Connect with us

Бизнис

Mint App 1.3.0 со нови функционалности и велигденски изненадувања за корисниците

Објавено

на

Финтек апликацијата Mint App продолжува да се развива и да ги следи современите трендови во управувањето со личните финансии. Со најновата верзија 1.3.0, корисниците добиваат пристап до три нови алатки кои овозможуваат уште подобра контрола, транспарентност и мотивација во секој финансиски чекор.

Во оваа верзија добивате:

  • Преглед на крипто берзата – следете вредности и трендови во реално време (Следете ги движењата на најпопуларните криптовалути, добијте увид во пазарните трендови и донесувајте информирани одлуки базирани на точни и тековни податоци.);
  • Калкулатор за приватно здравствено осигурување (индивидуално и семејно) – Едноставно споредете трошоци и бенефити за индивидуално и семејно осигурување. Оваа нова функционалност помага корисниците полесно да изберат најсоодветна полиса според нивните потреби и буџет;
  • Специјален велигденски Mint Egg – oд денес до понеделник, корисниците имаат можност да отворат специјално велигденско јајце во апликацијата, кое крие изненадувања во форма на бонуси, награди и ексклузивни понуди!

Mint App расте со вас – за да имате повеќе контрола, јасност и мотивација во секој финансиски чекор.

Со секое ново ажурирање, Mint App се стреми да обезбеди практични и иновативни решенија кои ги поедноставуваат личните финансии. Апликацијата е наменета за сите кои сакаат да ги следат своите приходи и трошоци, да планираат буџет, да добиваат персонализирани финансиски совети и да останат чекор пред со своите финансиски цели.

Ажурирајте ја или преземете ја апликацијата на следниот линк: https://mint.com.mk/mintapp

Бизнис

„Тетекс“ ќе исплати дивиденда, акционерите добиваат по 55,56 денари за акција

Објавено

на

Компанијата Тетекс донесе одлука за распределба на дивиденда во вкупен износ од 21,6 милиони денари, со што акционерите ќе добијат по 55,56 денари бруто по акција.

Според усвоената одлука на акционерското собрание, дивидендата претставува 1,795 проценти од номиналната вредност на акцијата. Последниот ден за тргување со право на дивиденда е 8 мај, додека од 11 мај акциите ќе се тргуваат без право на исплата. Правото на дивиденда се стекнува на 12 мај, а исплатата ќе се реализира во законски предвидениот рок.

Во одлуката се наведува дека учеството во добивката на извршните директори ќе се пресметува само од делот што останува по издвојувањето на законските и статутарните резерви, во согласност со договорите и важечката регулатива.

Минатата година „Тетекс“ оствари добивка од 66,2 милиони денари. Покрај средствата наменети за дивиденда, околу 3,3 милиони денари ќе бидат издвоени за законски резерви, додека 41,3 милиони денари ќе останат како нераспределена добивка.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година

Објавено

на

Македонски Телеком предложи исплата на повисока дивиденда за 2025 година, во износ од 28,9 денари по акција, што претставува зголемување во однос на минатогодишните 27,6 денари по акција.

Според предлогот, компанијата планира да распредели вкупно околу 2,5 милијарди денари за дивиденда, информираше друштвото преку објава на берза.

За оваа одлука ќе одлучуваат акционерите на редовното собрание закажано за 27 мај.

Од компанијата наведуваат дека растот на дивидендата е поддржан од подобрените финансиски резултати, при што нето-добивката во 2025 година изнесува 2,5 милијарди денари, што е зголемување од 13 проценти на годишно ниво.

Акциите на Македонски Телеком на Македонска берза во средата се тргувале по просечна цена од 500 денари, покажуваат последните достапни податоци.

Продолжи со читање

Бизнис

Плинот поевтини, цената намалена за околу 5 денари по литар

Објавено

на

Од полноќ е намалена цената на течниот нафтен гас, при што литар плин сега се продава по пониска цена за околу 5 денари, односно наместо 59, изнесува 54 денари.

Според информациите од Владата, намалувањето е резултат и на пониските цени во трговијата на големо, каде е забележан пад од 10 денари по килограм, што во малопродажба се пресметува како околу 5 денари по литар.

Ценовниот тренд го следат и другите компании на пазарот, па на бензинските станици цените на плинот веќе се движат меѓу 53 и 54 денари по литар.

Од Владата нагласуваат дека намалувањето не е краткорочен ефект, туку резултат на координирани мерки и анализа на Државниот пазарен инспекторат, по што е постигнат договор со трговците за намалување на бруто маржите.

Целта, како што беше посочено, е да се обезбеди постабилно ниво на цените во наредниот период и да се избегнат нагли осцилации, при што се очекува намалување од над 10 проценти во големопродажба и околу 9 до 10 проценти во малопродажба.

Од институциите велат дека станува збор за мерка со директен ефект врз трошоците на граѓаните, донесена врз основа на детални анализи и во координација со пазарните субјекти.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange