Connect with us

Банки

Електронски идентитет и електронски потпис – нова услуга за клиентите на УНИБанка во соработка со Evrotrust и Мastercard

Објавено

на

На задоволство на клиентите и на свое огромно задоволство, УНИБанка АД Скопје известува дека воведе нова услуга овоможувајќи на клиентите целосно дигитално искуство при вршење на банкарските услуги, преку користење сервисите електронски идентитет и електронски потпис за дигитално потпишување на документи.

Услугата е достапна преку мобилната апликација “ID“ која што е дел од платформата “ID operated by Evrotrust, овозможени од „Mastercard“ и „Евротраст“ (Evrotrust).

Отсега, клиентите на УНИБанка ќе имаат поголема флексибилност, како и лесен, безбеден и брз пристап во извршувањето на банкарските услуги со заштеда на време, ресурси и финансиски средства.

Клиентите ќе можат да користат банкарски услуги од далечина, без да треба физички да бидат присутни во експозитура и без користење на хартиени документи.

Мобилната апликација “ID“ овозможува на клиентите да се идентификуваат и да потпишуваат електронски документи со својот квалификуван дигитален потпис, од кое било место во светот.

Постапката на креирање на електронски идентитет е брза и едноставна и достапна преку мобилната апликација “ID Operated by Evrotrust“ на Google Play и App Store. Со апликацијата, освен електронска идентификација, корисникот добива и квалификуван дигитален сертификат, кој е замена за неговиот своерачен потпис.

Откако еднаш ќе го креира електронскиот идентитет, клиентот потоа ќе може да го користи за идентификување кон сите компании и институции што ја овозможуваат оваа услуга.

Новите услуги ќе бидат целосно бесплатни за клиентите на УНИБанка и за нив нема потреба посебно да аплицираат.

„Со интеграција на ова решение, како банка сме целосно подготвени да идентификуваме клиенти без физичко присуство во Банката, како и да проследиме електронска документација на наш клиент идентификуван на ваков начин и повратно да добиеме електронски потпишан документ, притоа овозможувајќи на клиентите попродуктивно користење на слободното време без посета на шалтер, во движење, од канцеларија или од дома, во кој било период од денот”, велат од УНИБанка АД Скопје.

Применувањето технологии и проверени дигитални алатки дава предност на пазарот, обезбедувајќи нови привилегии на клиентите физички лица, кои значат слобода, заштеда на време и пари.

Затоа, да ја користиме технологијата за добро!

Електронскиот Идентитет е овозможен во Р.С. Македонија согласно “Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги“.

Evrotrust како регистриран и лиценциран издавач на “Шема за Електронска Идентификација“ во нашата држава, имплементира највисоки безбедносни принципи за ракување и заштита на личните податоци.

Банки

Јордан Борисов Христов именуван за член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје по добиената согласност изврши промени во членовите на Надзорниот одбор.

Ве известуваме дека на ден 22.01.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Јордан Борисов Христов да биде именуван за член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје за период од 4 (четири) години.” – се вели во објавата на Македонска берза.

Во моментов согласно официјален податок објавен на веб страницата на банката надзорниот одбор го сочинуваат:

Јордан Борисов Христов се очекува да го замени Георги Димитров Константинов, кој поднесе оставка на оваа позиција минатата година.

Новиот надзорен одбор би го сочинувале Тихомир Ангелов Атанасов, Јордан Борисов Христов, Христо Георгиев Христов, Јонко Петров, Светослав Мичев и Вангел Спиров.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

Објавено

на

НЛБ д.д. продолжува да создава подобри отпечатоци и да го зајакнува своето влијание во Југоисточна Европа, особено во сферата на одржливоста. По значително подобрениот ЕСГ рејтинг за ризици за 10.5 од „Morningstar Sustainalytics“ кон крајот на 2024 година, Банката сега заработи две признанија од истата водечка компанија за истражување, рејтинг и податоци за ЕСГ. 

„Morningstar Sustainalytics“ неодамна ја претстави својата листа на најдобро оценети компании за ЕСГ (животна средина, социјални апсекти и корпоративно управување) за 2025 година која опфаќа над 15.000 компании во 42 индустрии, препознавајќи ја НЛБ како „Top regional and Top industry“ компанија. Овие признанија ја потврдуваат посветеноста на НЛБ за одржливи практики и одговорно работење.

Признанието „Top regional“ ја става НЛБ меѓу 432-те највисоко оценети компании во Европа, додека признанието „Top industry“ ја рангира на 42-то место од 1.027 оценети банкарски компании ширум светот.

Ние сме исклучително горди на ова признание за НЛБ и за целата Групација, бидејќи ги одразува вредните напори на нашиот менаџмент, ЕСГ координаторите и сите вработени. Ова признание ја зајакнува посветеноста на НЛБ за подобар свет, почнувајќи од нашиот матичен регион. Високиот рејтинг и признанијата од реномирани агенции се сигнал до јавноста дека компанијата е отпорна и прогресивна, дека ефикасно управува со ризиците, истовремено искористувајќи ги предностите на одржливиот бизнис. За инвеститорите, ова претставува клучен показател за долгорочна вредност и одговорни деловни практики на денешниот пазар. – истакнува Иван Томиќ, Директор за стратегија и бизнис развој во НЛБ д.д.

Ова признание доаѓа откако НЛБ ја доби својата подобрена оценка за ЕСГ од 10.5 на крајот на 2024 година. Оценката, како одраз на нискиот ризик од материјални финансиски влијанија од ЕСГ фактори, ја смести НЛБ во топ 5-ти перцентил од сите банки оценети од Morningstar Sustainalytics. Ова претставува повеќе од 34% подобрување од рејтингот што НЛБ го доби во 2023 година, што се должи на подобрените перформанси на Банката за 26%, и промената во методологијата на Sustainalytics, која придонесе со 8% во подобрувањето. НЛБ најмногу го подобри своето одржливо работење во Приватноста на податоците, Сајбер-безбедноста, Одговорната маркетинг политика и Одговорното управување со средства. Повеќе за резултатите тука

Овој текст е изработен од НЛБ д.д. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка и ЕБОР заеднички работат на олеснување на пристапот до финансии за жените претприемачи

Објавено

на

Народната банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), преку Кодексот за финансирање на жените претприемачи во земјава, работат на зголемување на финансиската вклученост на жените претприемачи, преку активности за олеснување на пристапот до капитал, поддршка на развојот на вештините и знаењата, како и следењето на трендовите преку статистички податоци. Во рамките на мисијата на ЕБОР за спроведувањето на Кодексот во нашата земја, беше одржана средба помеѓу тимот на Народната банка предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и тимот на ЕБОР, предводен од Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во Македонија.

Целта на оваа мисија е согледување на можностите за обезбедување соодветни податоци како основа за анализа на родовите јазови во пристапот до финансии кај микропретпријатијата, малите и средните претпријатија и зголемување на свесноста за поддршката којашто треба да ја обезбеди Кодексот помеѓу сите релевантни институции во земјава. На состанокот се разговараше и за зајакнување на процесот на обединување на напорите на регулаторите и на давателите на финансиски услуги со цел да се прошират можностите за финансирање на жените претприемачи.

Народната банка активно работи на едуцирање на корисниците на банкарски услуги, што придонесува за подобар пристап до финансии на сите субјекти, вклучително и на жените претприемачи. Финансиската едукација на жените, како и финансиската вклученост на малите и средните претпријатија се дел од активностите предвидени со Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија. Дополнително, Народната банка ќе работи на збогатување на статистиката за пристап до финансиите на компаниите кои се во сопственост на жени или се управувани од жени“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Ни претставува задоволство што соработуваме со Народната банка во унапредувањето на Финансискиот код за претприемаштво кај жените во земјата. Оваа иницијатива ја истакнува нашата посветеност на зајакнувањето на финансиската вклученост на жените претприемачи, преку целна поддршка и пристап до капитал. Со заеднички сили, ЕБОР и Народната банка се стремат да ја зајакнат средината во која бизнисите со кои управуваат жени ќе постигнуваат успех, ќе го поттикнат економскиот раст и во која ќе владее родовата еднаквост“, посочи Туркменоглу, постојаниот претставник на ЕБОР во Македонија.

Кодексот за финансирање на жените претприемачи се применува и е поддржан од околу 30 земји во светот. Целта е да се воспостави координирано спроведување на Кодексот при што ќе бидат ангажирани што поголем број чинители − регулаторите, давателите на финансиски услуги и други партнери, коишто ќе работат заедно на изградбата на националната инфраструктура за обезбедување податоци и анализа на родовата финансиска вклученост, како и проширување на понудата на финансиски производи што им се нудат на жените претприемачи.

Тимовите на Народната банка и на ЕБОР оценија дека нивна заедничка цел е да се зајакне поддршката на бизнисите предводени од жени и залагањето за родовата еднаквост, што ќе придонесе за зголемена финансиска вклученост, отворање нови бизниси и работни места, како и за придвижување на економскиот раст.

Продолжи со читање

Популарно