Connect with us

Банки

Комерцијална банка наградена со „Client Excellence Award 2023“ како лидер во областа на девизното работење

Објавено

на

Комерцијална банка како лидер во областа на девизното работење е добитник на наградата „Client Excellence Award 2023“, која ја доделува една од водечките меѓународни банкарски институции „Deutsche Bank“.

„Deutsche Bank“ ѝ ја додели наградата „Client Excellence Award 2023 Institutional Cash Management“ на Комерцијална банка како признание за беспрекорната директна обработка на меѓународните плаќања.

Комерцијална банка со оваа награда традиционално ја потврдува својата лидерска позиција во областа на девизното работење и успешноста на својот тим во процесирањето на меѓународните плаќања.

Банки

Комерцијална банка со акцијата „Биди своја, биди силна“ се приклучува на кампањата 16 дена активизам за борба против семејното насилство

Објавено

на

„Биди своја, биди силна“ акцијата на Комерцијална банка за охрабрување на жените жртви на насилство денеска се приклучува на кампањата „Крајно време е!“, со која започнува 16-дневен активизам во земјава за борба против семејното насилство.

Како спонзор и поддржувач на активностите на Националниот совет за родова рамноправност, Комерцијална банка ја поздравува кампањата на НССР, „Крајно време е!“, и се приклучува со испраќање силни пораки од жени-вработени во Банката за поддршка на жените жртви на насилство. Со ова жените од Комерцијална банка сакаат да ја охрабрат и да ја поттикнат секоја жена жртва на насилство да го пријави својот случај и да побара помош затоа што не е сама во својата борба.

Својот придонес за помош на жртвите на семејно насилство Комерцијална банка го дава со финансиска поддршка на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“. Со тоа овозможи жените жртви на насилство да добијат бесплатна помош, односно Советувалиште за правна и психо-социјална поддршка и СОС линија 141-700.

Како општествено одговорна компанија со оваа наша поддршка сакаме да помогнеме секоја жена да има избор и полесно да ги надмине предизвиците во кои не треба да биде оставена сама.

Продолжи со читање

Банки

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една однајдобрите општествено одговорни практики

Објавено

на

Платформата „Фустани со џебови“ на Халкбанк АД Скопје, со која се дава поддршка на женското претприемништво, е избрана за една од најдобрите општествено одговорни практики од страна на Американската стопанска комора (AmCham) во рамките на проектот Partnership 4 Giving. Плаформата на Халкбанк е еден од петте проекти, кои добија посебно признание од комората за квалитетна и успешна општествно одговорна практика.

Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените. Преку креираниот „Пакет за жени“ што е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени, банката веќе им овозможи успешен бизнис на голем број клиентки во земјата.

Преку платформата, Халкбанк реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањи за финансирање на женските бизниси, па се до организирање и давање поддршка на низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард, ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.

Проектот Partnership 4 Giving, кој AmCham го имплементира во рамките на USAID програмата, има за цел покренување колективна акција која ќе обезбеди позитивен ефект и ќе развие одржливи перспективи за корпоративна филантропија промовирајќи ги позитивните приказни на компаниите кои служат како пример за бизнис заедницата на полето на корпоративна одговорност.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ БАНКА СЕКОГАШ ВО ЧЕКОР СО ГЛОБАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ – прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Објавено

на

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која воведува PayByLink или „Плати преку линк“, опција за онлајн плаќање со VISA и MasterCard платежни картички што му овозможува на клиентот да плаќа за добра и услуги преку линкот испратен до него од страна на трговецот. Продавачот може да креира линк за плаќање и да ја испрати до купувачот преку е-маил, или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно информирање и безбедно купување.

Следејќи ја својата стратегија за дигиталално банкарство, НЛБ Банка воведува нова функционалност за онлајн плаќање која, во динамичниот и дигитален свет, уште повеќе ги олеснува трансакциите за клиентите и трговците.

PayByLink е особено погоден за малите e-трговци кои сакаат да се присутни во online продажбата, но не се во можност да развијат сопствена web продавница и истата да ја интегрираат со банка. Практично, со оваа услуга, банката му овозможува на трговецот „виртуелен“ начин за прифаќање на платежни трансакции засновани на картичка, за кој не е потребно техничко знаење за користење, а самиот процес на креирање на линкот е брз и едноставен.

Кога трговецот креира линк за плаќање, обезбедува информации за производот или услугата за која се плаќа, количината и цената, и тој веќе ја има подготвено нарачката за клиентот. Клиентот го отвора линкот, ја проверува содржината на нарачката и, доколку е се во ред, ги внесува деталите за својата картичка и го комплетира плаќањето.

PayByLink е сигурен сервис и на исто безбедносно ниво заштитен како и класичниот виртуелен ПОС терминал.

За да ја користат услугата, трговците треба да имаат сметка во НЛБ Банка, да потпишат договор со Банката, врз основа на кој им се овозможува пристап до порталот за користење на оваa услуга и креирање линкови, кои понатаму можат да ги споделуваат со своите купувачи преку соодветните канали за комуникација.

До 25 мај, 2025 година, клиентите можат да ја искористат промоцијата на НЛБ Банка, да активираат PayByLink, пришто ќе добијат 6 месеци бесплатно користење на услугата од датумот на активација на истата.

Повеќе информации за услугата и начинот на активирање, клиентите можат да добијат на www.nlb.mk, во експозитурите на Банката или преку Контакт центарот на 02/15600.

Продолжи со читање

Популарно