Connect with us

Банки

Халкбанк ги носи децата на планетата Ѕвездалија за месецот на штедењето

Објавено

на

Едукацијата, забавата, креативноста и корисните навики за штедење се во фокусот на активностите, кои Халкбанк АД Скопје ќе ги посвети на децата во текот на октомври – месецот на штедење. Во центарот на овие активности е едукативната друштвена игра „Мистериите на планетата Ѕвездалија“, која e креирана и произведена во Македонија.

Оваа игра на децата ќе им овозможи преку интеракција и креативно решавање задачи да развијат важни животни вештини како што се штедењето и одговорното управување со ресурси, но и да се забавуваат со своите врсници и семејството. Играта ќе се доделува како подарок во филијалите на Халкбанк, за секоја новоотворена детска штедна книшка во периодот од 1 до 31 октомври.

„Октомври традиционално е месецот кој го посветуваме на создавање позитивни
финансиски навики кај најмладите. Со играта „Мистериите на планетата Ѕвездалија“ сакаме да го направиме штедењето забавно и едукативно искуство за децата. Важно е тие уште од најрана возраст да разберат што значи да се штеди и како правилно да управуваат со своите средства. Халкбанк е секогаш тука да го поддржи развојот на најмладите членови на нашето општество, нудејќи едукација и поддршка преку креативни и иновативни решенија“
, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Промоцијата на играта ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија, вклучувајќи заедничко играње во основни училишта во Гевгелија, Прилеп и Штип, како и настан во главниот град Скопје, на 31 октомври.

Во текот на месецот на штедење, Халкбанк ќе организира различни активности за децата и нивните родители, со цел да ги поттикне најмладите да ја развијат навиката за штедење и управување со нивните финансии од најрана возраст.

Слончето Халки и Халкбанк се долгогодишни партнери на децата и младите, постојано реализирајќи општествено одговорни иницијативи кои се фокусираат на нивната едукација и развој на креативниот потенцијал. Во рамки на овие активности, досега се одржани над 100 работилници низ Македонија, со учество на илјадници деца кои добија можност да учат и да ги развиваат своите вештини преку интерактивни и забавни
содржини.

Банки

Септемвриските пензии преку Халкбанк се достапни на сметките на пензионерите!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека од 29 септември 2026 година, пензиите се достапни на сметките на пензионерите кои својата пензија ја примаат преку банката.

Средствата пензионерите можат да ги користат во сите филијали на Халкбанк, преку банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Од Халкбанк посочуваат дека пензионерите имаат повеќе можности за пристап до своите средства, зависно од начинот на користење на банкарските услуги.

„Важни се луѓето!“, порачуваат од Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола на 95,266%

Објавено

на

АЛТА БАНКА АД Белград дополнително ја зацврсти својата сопственичка позиција во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 60 обични акции од македонската банка.

По последната трансакција, белградската банка располага со вкупно 372.468 обични акции, односно со 95,266 отсто од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.

Известувањето е објавено согласно Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, кои предвидуваат објавување на промени кај акционери со значителни удели.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 1 октомври

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на септемвриските пензии ќе започне од четврток, 1 октомври.

Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија истиот ден. Од банката препорачуваат средствата да се користат безбедно и удобно, преку безготовинско плаќање во продавници или онлајн, како и преку подигнување готовина од банкомат.

За пензионерите кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 октомври и во секој работен ден после тоа.

Од Комерцијална банка посочуваат дека мапата со локациите на филијалите и експозитурите е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange