Бизнис
Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти
Во свет каде што секој ден броиме како да заштедиме и како подобро да ги користиме нашите финансии, програмите за лојалност стануваат сè поважни кога носиме одлуки во чии услуги да инвестираме.
Токму затоа е креирана Mint Bonus, програма за лојалност која што ја наградува Вашата доверба и лојалност кон финансиските услуги од Mint Fintech и нашите партнери. Со Mint Bonus се стремиме да Ви покажеме колку ја вреднуваме Вашата доверба во нашите услуги.

Програма за лојалност – Што е Mint Bonus?
„Лојалноста не се заслужува за еден ден. Таа се заслужува ден по ден.“
Оваа мисла од Џефри Гитомер (автор на “The Little Red Book of Selling”) совршено го отсликува духот на Mint Bonus – програма за лојалност што го вреднува секој Ваш чекор и секој израз на доверба континуирано.
Mint Bonus програмата е дизајнирана да Ви овозможи да заработувате поени “Mint Coins” секогаш кога сте активни на платформата или ги користите финтек услугите на Mint Fintech групацијата и нашите партнери.
Без разлика дали се работи за користење на SN Visa картичка, аплицирање за кредит или редовна уплата, секој чекор ви носи поени.
Овие поени потоа можете да ги искористите за купување производи, ваучери или други награди преку Mint Store. Но, пред да почнете да собирате и трошите поени, потребно е само едно – да се регистрирате.

Зошто да се регистрате на Mint Bonus?
Програмата е бесплатна и е достапна преку веб-страницата mintbonus.mk или преку преземање на мобилната апликација Mint App. Со регистрација на Mint Bonus, Вие добивате:
- 50 Mint Coins на подарок веднаш по креирањето на Вашиот профил.
- Доколку веќе имате креирарно профил на веб сајтот и ја превземете MintApp апликацијата добивате дополнителни 50 поени, што значи дека вашите вкупни Mint Coins ќе бидат 100.
- Брз и лесен пристап до информации за сите Ваши активности.
- Пристап до ексклузивни наградни, понуди и промоции (Mint Store).

