Connect with us
no baners

Банки

Лагард ги смирува пазарите: Мојот мандат во ЕЦБ ќе трае до 2027 година

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, изјави дека очекува да ја извршува својата функција до истекот на мандатот во октомври 2027 година, реагирајќи на медиумските шпекулации дека би можела да се повлече предвреме.

Во интервју за „Wall Street Journal“, Лагард нагласи дека е целосно фокусирана на својата мисија и нејзина појдовна точка останува завршување на целиот мандат. Лагард истакна дека во изминатите години биле постигнати значајни резултати и дека приоритет останува консолидацијата и стабилноста на монетарната политика.

Изјавата следи по написот на „Фајненшл тајмс“, според кој Лагард наводно размислувала за рано заминување со цел да му овозможи на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Фридрих Мерц да имаат влијание врз изборот на новиот шеф на една од најмоќните институции во Европската Унија. Овие тврдења Лагард не ги коментираше директно.

Според „Ројтерс“, Лагард во приватна порака до колегите ги уверила дека е целосно фокусирана на својата улога и дека доколку донесе одлука за повлекување, тие први ќе бидат информирани.

Првичната реакција на финансиските пазари беше умерена, што укажува дека инвеститорите не очекуваат значајни промени во монетарната политика на еврозоната во периодот што претстои.

Политичките калкулации околу наследникот веќе започнаа

Според анкета на британскиот весник „Фајненшл тајмс“, меѓу имињата што се споменуваат како можни наследници се: поранешниот гувернер на шпанската централна банка Пабло Ернандез де Кос, гувернерот на холандската централна банка Клас Кнот, членката на Извршниот одбор на Европската централна банка Изабел Шнабел и претседателот на германската Бундесбанк Јоаким Нагел.

Назначувањето на нов претседател на Европската централна банка бара широк политички консензус меѓу земјите од Еврозоната, што процесот го прави особено сензитивен.

Банки

Комерцијална банка e прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2026“ од магазинот Global Finance по 15-ти јубилеен пат

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје по јубилеен 15-ти пат ја доби престижната награда „Најдобра банка во Македонија за 2026 година“, доделена од меѓународниот финансиски магазин „Global Finance“. Признанието претставува потврда за стабилното работење, континуираниот развој и иновативниот пристап на Банката, како и за нејзиниот значаен придонес кон домашната економија.

Со ова признание, Комерцијална банка уште еднаш се позиционира како институција која успешно одговара на потребите на клиентите и остварува стабилни деловни резултати и во услови на предизвикувачки економски околности.

„Оваа јубилејна награда е големо признание за посветеноста, професионалноста и знаењето на целиот тим на Комерцијална банка. Таа е резултат на нашата јасна стратешка визија и на континуираното инвестирање во иновации, дигитални решенија и квалитет на услугите. Пред сè, ова е награда која ја делиме со нашите клиенти и партнери затоа што нивната доверба е наша силна мотивација“, изјави Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Во рамките на 33-тото издание на годишните награди на Global Finance, признанијата им се доделуваат на најдобрите банки во повеќе од 150 земји во светот. При изборот се земаат предвид квантитативни показатели како растот на активата, профитабилноста и развојот на нови бизниси, но и квалитативни оценки од финансиски аналитичари, банкари и консултанти.

Од Global Finance истакнуваат дека глобалниот банкарски сектор продолжува да покажува издржливост и стабилност и покрај геополитичките предизвици и засилената конкуренција од финтек компаниите, при што наградите им оддаваат признание на институциите кои најуспешно управуваат со своите ресурси и истовремено инвестираат во дигитални иновации.

„Глобалниот банкарски сектор продолжува да покажува издржливост и стабилност и покрај геополитичката нестабилност, регулаторните притисоци и сè поголемата конкуренција од финтек компаниите. Наградите за најдобри банки за 2026 година им оддаваат признание на институциите кои најуспешно управуваат со своите средства и обврски, а истовремено инвестираат во дигитални иновации и вештачка интелигенција за да одговорат на променливите потреби на своите клиенти“, изјави Џозеф Д. Џарапуто, основач и уреднички директор на Global Finance.

Со ова признание, Комерцијална банка АД Скопје ја потврдува својата посветеност кон понатамошен развој на современи и одржливи финансиски решенија и унапредување на дигиталната трансформација, со цел да остане сигурен партнер на граѓаните и бизнисите.

Продолжи со читање

Банки

Алта Банка АД Битола очекува значителен раст на профитот во 2026 година

Објавено

на

Алта Банка АД Битола, поранешна Стопанска банка АД Битола, очекува значително зголемување на нето-добивката во 2026 година, соопшти банката.

Според проекциите, нето-профитот би достигнал речиси 118 милиони денари, што претставува значителен раст во однос на 40,6 милиони денари остварени минатата година.

Очекувањата укажуваат на силен финансиски напредок на банката, со повеќекратно зголемување на добивката во текот на 2026 година.

Продолжи со читање

Банки

УНИ Банка и „Жан Митрев“ организираат настан со бесплатни здравствени прегледи и финансиска поддршка

Објавено

на

УНИ Банка во соработка со „Жан Митрев“ и Жан Митрев Дијагностик Струмица организира настан посветен на здравјето и финансиската поддршка на граѓаните, кој ќе се одржи на 7 април во главниот хол на клиниката.

Настанот ќе трае од 10:00 до 14:30 часот, а посетителите ќе имаат можност да добијат бесплатни консултации од кардиолози, невролози, генетичари и нутриционисти. Во рамки на активностите ќе се вршат и брзи мерења на крвен притисок, како и анализа на телесната композиција, вклучително и проценка на масти, мускулна маса и вода во организмот.

Дополнително, граѓаните ќе можат да се информираат за финансиските решенија што ги нуди банката, меѓу кои и наменски потрошувачки кредит со 0 проценти камата за медицински услуги.

Организаторите информираат дека целта на настанот е да се овозможи пристап до здравствени услуги и финансиска поддршка на едно место, со фокус на превенција и подобрување на здравјето.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange