Банки
НЛБ Банка и Visa – ексклузивни спонзори на новата концертна сезона на Avalon!

Со огромна радост и задоволство, НЛБ Банка ја најавува продолжената соработка со Visa и Авалон продукција, која и ова лето им носи на граѓаните незаборавно музичко искуство во организација на Авалон продукција! Во рамки на ова партнерство, корисниците на НЛБ Visa картички добиваат ексклузивна поволност – 15% попуст при онлајн купување влезници за сите концерти преку платформата avalonbooking.mk.

Во фокусот се концертите на светски музички ѕвезди, кои ова лето ќе ја претворат Македонија во центар на регионалната музичка сцена. Со поддршка од НЛБ Банка и Visa, посетителите добиваат не само одлична забава, туку и директна финансиска корист.
И тоа не е сè – следете ги социјалните мрежи на НЛБ банка, бидејќи следуваат возбудливи наградни игри, подароци и ексклузивни искуства за најсреќните корисници.
Банки
Вработените на Комерцијална банка со медали и силен тимски дух на „Бофосијада 2025“

Вработените на Комерцијална банка уште еднаш покажаа дека тимскиот дух и ентузијазмот можат да донесат одлични резултати.
На меѓународните банкарски игри „Бофосијада 2025“, што се одржаа во Кладово, Србија, КБ тимот, предводен од Синдикалната организација на Банката, постигна извонредни спортски успеси и освои десет медали во повеќе спортски дисциплини.
Златни медали освоија Милена Петрески во куглање, Звонко Волчевски во пикадо, како и женскиот тим во куглање.

Сребро освоија тимовите во куглање – мажи, влечење јаже – жени и во одбојка, а во поединечна конкуренција второ место освои Соња Филиповска во куглање.
Бронзени медали им припаднаа на женскиот одбојкарски тим, на Никола Јаневиќ во шутирање тројки и на Славко Стефанов во куглање.
Честитки за КБ тимот и за неговата постојана посветеност со која редовно постигнува врвни резултати. Поддршката за спортските активности останува важен дел од нашето залагање за мотивирани, енергични и тимски ориентирани вработени.
Банки
Усвоен најновиот Квартален извештај со пролетните макроекономски проекции на Народната банка

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка.
Основната макроекономска слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со октомвриските проекции.
Растот на домашната економија постепено би забрзувал во периодот на проекциите 2025 − 2027 година. За оваа година се очекува раст од 3%, што претставува мала надолна ревизија во однос на октомвриската оцена, во услови на понеповолно надворешно окружување. За периодот 2026 − 2027 година, оцените и понатаму покажуваат раст на економската активност од 4%. Се очекува дека главен носител на економското закрепнување ќе бидат пред сè инвестициите, поддржани од јавниот инфраструктурен циклус и странските инвестиции. Позитивен поттик се очекува и од личната потрошувачка, во услови на раст на расположливиот доход и на кредитирањето. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни.
Во периодот на проекциите се очекува натамошен тренд на забавување на инфлацијата. Најновите оцени упатуваат на просечна стапка на инфлација од 3% во 2025 година, наспроти октомвриските согледувања за инфлација од 2,5%. Оваа промена ги одразува малку повисоките остварувања во првиот квартал оваа година, но и нагорните ревизии на оцените за цената на суровата нафта и на основните прехранбени производи на светските берзи. Сепак, и натаму се очекува дека инфлацијата ќе се сведе на историскиот просек од 2% во 2026 година и ќе се задржи на тоа ниво и во 2027 година. Ризиците за инфлацијата во најголема мера се поврзуваат со геополитичките тензии, трговската неизвесност предизвикана од протекционистичките политики, нарушувањата на синџирите на снабдување и климатските фактори.
И натаму се очекува стабилна надворешна позиција на економијата на среден рок. За 2025 година се предвидува умерено продлабочување на дефицитот на 3,2% од БДП. Ваквите поместувања во најголем дел ќе произлезат од понискиот суфицит кај секундарниот доход, согласно очекувањата за стабилизирање на номиналниот износ на нето-приливите од приватните трансфери, како и од проширувањето на дефицитот на стоки и услуги.За преостанатиот период на проекцијата, 2026 − 2027 година, се очекува подобрување на тековната сметка, при проектиран дефицит на тековните трансакции во просек од 2,7% од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од странските директни инвестиции и долгорочното задолжување на државата. Значајно е да се напомене дека во целиот период на проекцијата се очекува задржување на девизните резерви на соодветното ниво.
Банкарскиот систем и понатаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка за економијата. До крајот на 2025 година, се очекува дека кредитниот раст ќе изнесува 9%. Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,3% за периодот 2026 ‒ 2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидносна позиција на банките. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот на 2025 година, се очекува солиден годишен раст на депозитите од 7,5%, а на среден рок за периодот од 2026 до 2027 година од околу 7,7%, во просек.
Во првото тримесечје на 2025 година, Народната банка продолжи со постепеното нормализирање на монетарната политика, со намалување на каматната стапка во февруари. Оттогаш наваму не се направени промени во монетарната политика, во услови на поволни движења, но поизразени ризици. Засега, се оценува дека сегашната поставеност е соодветна на економските услови, имајќи ги предвид и ризиците од надворешното и од домашното окружување. Народната банка како и досега внимателно ќе ги следи движењата кај најважните показатели и ризиците од надворешното и домашното окружување и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност.
Банки
Ќе се одржи 54. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 26 јуни 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 54. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.
На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути.
По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.
Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected] , најдоцна до 25 јуни 2025 година (среда).
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.
- Банкипред 1 месец
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Банкипред 2 месеци
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 20,1%!
- Банкипред 2 месеци
Централна кооперативна банка АД Скопје: Известување за исплата на пензиите за април 2025 година
- Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје во првиот квартал од 2025 година оствари добивка од 13,5 милиони евра!
- Анализипред 1 месец
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Берзапред 2 месеци
Заеднички настан на Македонска берза и EBRD „Финансирајте се пазарно!“
- Банкипред 1 месец
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 1 месец
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите