоин може да се подели на 100 милиони единици, познати како „satoshi“ (1 Bitcoin = 100 милиони сатоши). Тоа значи дека секој заинтересиран може да започне со мала инвестиција, без потреба од вложување на големи финансиски средства.
Според Binance, најголемата светска крипто берза, овој пристап ја прави криптовалутата попристапна и го руши митот и впечатокот дека таа е наменета само за богатите или за искусните инвеститори.
„Не мора да поседувате цел биткоин за да бидете дел од крипто економијата. Напротив, секојдневните мали износи можат да бидат прв чекор во разбирањето и користењето на дигиталните средства“, порачуваат од компанијата.
Со оваа практика, криптовалутите стануваат сѐ поприсутни во секојдневниот живот. Малите вложувања нудат можност за учење, за постепено градење на доверба и за учество во еден од најбрзо растечките финансиски сектори.
Експертите предупредуваат дека, како и кај секоја инвестиција, постои ризик и потребна е информираност. Но, почетокот со симболични суми – како цената на едно макијато, им овозможува на многумина да ја почувствуваат крипто економијата без големи ризици.
„Оваа стратегија го отвара крипто светот за широка јавност и ја прави финансиската технологија попристапна и појасна од кога и да е. И сето тоа започнува со тоа што можеби секој од нас го прави секојдневно: уживање во шолја кафе“, велат од Binance.
Криптовалути
Нови телефонски измами ја таргетираат крипто-заедницата

Измамниците постојано наоѓаат нови начини да се доближат до крипто-корисниците, а во последниве неколку недели ширум светот зачестија телефонски повици во кои непознати лица се претставуваат како вработени во Binance, најголемата светска платформа за криптовалути. Целта е јасна – да се убедат корисниците да направат измени во своите API-поставки, што подоцна им овозможува на измамниците да ги испразнат нивните сметки.
Според податоците на Binance, овие повици се кратки, но многу убедливи. Во повеќето случаи, измамниците користат технологија за „маскирање“ на телефонскиот број, па разговорот изгледа како да доаѓа од официјален извор. Притоа, лицата на другата страна од линијата зборуваат брзо и со тон што оддава итност, оставајќи впечаток дека станува збор за безбедносна проверка што мора веднаш да се изврши.
Последиците од ваквите измами веќе се видливи. Само во текот на јули, десетици корисници пријавиле загуби кои се движат од неколку стотици до неколку илјади USDT. Дел од нив, под притисок на „официјалниот“ повик, веднаш ги смениле своите API-поставки, што било доволно измамниците да добијат пристап до средствата.
Binance во официјална објава потсетува дека никогаш не бара промена на безбедносни параметри преку телефонски повик.
„Единствени официјални канали се нашата апликација, веб-страницата binance.com и електронската пошта со домен @binance.com“, нагласуваат од компанијата.
Секој повик кој нуди „помош“ или бара измена на API-поставки, велат од Binance, е сигурен знак за измама.
Компанијата советува корисниците да преземат дополнителни мерки на претпазливост:
• Задолжително активирање на двофакторскаавтентикација (2FA), по можност со апликација или безбедносен клуч;
• Користење Passkey технологија која обезбедува поголема заштита од фишинг;
• Ограничување на дозволите на API-клучевите и редовна проверка на активноста на акаунтот;
• Вклучување нотификации за сите трансакции и повлекувања.
Во случај на сомнителен телефонски повик, Binance препорачува разговорот веднаш да се прекине, бројот да се забележи и случајот да се пријави до службата за корисничка поддршка. Доколку некој корисник сепак направил промени по ваков повик, потребно е веднаш да ја смени лозинката, да ги поништи API-клучевите и да се обрати до компанијата за дополнителна заштита.
„Вашето внимание е најсилната одбрана,“ стои во пораката на Binance.
Компанијата нагласува дека и покрај тоа што инвестира во најсовремени системи за откривање и блокирање на измами, навиките на корисниците остануваат првата линија на одбрана.
Експертите предупредуваат дека со растот на крипто-пазарот расте и креативноста на измамниците. Она што некогаш беа фишинг-пораки преку електронска пошта, сега се претвора во телефонски повици што изгледаат легитимно. Затоа, вниманието и информираноста се клучни за секој што поседува дигитални средства.
Криптовалути
Корисниците на Binance во Европа сега можат да конвертираат криптовалути и да повлекуваат средства на Mastercard

Binance воведе две нови услуги за корисниците во Европската економска област (EEA) и Обединетото Кралство, овозможувајќи речиси во реално време конверзија на криптовалути во официјални валути и повлекувања директно на дебитни или кредитни картички Mastercard. Поддржани од Mastercard Move, овие услуги – Sell to Card (Продај на картичка) и Withdraw to Card (Повлечи на картичка) го поедноставуваат процесот на повлекување средства, правејќи го побрз и поудобен за секојдневно трошење, онлајн купување или подигање готовина од банкомат.
Новата услуга Buy & Sell е достапна и на веб-страницата и на апликацијата на Binance. Корисниците можат да изберат помеѓу:
- Sell to Card: Инстантно конвертирање на криптовалути во евра и испраќање на средствата директно на поврзана Mastercard картичка. Идеално за корисници кои чуваат крипто и сакаат да го повлечат со еден клик.
- Withdraw to Card: Трансфер на постојниот евро-баланс од Binance директно на Mastercard. Погодно за корисници кои веќе имаат официјални валути во својата Binance сметка од депозити или претходни продажби.
Моментално, двете опции поддржуваат исплати во евра, со планови за проширување и на други официјални валути. Средствата пристигнуваат веднаш, без комплицирани трансфери, што ја прави оваа услуга една од најбрзите опции за исплата кои Binance ги нуди.
Како функционира:
За Sell to Card, корисникот ја избира криптовалутата што сака да ја конвертира, ја избира официјалната валута, го внесува износот и ја избира опцијата „Card“ како метод за исплата. За Withdraw to Card, корисникот ја избира опцијата „Card“ во делот за повлекување, го внесува износот и ги следи упатствата на екранот.
Thomas Gregory, потпретседателот за официјалната валута во Binance, истакна дека овие подобрувања се дел од мисијата на Binance да го направи криптото полесно за користење во секојдневието. Тој го истакна речиси 300-милионскиот глобален кориснички круг на платформата како главна движечка сила зад ваквите иновации. Исто така, потенцираше дека соработката со Mastercard има за цел да го прошири пристапот и можностите за глобалната корисничка база на Binance, истовремено придржувајќи се до високи стандарди за регулаторна усогласеност, безбедност и заштита на корисниците.
Од страна на Mastercard, Scott Abrahams, извршен потпретседател за глобални партнерства, изјави дека партнерството има за цел да го „отклучи вистинскиот потенцијал на крипто средствата за секојдневна употреба“ преку обезбедување беспрекорно корисничко искуство при исплати.
Со здружени сили, Binance и Mastercard им овозможуваат на корисниците полесно од кога било да го претворат своето крипто во готовина – брзо, безбедно и според сопствени услови.
-
Банкипред 2 месеци
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месеци
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Банкипред 2 месеци
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Продуктипред 2 месеци
Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка
-
Продуктипред 2 месеци
Картичка за премиум доживување – Lounge пристап што го трансформира патувањето
-
Бизниспред 2 месеци
САД и Јапонија со нов трговски договор: Царини од 15% и инвестиции вредни 550 милијарди долари
-
Берзапред 2 месеци
Јавна опомена од Македонска берза за 5 котирани друштвa поради непочитување на обврските за навремено објавување на информации за финансиската состојба
-
Криптовалутипред 2 месеци
Словенија предлага 25% данок на добивка од дигитални средства