Банки
Московскиот окружен арбитражен суд ги замрзна средствата на американските банки „JP Morgan“ и „The Bank of New York Mellon“ во Русија
Московскиот окружен арбитражен суд вчера ги замрзна средствата на американската „The Bank of New York Mellon“, во сопственост на руската филијала на „Citibank“, како и на банката „JP Morgan Chase“, во сопственост на руската филијала на банката, во износ од близу 372 милиони долари.
Во одлуката на судот се вели дека мерката ја побарал заменик-јавниот обвинител „за заштита на интересите на Руската Федерација“ во врска со одземањето од страна на Централната банка на Украина на лиценцата на „MR Bank“ и плановите за нејзино затворање до 2025 година.
Банката „MR“ е украинска филијала на најголемата руска банка „Сбербанк“.
Канцеларијата на рускиот заменик јавен обвинител инсистира на признавање на средствата на банката „MR“ во банките „JP Morgan Chase“ и „The Bank of New York Mellon“, во износ од 121 милион долари, односно 251 милион долари, за законска сопственост на „ Сбербанк“, која мора да биде компензирана со замрзнатите средства на двете американски банки, во вкупна вредност од 372 милиони долари.
Банки
Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година
На свеченото одбележување на Светскиот ден на штедење, кое традиционално го организира Македонската Банкарска Асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.
Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година.
„Горди сме што оваа чест годинава ја понесоа нашите колеги Снежана Атанасова и Миле Арсовски. Честитки за нивните достигнувања и благодарност за нивниот труд и нивната посветеност кон професијата и кон клиентите. Се гордееме со нивниот успех и им посакуваме уште многу награди и успеси!“, велат од ПроКредит Банка.
Банки
Подарок штедни книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка за бебињата родени на Денот на штедењето
Денот на штедењето, Комерцијална банка го прослави и со традиционалната посета на родилишта и доделување подарок штедни книшки „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари за бебињата родени на 31 октомври.
Со оваа мисија Комерцијална банка, на своја огромна радост, дава придонес за подобра и посреќна иднина на децата и го поттикнува штедењето уште од најмала возраст. А, им помага и на родителите да го наметнат значењето на штедењето како важна животна вредност за нивните деца.
Штедните книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка не се само обичен подарок – тие се симбол на вербата дека секое дете заслужува сигурна иднина и поддршка во реализација на своите соништа. Отворањето штедна книшка за новороденчињата е еден мал чекор во градењето култура на штедење и одговорност кон финансиската сигурност.
Штедењето од најмала возраст е една од највредните лекции кои можеме да ги пренесеме на следните генерации. Затоа „Верверичката“ на Комерцијална банка заедно со родителите веќе две децении гради подобра иднина за нашите деца.
Банки
Известување од ЦКБ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец октомври
Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека средствата по основ на примања од социјални права за месец октомври ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 05.11.2024 година (вторник).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.11.2024.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- – 05.11.2024 (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- – 06.11.2024 (среда) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
- Банкипред 1 месец
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 1 месец
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 1 месец
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 1 месец
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 1 месец
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 1 месец
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Вработувањепред 3 недели
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Колумнипред 2 недели
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!