Како да се регистрате за Mint Bonus?
Регистрацијата во нашата Mint Bonus програма за лојалност на клиентите е едноставна и брза:
- Превземете ја Mint App или посете ја веб страницата mintbonus.mk.
- Пополнете ги Вашите информации.
- Кликнете на копчето „Регистрирај се“
- Веднаш добивате 50 Mint Coins како бонус, или 100 доколку веќе имате
креирано профил на веб сајтот и сега ја превземате апликацијата. - За секоја активност добивате дополнителни поени.
- Поените можете да ги користите за попусти или подароци.
Колку вредат Вашите активности како дел од нашата програма за лојалност?
Mint Bonus како програма за лојалност им нуди на своите клиенти вистинска вредност за нивните активности. Ова значи дека како корисник регистриран на Mint Bonus Вие можете да бидете наградени за секоја Ваш активност во рамките на Mint и нашите партнери.
Еве само неколку примери:
- Нов кредит – 100 MintCoins
- Нов кредит преку SN Visa – 200 MintCoins
- Навремена уплата на рата – 20 MintCoins
- Секоја трансакција со SN Visa – 10 MintCoins
- Уплата на заостаната рата – 10 MintCoins
Со други зборови, Вашите секојдневни активности на Mint платформата или со нашите партнери добиваат вредност.
Регистрирајте се и добијте поени веднаш!
Во свет каде што секој клик може да Ви донесе вредност, Mint Bonus Ви нуди шанса да добивате вредност за Вашето внимание и учество. Mint Bonus е програма за лојалност што Ве наградува за тоа што веќе го правите.
Колку повеќе ја користите, толку повеќе добивате. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од најиновативната програма за лојалност на клиентите на македонскиот финтек пазар.
За повеќе информации контактирајте не на е-маил: [email protected], или на
телефон: 15 107, нашиот тим е секогаш тука за вас.
ПР објава
Бизнис
ОКТА го намалува дизелот за два денари по литар, но дали ќе поевтини и на бензинските пумпи?
Компанијата ОКТА воведува привремен попуст од два денара по литар дизел гориво за трговците на големо и мало, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година.
Станува збор за мерка со која компанијата има цел да го поддржи домашниот пазар на горива и да го ублажи влијанието на нестабилните цени на меѓународните пазари.
Сепак, намалувањето на цената по која ОКТА го испорачува дизелот не значи дека горивото автоматски ќе поевтини за два денара и на бензинските пумпи. Конечните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат трговците, во согласност со нивните комерцијални политики и состојбите на пазарот.
Од ОКТА информираат дека оваа мерка е продолжение на активностите за поддршка на домашниот пазар што компанијата ги спроведува од март годинава. Со најновиот попуст, вкупната вредност на поддршката од март 2026 година се очекува да достигне околу осум милиони евра.
Целта на мерките е да се придонесе за поголема стабилност и конкурентност на пазарот на горива во земјава, во услови на неизвесност на глобалните енергетски пазари.
Дали возачите ќе почувствуваат олеснување при полнењето гориво, ќе зависи од одлуките на бензинските пумпи, односно од тоа дали и во колкав износ ќе го пренесат добиениот попуст врз крајните потрошувачи.
Бизнис
ССКМ организира тркалезна маса за поголемо учество на бизнис-заедницата во реформските процеси
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) ќе организира Национална тркалезна маса на тема „Посилен глас на бизнисот за реформите“, со цел да се поттикне поголема вклученост на компаниите во креирањето економски политики и спроведувањето на реформите во земјава.
Настанот, кој ќе се одржи во Скопје, ќе биде посветен на улогата на приватниот сектор во реформските процеси, како и на можностите за зајакнување на соработката и дијалогот меѓу деловната заедница и надлежните институции.
Во фокусот на дискусијата ќе бидат начините на кои компаниите можат поактивно да учествуваат во донесувањето одлуки што директно влијаат врз нивното работење, деловната клима и економскиот развој.
Преку размена на мислења, искуства и конкретни предлози, тркалезната маса има за цел да придонесе кон подобро усогласување на реформските политики со реалните потреби и предизвици со кои се соочува стопанството.
Посебно внимание ќе биде посветено на потребата од поефикасна комуникација меѓу бизнис-секторот и институциите, со цел ставовите и иницијативите на компаниите да добијат поголема тежина при подготовката и спроведувањето на реформските мерки.
Националната тркалезна маса ќе претставува платформа за конструктивен дијалог и формулирање предлози насочени кон создавање поповолно деловно опкружување и поттикнување на конкурентноста на македонската економија.
Бизнис
Македонските аеродроми со 3,33 милиони патници за девет месеци: Раст од 29% на годишно ниво
Воздушниот сообраќај во Македонија продолжува да бележи силна позитивна динамика, покажуваат податоците на операторот ТАВ Македонија за периодот јануари – септември 2026 година.
Во првите девет месеци од годинава, аеродромите во Скопје и Охрид опслужиле вкупно 3.331.685 патници, што претставува зголемување од 29% во споредба со истиот период минатата година.
Истовремено, бројот на летови достигнал 22.147, што е за 10% повеќе на годишно ниво.
Најголемиот дел од патничкиот сообраќај се реализирал преку Меѓународниот аеродром Скопје, кој опслужил 3.065.692 патници, со годишен раст од 29,07%.
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, забележал 265.993 патници, што претставува зголемување од 26,76%.
Разликата меѓу растот на бројот на патници и растот на бројот на летови покажува дека просечниот број патници по реализиран лет се зголемил, иако за целосна процена на искористеноста на капацитетите се потребни податоци за бројот на расположливи седишта.
Растот на воздушниот сообраќај има значење за повеќе сегменти од домашната економија, вклучувајќи го туризмот, угостителството, транспортот, трговијата и услугите.
За компаниите, поголемата поврзаност со странските пазари може да придонесе за полесно реализирање деловни патувања и подобра меѓународна достапност.
Сепак, бројот на аеродромски патници не треба директно да се поистоветува со бројот на странски туристи, бидејќи статистиката ги опфаќа и домашните патници, деловните патувања и другите категории патнички сообраќај.
Редакција Банкарство
-
Банкипред 2 месеци10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот
-
Банкипред 2 месециКристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка: Исплатени пензиите за август, средствата се достапни веднаш
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка денеска ги исплаќа августовските пензии
-
Банкипред 2 месециХалкбанк започна со исплата на августовските пензии
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Самоил Крстевски | Сопственик на маркетинг агенција Media Lab Solution
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка нема да работи на 28 август поради празникот Голема Богородица
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Соработник за односи со клиенти (Loan officer) во Секторот за кредитирање на стопанство





