Connect with us

Продукти

Комерцијална банка од декември го зголемува надоместокот за одржување на платежна сметка за 5 денари

Објавено

на

Комерцијална банка изврши промена на Тарифата на надоместоци за услугите што ги наплатува од своите клиенти – физички лица. Конкретно, станува збор за зголемени надоместоци кои ќе започнат да се применуваат од 1 декември 2024 година.

Соопштението гласи:

Ве известуваме дека Банката изврши измена на Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје. Надоместоците кои ќе започнат да се применуваат од 01.12.2024 година се следните:

Одржување на платежни сметки во денари:

Платежни сметки со промет во тековниот месец – 40 денари месечно (освен за месецот во кој се затвора сметката)
Платежни сметки на кои има прилив по основ на пензија – 30 денари месечно

Во моментов, надоместокот за платежни сметки со промет во тековниот месец изнесува 35 денари, додека за платежни сметки на кои има прилив по основ на пензија изнесува 25 денари.

Од банката напоменуваат дека согласно Договорот за платежна сметка во денари, доколку во рок од два месеци по завршување на месецот во кој е извршена промената на условите во работењето за кои сте известени со оваа порака, не поднесете барање за раскинување на Договорот, се смета дека сте согласни со новите услови и дека ги прифаќате во целост.

Продукти

Пакетот за млади „Vibe On“ на Шпаркасе Банка со нови поволности за студентите и за младите

Објавено

на

Шпаркасе Банка со цел да обезбеди уште поголема флексибилност за студентите, воведе нови супер поволности на популарната портокалова „Vibe On“ дебитна картичка. Оваа портокалова картичка, наменета за сите млади на возраст од 15 до 25 години, сега нуди освежени и значајни предности што ги олеснуваат секојдневните финансиски процеси за студентите и за младите.

Најголемата новина е можноста за бесплатни неограничени трансфери за сите факултетски услуги, односно за уплати за партиципација при студирање, заверка на семестар, уплати на име на „онлајн ресурси“, „материјални ресурси“ и многу повеќе. Тоа значи дека студентите повеќе нема да плаќаат банкарска провизија при запишување или заверка на семестар, при уплати за полагање испит, за културни и спортски активности, ниту, пак, за другите трошоци кон факултетите, доколку плаќаат преку нивниот пакет „Vibe On“ од Шпаркасе Банка.

Освен за плаќањата кон факултет, оваа значајна поволност се однесува и за други видови трансакции направени преку обрасците ПП30 и ПП50. Без разлика дали станува збор за интерни трансфери во рамките на Шпаркасе Банка или за надворешни трансфери кон други банки, сè додека трансакциите се вршат преку безготовински налози (хартиени или електронски), корисниците на пакетот „Vibe On“ се ослободени од плаќање провизија!

Со ова, Шпаркасе Банка им помага на студентите да ги извршуваат академските обврски без дополнителни трошоци, на тој начин овозможувајќи им да се сосредоточат на она што е најважно – нивното образование.

Покрај бесплатните трансфери за факултетските и за другите услуги, пакетот за млади „Vibe On“ сега нуди и дополнителни придобивки:

  • Бесплатно праќање пари на пријател преку телефонскиот именик
  • Можност за делење сметка со пријател преку телефонскиот именик
  • Бесплатна промена на ПИН-кодот на банкомат во секое време
  • Бесплатна обнова на истечена дебитна картичка
  • Три бесплатни проверки на салдо на банкомат секој месец
  • Едно бесплатно реиздавање на ПИН
  • Една бесплатна реизработка на картичка, доколку претходната била изгубена, украдена, оштетена или, пак, поради промена на лични податоци
  • Четири бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во државата месечно.

Со најновите поволности, пакетот „Vibe On“ станува уште покорисен за студентите и за младите, нудејќи им едноставни и брзи решенија за секојдневните финансиски активности. Во меѓувреме, потсетуваме дека бесплатниот пакет за млади вклучува и бесплатно отворање на сметка во Шпаркасе Банка, а корисниците на оваа картичка се ослободени од провизија за месечно одржување на сметката, како и од провизија за месечно одржување на мобилната апликација „S-Banka“.

Секој студент што аплицирал за субвенциониран студентски оброк – државна мерка која се спроведува преку Министерството за образование и наука (МОН) и Шпаркасе Банка, покрај сината наменска картичка со која ќе може да купува оброци, може да добие бесплатно и портокаловата дебитна картичка заедно со „Vibe On“ пакетот.

Шпаркасе Банка продолжува да ја негува посветеноста кон младите и да им нуди иновативни производи и услуги кои го олеснуваат нивниот пат кон финансиска самостојност!

Банката и понатаму чекори со современите идеи на студентите и младите, создавајќи ги најдобрите понуди за нив и обезбедувајќи решенија токму за она што им е најпотребно.

За повеќе информации за „Vibe On“ пакетот за млади, посетете ја интернет страницата на Шпаркасе Банка.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ги укина услугите на Western Union

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите почитувани клиенти дека од 01.10.2024 година нема да ги нуди услугите на Western Union.

Сите останати услуги и производи кои ги нуди НЛБ Банка можете да ги погледнете на следниот линк.

Продолжи со читање

Продукти

НОВА УСЛУГА НА НЛБ БАНКА – СО NLB SMART POS мобилниот телефон станува ПОС терминал!

Објавено

на

НЛБ Банка воведува нова услуга, целосно ново технолошко решение за прифаќање на бесконтактни плаќања со картички, NLB Smart POS, со кое трговците можат да го користат мобилниот телефон како ПОС терминал. NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone мобилна Android апликација со функција на ПОС терминал во земјава, една од најнапредните технологии во областа на плаќањата со картички, која им овозможува на трговците да прифаќаат плаќања со картичка без дополнителен хардвер.

NLB Smart POS претставува совршена алатка за сите трговци како ресторани, фризери, козметички салони, такси возачи, цвеќарници, пекари, курири, кои до сега не можеа да им понудат на своите корисници начин на плаќање без готовина.  Со помош на апликацијата NLB Smart POS, трговците од сите големини, особено малите и средни, отсега можат да ги наплаќаат своите производи и услуги без готовина, без потреба да имаат стандарден ПОС терминал, со едноставно и безбедно прифаќање на плаќања со картички преку мобилен телефон.

Апликацијата NLB Smart POS е инсталирана директно на мобилниот уред на трговецот и/или неговиот продажен персонал, а сите наплатени средства стигнуваат на сметката на трговецот. На тој начин телефонот може да прифаќа бесконтактни плаќања со платежните картички на VISA и Mastercard издадени од која било банка, преку мобилните апликации за плаќање Google pay, Garmin Pay и други.

NLB Smart POS има бројни придобивки и за сопствениците на бизниси и за клиентите, физички лица. Благодарение на можноста за бесконтактно плаќање со картичка или мобилен уред на кое било место или повеќе мобилни уреди на едно продажно место, сопствениците на бизниси имаат можност да ја зголемат продажбата, а клиентите имаат подобрено корисничко искуство. Дополнително, голема предност за трговците е што апликацијата е бесплатна за преземање на Play store, а воедно и поедноставна за инсталирање и одржување за разлика од стандардниот ПОС терминал.

NLB Smart POS е достапен за сите трговци, без оглед на продажната или услужната дејност за која се регистрирани. За сите нови корисници на услугата до 30.06.2024, НЛБ Банка овозможува промотивна поволност, 6 месеци без месечен надоместок за користење на NLB Smart POS.

За повеќе информации за апликацијата може да се јавите во Контакт центарот, на телефонскиот број 15 600.

Продолжи со читање

Популарно