Connect with us

Business Woman

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Објавено

на

По одлуката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од 29.01.2025 година, Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Таа е докажан професионалец во областа на финансиите, со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор. Во очекување на одобрението од Народната банка, Катерина Јанковиќ од септември минатата година, ја извршуваше функцијата Помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

„Голема благодарност до Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и Народната банка на Република Северна Македонија за укажаната доверба. Чест ми е да се приклучам на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, силна, стабилна и модерна финансиска институција, дотолку повеќе што пред нас е амбициозна и напредна деловна стратегија која комплетно ќе го преобликува искуството на нашите клиенти. Се радувам на можноста да бидам дел од ова возбудливо патување и да придонесам во мисијата на Банката за обезбедување на врвни, иновативни и технолошки најнапредни банкарски услуги, раст и одржливост и поставување на нови стандарди на извонредност во финансискиот сектор.“ – истакнува Катерина Јанковиќ во својата прва изјава по стапувањето на функцијата член на УО на НЛБ Банка Скопје.

Катерина Јанковиќ во управата на НЛБ Банка Скопје доаѓа од Шпаркасе Банка каде од 2021 година ја извршуваше функцијата Директор на Секторот за население, одговорна за развој на продажната стратегија, планирање и воведување на нови банкарски продукти. Нејзината кариера во банкарството започнува во 2003 година во Охридска Банка и таа го трасира својот пат од благајник во експозитура до највисоките менаџерски позиции во секторите за корпоративни клиенти и население. 

Катерина е димпломиран економист на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и магистер на науки од областа на бизнис администрацијата во финансии на Универзитот „Шефилд“ во Солун. Таа е сопруга и мајка на два сина.

Business Woman

Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење

Објавено

на

Се приближуваме кон крајот на годината со многу причини за гордост. Кога велиме горди, не алудираме само на нашите достигнувања и резултати, туку пред се на нашите принципи, вредности и етичко работење.

Пред сѐ, ги поздравуваме овогодинешните регулаторни измени, кои значително придонесоа за донесување на етички одлуки во индустријата, одговорно и поконзервативно финансирање, како и дополнителна сигурност и безбедност преку воведување на регистрирана шема за идентификација на клиентите. Со овие измени, финтек индустријата има уште поголем потенцијал за здрав и одржлив раст, со оглед на тоа што во моментов учеството во финансискиот пазар изнесува само 2%.

Годинава први на пазарот на финансиски друштва го препознавме бенефитот на новата услуга на Македонското Кредитно Биро за проверка на приходи и работодавец на клиентот, во интерес на носење на информирани одлуки.

Значаен успех за 2024 е воведувањето на регистрирана безбедносна шема во партнерство со Евротраст, како прво друштво на пазарот кое ја исполни законска обврска за електронска идентификација при користење на онлајн услуги.

Постигнавме квалитетно кредитно портфолио од 31 милион евра, што претставува годишен раст од 22%, а притоа преку персонализација на понудата успеавме да го намалиме кредитниот ризик, односно значително да го подобриме сервисирањето на обврските.

Со воведувањето на модел кој го предвидува ризикот за исполнување на обврската на клиентот, користејќи машинско учење и наука базирана на податоци, стапката на отплата на ратите до 30 дена надмина 96%.

Револуционерниот модел “Купи сега плати подоцна”, кој Иуте пионерски го воведе на пазарот како пософистицирана алтернатива на кредитните картички доживеа вистински бум, со мрежа од над 800 продажни локации, 7 милиони евра директно инјектирани во македонското стопанство исплатени на преку 12.000 клиенти, од кои 25% се онлајн продажби.

Корисниците се повеќе преферираат финтек услуги, не затоа што не се погодни да користат услуги од банка, туку заради едноставноста, достапноста, брзината, транспарентноста, односно заради подобреното корисничко искуство во финтек компаниите.

Оваа година влеговме и во осигурително-брокерскиот бизнис со Iute Safe, со тенденција да бидат искористени сите дигитални алатки кои ги имаме во групацијата.

Иуте Естонија го доби и својот прв Fitch Rating, како огромен успех и потврда на дигиталната експертиза и високи стандарди за проценка на ризикот. Групацијата исто така се најде на листата на елитни европски компании кои според истражувањето на Financial Times и Statista покажале контунуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатава декада.

Продолжуваме да даваме значаен придонес во спортот, културата, академската заедница, и активностите кои го поддржуваат социјалниот импакт, животната средина, како и финансиската и дигитална писменост во земјата. Вработените остануваат наша најголема вредност, со нив истрчавме многу маратони, а нашиот главен натпревар е оној со самите себе.

Нека нѐ понесе празничниот оптимизам и ентузијазам, да останеме здрави и живи пред се, само така ќе можеме да го извлечеме максимумот од нашиот потенцијал за да реализираме уште повисоки врвови и во годината што претстои.

Во име на тимот на Иуте,
Биљана Мишиќ – Извршен Директор

Продолжи со читање

Business Woman

Билјана Пешева – успешен банкар и уште поуспешен јога инструктор и wellness coach

Објавено

на

Билјана Пешева е вработена во НЛБ Банка АД Скопје веќе 23 години и работи како Самостоен референт во Службата за управување и поддршка на самоуслужни продукти во Секторот за платни системи. Во слободно време Билјана е тренер, јога инструктор и wellness coach и е извонреден пример за посветеност на личниот развој и промоцијата на холистичкиот начин на живот.

„Како јога инструктор, редовно одржувам јога часови, ретрити, велнес и тим билдинг тренинзи во организации, кои придонесуваат за подобрување на физичкото, менталното и емотивното здравје. На моите настани во изминатите години имаат присуствуванo повеќе од десет илјади практиканти. Холистичкиот пристап кој го користам во сите активности ги поддржува луѓето во нивниот пат кон подобро здравје и благосостојба и дава поттик и поддршка за лична трансформација.“ – вели Билјана.  

Билјана е повеќе од 30 години посветена на промовирање на здравите животни навики, и тоа преку обуки и проекти за подобрување на менталното и емотивното здравје, семинари со техники на светски познати психолози. Таа е национално квалификуван обучувач за возрасни лица според законот за образование во земјава, проучувач на психолошкиот правец трансакциска анализа со поминато едукација во земјата и странство со повеќе од шестотини работни часа, тренер за подобрување на интелектуалните и интерпесонални вештини кај индивидуалците и организациите, духовен практикант и трагач, хата јога инструктор и тренер за сеопфатна лична благосостојба.

Таа е практикант и проучувач на класична јога, медитација и техники за дишење, според учењата на Бихарската школа од Индија, Сатја Саи Организацијата и Уметност на Живеење, каде водела проекти, задачи, хуманитарни настани поврзани со промовирање на образование за човечките вредности во пракса.

Билјана е и автор и креатор на неколку програми за личен раст и развој, а од неодамна е и автор на книгата “Водич за ослободување од Тага – холистички алатки за враќање на животна хармонија”.  Промоцијата на книгата ќе се одржи на 27 ноември 2024 година во Public Room, и ќе биде одлична можност за сите заинтересирани да научат повеќе за нејзината филозофија и методи кои ги применува во својата работа.

Продолжи со читање

Business Woman

Хедвика Усеник ќе го менува Блаж Бродњак во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје?

Објавено

на

Врз основа на член 39 став 1 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, акционерите доставија предлог-Одлука за именување на член на Надзорниот одбор, за седницата на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје закажана на ден 29.11.2024 година.

Со доставениот предлог, акционерите за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје ја предлагаат Хедвика Усеник, со живеалиште во Љубљана, Република Словенија.

Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.

Хедвика Усеник на позицијата член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје ќе дојде на местото на Блаж Бродњак кој поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.

Мандатот на Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година, а ќе стапи на сила по добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно