Connect with us
no baners

Останато

Кирил и Кристијан од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен се национални победници на Европски квиз на пари 2023

Објавено

на

Денес, последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023.

Во првиот круг беа избрани најдобрите 3 тима во земјата од вкупно пријавените 391 тим од 76 основни и средни училишта, менторирани од 101 наставник/професор. На македонски јазик се натпреваруваа 379 тимови, а 16 се натпреваруваа на албански јазик.

Победничкиот тим кој ќе ја претставува нашата земја на европското финале на 16-ти мај во Брисел, Белгија се Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен под менторство на Соња Стрезовска.

Второто место го освоија Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ “Јане Сандански” – Битола под менторство на Билјана Кочовска , додека третопласирани беа Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ОУ “Гоце Делчев” – н.Илинден, под менторство на  Данче Нацевска.

Нашата земја по петти пат учествува на овој проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска писменост на ученици од 13 до 15 години.

Бизнис

Скопје – домаќин на Годишната конференција на EACHA – во фокус европските трендови и иднината на платежните услуги и платните системи

Објавено

на

Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи.

Настанот собра близу 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на европски клириншки куќи и оператори на платни системи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски компании, како и експерти и носители на одлуки во областа на дигиталните плаќања, управување со ризици и иновации.

Конференцијата ја отвори претседателот на EACHA, Хозе Луис Ланга, додека за искуствата и развојот на македонскиот платежен сектор говореа генералниот директор на КИБС, Горан Анастасовски и претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова-Штериева.

Меѓу предавачите на конференцијата беа и Флоријан Форст од Capgemini Invent, Марк Муне од Nexus Global Payments, Хуан Хозе Гарсија од Iberpay, како и претставници на водечки европски платежни иницијативи и компании, меѓу кои Ники Андравидиоти од IRIS, Мартин Аскуе од Bizum, Стоилка Арсова од Blink, Лудовик Франческони од Wero, Тереса Мескита од EMPSA, Кристин де Лепелер од CEC, Бенце Мароси од Giro и Пол Волвик-Џојнт од Mastercard Payment Services.

Во рамки на конференцијата беа отворени дискусии за актуелните предизвици и трендови во европската платежна индустрија, со посебен акцент на дигиталните плаќања од сметка на сметка на физичките и онлајн места за продажба, поврзувањето на европските системи за инстант плаќањата со оние во останатиот дел од светот, дигиталната трансформација и усогласувањето со европските стандарди и иницијативи.

Од КИБС АД Скопје посочија дека одржувањето на конференцијата во Македонија претставува значајна можност за домашниот платежен сектор директно да се вклучи во разговорите за идниот развој на европската платежна инфраструктура.

„Одржувањето на конференцијата на EACHA во Скопје претставува значајно признание за КИБС и за македонскиот платежен сектор. Овој настан овозможи размена на искуства и знаења со водечки европски експерти, но,  отвори и важни дискусии за дигитализацијата, инстант плаќањата и усогласувањето со европските стандарди. Веруваме дека ваквите средби ќе придонесат за понатамошен развој на современи и ефикасни платежни услуги во земјата“, вели Горан Анастасовски, генерален директор на КИБС АД Скопје.

EACHA претставува највисок технички и стратешки форум за соработка на клириншките институции во Европа и обединува оператори на платни системи кои секојдневно процесираат милиони меѓубанкарски трансакции. Асоцијацијата има важна улога во развојот на европските стандарди, интероперабилноста и иновациите кај плаќањата.

Продолжи со читање

Останато

Владата ќе се задолжи со 260 милиони евра од странски банки

Објавено

на

Пратениците ја одобрија потребата Министерството за финансии да се задолжи со 260 милиони евра кај странски комерцијални банки, откако Собранието го усвои предлог-законот по скратена постапка.

Според предложените услови, средствата ќе бидат обезбедени од група странски банки, а главен доверител е „Мерил Линч Интернешнл“. Заемот ќе се отплаќа во период од седум години, со грејс период од три години.

Каматната стапка ќе биде варијабилна и ќе се пресметува врз основа на шестмесечен ЕУРИБОР плус 2,10 процентни поени, а предвидени се и дополнителни провизии и трошоци поврзани со аранжманот.

Од Владата посочуваат дека средствата ќе бидат искористени за буџетски потреби и капитални инвестиции.

Продолжи со читање

Останато

Министерството за финансии организираше работилница за ex post контроли и финансиско управување

Објавено

на

Секторот Академија за јавни финансии при Министерството за финансии реализираше дводневна работилница на тема „Ex post контрола“, посветена на контролите како дел од системот за финансиско управување и контрола (FMC/PIFC), со акцент на практичната примена на контролните механизми.

Работилницата се одржа на 13 мај во Скопје, во организација на Министерството за финансии и ИПА проектот „Поддршка за имплементација на Програмата за реформа на јавните финансии 2024–2027“.

На настанот учествуваа претставници од институции од централно и локално ниво, кои преку дискусии и размена на искуства имаа можност дополнително да ги унапредат своите знаења во областа на финансиското управување и контролата.

Свои презентации и практични искуства споделија експертите Rodney Betorina и Davor Kozina, долгогодишни професионалци во оваа област.

Во рамки на работилницата беа обработени теми поврзани со видовите контроли, организацијата и спроведувањето на ex post контролите, улогата на финансиските и другите организациски единици во процесот на контрола, како и примери и искуства од Хрватска и Холандија.

Од Министерството за финансии посочуваат дека работилницата придонела за зајакнување на институционалните капацитети и поефикасно спроведување на контролните механизми во системот на јавни финансии.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange