Connect with us

Бизнис

Минималната синдикална кошница за април 2025 изнесува 62.691 денари

Објавено

на

Според информациите од Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари, што претставува пораст од 836 денари во однос на март.

Најголем дел од буџетот, односно 21.480 денари (34,3%), се однесува на трошоците за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), додека за станарина, вода, електрична енергија и греење се наменети 6.096 денари (9,7%). За лична хигиена и хигиена во домот се трошат 2.455 денари (3,9%).

Во априлската синдикална минимална кошница за здравје се превидени 1.136 денари (1,8%), за транспорт 4.615 денари (7,4%), за комуникации 3.417 денари (5,5%), за рекреација и култура 5.592 денари (8,9%), за образование 7.036 денари (11,2%), за ресторани и хотели 4.131 денари (6,6%) и за останати стоки и услуги 1.100 денари (1,8%).

Од ССМ потенцираат дека мерките за ограничување на маржите на трговците имаат делумен ефект, бидејќи намалувањето на цените на основните прехранбени производи е само 6,78 проценти.

Оттаму бараат зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра. „Евидентно од вредноста на Синдикалната минимална кошница е дека мерките се потребни и истите задолжително мора да траат подолг временски период, но поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10 отсто даде половичен ефект. Измерено преку оние 63 основни прехранбени производи кои се дел од Синдикалната минимална кошница, евидентирано е намалување на делот од храната и пијалоците само за 6,78 проценти во месец март, но граѓаните и работниците оправдано реагираат дека тоа не е доволно, односно нема видлив ефект и дека цените се или исти или се зголемени“, стои во соопштението од ССМ.

Тие додаваат дека со оглед на тоа што 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра. „Се прашуваме, дали ако целта на Синдикалната минимална кошница е да ја покаже реалната состојба и да изврши притисок за потребата од зголемување на платите на работниците, дали целта на Владината просечна кошница е да покаже дека не треба да има зголемување на платите и дека македонскиот работник и со вака ниските плати живее добро?“, дополнуваат од ССМ.

Сојузот на синдикатите на Македонија ја пресметува Синдикалната минимална кошница од 2011 година, со цел да укаже на креаторите на политиките дека платите се ниски и потребно е континуирано да се зголемуваат.

Берза

Живко Мукаетов го зголемува уделот во „Алкалоид“ со нови 277 акции, инвестиција вредна повеќе од 100.000 евра

Објавено

на

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, дополнително го зголеми својот сопственички удел во компанијата со купување на 277 обични акции.

Според пресметката на Банкарство, врз основа на просечната вредност на акцијата на „Алкалоид“ на Македонската берза на 20 август 2026 година, која изнесувала околу 22.834,00 денари, вредноста на трансакцијата се проценува на околу 6,33 милиони денари, односно приближно 103.000 евра.

Мукаетов со оваа трансакција дополнително го зголемува своето учество во компанијата, во која поседува вкупно 131.777 обични акции, односно 9,21% од вкупниот број на акции, испраќајќи сигнал за доверба во нејзиниот понатамошен развој и деловните перспективи.

Во истиот период, и други членови на Управниот одбор на „Алкалоид“ купија дополнителни акции од компанијата, што дополнително го привлекува вниманието на инвеститорите на македонскиот пазар на капитал.

„Алкалоид“ во изминатиот период бележи силни финансиски резултати, а акцијата на компанијата е меѓу најликвидните и најтргуваните на Македонската берза.

Продолжи со читање

Бизнис

ЕУ произвела 3,44 милијарди литри сладолед, Германија најголем производител

Објавено

на

Европската Унија во 2025 година произвела 3,44 милијарди литри сладолед, што претставува раст од 1,9 отсто во споредба со 2024 година, кога производството изнесувало 3,38 милијарди литри, покажуваат податоците на Евростат.

Германија останала најголем производител на сладолед во ЕУ со 608 милиони литри. Следуваат Италија со 549 милиони и Франција со 525 милиони литри. Меѓу водечките производители се и Шпанија со 457 милиони и Белгија со 274 милиони литри.

Во споредба со 2024 година, сите пет земји забележале раст на производството. Најголемо зголемување имала Италија, од 10 отсто, потоа Белгија со шест проценти, Франција со четири и Шпанија со два проценти. Во Германија производството се зголемило за 0,2 отсто.

Во текот на 2025 година земјите од ЕУ извезле 289,8 милиони килограми сладолед на пазарите надвор од Унијата, додека увозот од трети земји изнесувал 77,8 милиони килограми.

Извозот бил зголемен за 10 отсто во однос на 2024 година, односно за 26 милиони килограми, додека увозот пораснал за 12 отсто или за 8,5 милиони килограми.

Франција била најголем извозник на сладолед меѓу членките на ЕУ, со 59,1 милион килограми извезени надвор од Унијата, што претставува 20 отсто од вкупниот извоз.

На второ место е Италија со 55,2 милиони килограми или 19 отсто од вкупниот извоз, а следуваат Белгија со 34,5 милиони килограми, Германија со 29,9 милиони и Холандија со 26,5 милиони килограми.

Продолжи со читање

Бизнис

Flex Credit ги награди најдобрите: повеќе од 30 ваучери за патување како признание за посветеноста и постигнатите резултати

Објавено

на

Вреднувањето на трудот, мотивацијата и создавањето позитивна работна средина остануваат во центарот на деловната филозофија на финансиското друштво Flex Credit. Компанијата, која брои над 450 вработени, официјално додели повеќе од 30 ваучери за патување за своите најдобри колеги кои остварија исклучителни резултати во изминатиот период.

Наградите им беа врачени на вработени од различни сектори – од тимовите во филијалите ширум државата, преку кредитниот оддел, па сè до административната поддршка. Овие ваучери за патување претставуваат конкретно признание за нивната секојдневна посветеност, професионализам и неуморна работа која директно придонесува кон стабилноста и растот на целиот систем.

Наградувањето на најдобрите е само еден сегмент од пошироката практика на Flex Credit за континуирано вложување во луѓето, нивно мотивирање и градење корпоративна култура во која секој придонес се препознава и соодветно се вреднува.

„Нашиот најголем капитал не се бројките, туку луѓето. Со повеќе од 450 професионалци во нашиот тим, горди сме што имаме колеги чија посветеност ги поместува границите. Овие 30+ награди се наш начин да им кажеме ‘благодарам’ за нивниот труд и да ги инспирираме за сите нови деловни успеси што нè чекаат“, истакнуваат од менаџментот на Flex Credit.

Со оваа иницијатива, Flex Credit уште еднаш ја потврдува својата позиција како еден од најпосакуваните работодавачи во финансискиот сектор, каде успехот секогаш се споделува со тимот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange