Банки
Капитал Банка АД Скопје со нов шалтер во 2024 година!
На ден 16.09.2024 година, Капитал Банка го отвори својот нов шалтер во Радишани-Скопје кој е лоциран на Ул. Радишанска ББ, вл.1, кат.ПР, бр.1 со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите клиенти и во овој дел на градот.
Шалтерот свечено го отвори директорот на Секторот за работа со физички лица Димитар Ризов.
„Проширувањето на деловната мрежа е наша стратешка определба, а со отворањето на овој шалтер, продолжуваме по претходно зацртаната патека чија главна цел е отворање шалтери на Капитал Банка во сите клучни делови на Скопје и зацврстување на брендот во нашата земја. Во насока да обезбедиме навремена и квалитетна грижа за своите клиенти, ние како Банка ставивме акцент на достапноста на финансиските услуги до населението, како и до микробизнисот, малите и средните претпријатија“, им порача на присутните Димитар Ризов, директор на Секторот за работа со физички лица на Банката.

Најголемиот приоритет на Капитал банка е навремена и квалитетна грижа за своите клиенти. Покрај квалитетот на услугите, Капитал банка се грижи и за достапноста на услугите што им ги нуди на своите клиенти, затоа што верува дека тоа е од големо значење за секој поединец.
Шалтерот во Радишани се наоѓа на ул. Радишанска ББ, вл.1, кат.ПР, бр.1 во склоп на техчничкиот преглед ,,СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ Центар за возила ДООЕЛ Скопје’’), веднаш до ОКТА бензиската.
Капитал банка ве очекува да го посетите новиот шалтер од понеделник до петок од 08-16 часот и подетално да се запознаете со производите и услугите за физички лица кои Банката ги нуди.
Банки
Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност
Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.
Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.
Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.
Банки
Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“
Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.
Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.
Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.
Банки
Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус
Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.
Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.
Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.
Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.
Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.
Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 1 месецКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување

