Продукти
MY Unibank – ново мобилно банкарство на УНИБанка АД Скопје
Новата апликација My Unibank е нова верзија со модерен изглед, подобрен кориснички интерфејс, лесна навигација, зголемен број на функционалности.
Новите функционалности, покрај новиот модерен изглед, се создадени со цел на брз, практичен и иновативен начин, корисниците да ги завршат своите потреби за банкарски услуги.
За постоечките корисници, новата апликација може да се активира без посета во експозитура и со примена на најдобрите практики и меѓународните стандарди за безбедност на овој вид на комуникација.
Функционалности кои се вклучени во мобилната апликација се:
- Можност за најава и потпишување со Биометрија – НОВО
- Плаќања во земјата – Кредитен трансфер, Режиски трошоци, Буџетски плаќања
- Плаќања во странство – НОВО
- Плаќања со тековна или идна валута
- Листа на одобрени примачи – НОВО
- Плати на пријател (преку листата на телефонски контакти) – НОВО
- Побарај пари од пријател (преку листата на телефонски контакти) – НОВО
- Купопродажба на валута – НОВО
- Договарање на курс – НОВО
- Целосен достап до трансакции и авторизации со дебитни и кредитни картички
- Можност за затварање на достасан долг по кредитна картичка
- Копија на налог, зачувување на налог како шаблон
- Нотификации – за приливи, одливи, блокади, деблокади – НОВО
- Брз преглед на документи за потпис и последни трансакции
- Изводи по сметки и депозити
- Креирање на извештаи за промет во период
- Вчитување на изводи, извештаи за промет и налози во .pdf формат и споделување – НОВО
- On Line аплицирање за кредит
- Барање за СМС нотификации,
- Барање за пакети
- Скенирање на QR код заради авторизации
- Информации за курсна листа
- Мапа на банкомати и експозитури со навигација за најблиската локација
- Приспособувања на јазикот за работа, лозинката, мерки за безбедност
- Доставување на пораки до Банката при потреба од менито поддршка и информација
- Информации за Тарифата на Банката, Општите услови користење на услуги во електронските сервиси на Банката, Политика за приватност
Апликациите My Unibank и UNI Tоken стануваат една апликација – My Unibank.
Новата апликација My Unibank поддржува и скенирање на QR код за најава и потпишување на налози и документи и на web апликацијата на Банката и на мобилната апликација.
Банки
НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.
НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.
Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.
Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите.
Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.
Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.
Осигурување
Сава пензиско друштво нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците
Сава пензиско друштво нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.
Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.
Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.
Од Сава пензиско друштво велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.
Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.
Банки
Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.
Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
Услови на кредитната линија:
- Износ од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата до 5 години
- Месечни, квартални или полугодишни ануитети
- Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
- Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%
Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).
Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
