Connect with us
no baners

Банки

Конкурс од Народната банка за учениците од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Објавено

на

Народната банка и Министерството за финансии традиционално, тринаесетта година по ред, го објавуваат конкурсот за учениците од основните и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври.

Учениците од основното образование може да испратат литературна и / или ликовна творба на темата: „Да штедиме за нашите желби, да штедиме за нашата иднина“. За избраните 12 најдобри творби на учениците од основното образование ќе им бидат доделени парични награди, и тоа: 3 награди за најдобар цртеж / дигитален цртеж за учениците од 1. до 5. одделение; 3 награди за најдобар цртеж / дигитален цртеж за учениците од 6. до 9. одделение; 3 награди за најдобра песна за учениците од 1. до 5. одделение и 3 награди за најдобар расказ за учениците од 6. до 9. одделение.

Учениците од средното образование може да испратат литературна творба ‒ есеј на темата: „Штедењето, парите и финансиските услуги во современата дигитална ера“. За избраните 3 најдобри творби на учениците од средното образование ќе им бидат доделени парични награди.

Крајниот рок за доставување на творбите е 15 октомври 2025 година.

Списокот на наградените ученици ќе биде објавен најдоцна до 31 октомври 2025 година, на интернет-страниците на Народната банка и на Министерството за финансии.

https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-30092025-2.nspx?fbclid=IwY2xjawNJ6dhleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFJRkpCOHJodEJCR1JaM0VaAR4iIUO2HtXko6pMXbhpAqUsypH7671DmJExxbw683gFHGweNr4Wn5lk5Cj7Kw_aem_cjlrLaFx4lnqFfjEc_3nAg

https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-konkurs-za-ucenicite-od-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-po-povod-svetskiot-den-na-stedeneto-31-oktomvri-30092025.nspx?fbclid=IwY2xjawNJ6hRleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFJRkpCOHJodEJCR1JaM0VaAR4aqRSS-nB7e6kAnSEJu8U4pt0Wcuu0w7pt1Ny0ck2T5RBUFYgOONuGhnCrvw_aem_OivUXWFAPw4tzRAlwrsc_Q

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 25 мај

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка и Visa со наградна игра: Патување во Disneyland Paris за четири лица

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa Inc. организира наградна игра преку која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland® Paris за четири лица.

Од Банката информираат дека наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Во овој период, секое плаќање со Visa картичка носи дополнителна шанса за освојување на главната награда.

„Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за награда“, велат од Комерцијална банка.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 јуни 2026 година.

Повеќе информации и правилата за наградната игра се достапни на: Комерцијална банка

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје доби LEED Gold сертификат за одржлива градба

Објавено

на

Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво.

Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за значаен успех не само за тимот што работел на проектот, туку и за развојот на одржливата и енергетски ефикасна градба во регионот.

LEED сертификатот претставува меѓународно признат стандард за зелени и еколошки одржливи објекти, кој ги оценува енергетската ефикасност, одржливоста и влијанието врз животната средина.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange