Connect with us

Бизнис

Илон Маск предупредува: САД на работ на финансиски колапс!

Објавено

на

Илон Маск, извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“, повторно алармира за сериозните ризици од растечкиот јавен долг на САД, предупредувајќи дека земјата се соочува со „практичен финансиски колапс“ доколку не се забрза технолошкиот развој и не се стави под контрола задолжувањето.

Според Маск, националниот долг на САД надминува 38,5 трилиони долари, додека годишните каматни плаќања се приближуваат до 1 трилион долари, износ што е поголем од буџетот за одбрана. Ова, како што истакнува Маск, создава сериозен фискален притисок и ја ограничува долгорочната економска стабилност.

„Без значителни иновации во вештачката интелигенција и роботиката, САД 1.000 проценти ќе банкротираат“, изјави Маск, нагласувајќи дека токму технолошкиот напредок може да обезбеди побрз економски раст и да ѝ даде на земјата време за фискална консолидација.

Тој додава дека развојот на напредните технологии може да доведе и до дефлациски притисоци, поради побрз раст на производството и услугите во однос на паричната маса, што дополнително го зголемува реалниот товар на долгот.

Иако, статусот на доларот како светска резервна валута ѝ овозможува на Америка поголема флексибилност во задолжувањето, Маск предупредува дека таквиот модел не е одржлив без сериозни инвестиции во технологија и продуктивност.

Во услови на растечки буџетски дефицити и зголемена загриженост за одржливоста на јавните финансии, пораката на Маск повторно ја отвора дебатата за улогата на иновациите како клучен фактор за долгорочна финансиска стабилност.

Фото: gazeta.ru

Бизнис

Флекс Кредит ја додели главната награда од 200.000 денари

Објавено

на

Флекс Кредит ја објави добитничката на главната награда од својата летна наградна игра „200.000 причини за среќа“.

Среќната добитничка е Марица Н., со добитен број 813111, која освои 200.000 денари.

Од Флекс Кредит ѝ упатија честитки на добитничката, а воедно им се заблагодарија на сите учесници кои биле дел од летната кампања и ја дале својата доверба.

„Останете со нас – ве очекуваат уште многу нови изненадувања и убави можности“, порачаа од компанијата.

Во рамки на наградната игра беа предвидени и десет награди по 20.000 денари, како и главната награда во вредност од 200.000 денари.

Продолжи со читање

Бизнис

Nvidia со Волстрит подготвува фонд од 500 милијарди долари за АИ инфраструктура

Објавено

на

Nvidia се здружи со некои од најголемите банки и инвестициски компании на Волстрит со цел да обезбеди капитал од 500 милијарди долари за развој на инфраструктура за вештачка интелигенција.

Компанијата соопшти дека постигнала договори со Apollo, BlackRock, Blackstone, Brookfield, Goldman Sachs и KKR, а според најавите, инвеститорите за првпат почнуваат да ги третираат АИ хардверот и инфраструктурата како посебна класа на средства.

Извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг, изјави дека компјутерската моќ станува директно поврзана со создавањето приходи во секторот на вештачка интелигенција, поради што компанијата ги обединува водечките светски извори на долгорочен капитал за финансирање на АИ инфраструктура.

Средствата се очекува да бидат насочени кон изградба на нови дата-центри, неопходни за сместување, работа и ладење на огромен број компјутерски чипови што се користат за обработка на податоци и извршување задачи поврзани со вештачката интелигенција.

Според Би-Би-Си, фондот би можел да финансира и нови фабрики за производство на АИ чипови, со цел да се зголемат производствените капацитети и нивната достапност за клиентите.

Од KKR оценуваат дека компјутерската моќ веќе се претвора во една од клучните инфраструктурни категории на глобалната економија.

Графичките процесори на Nvidia, познати како GPU, денес се користат од речиси сите големи технолошки и АИ компании. Меѓу нив се Google, Meta, Amazon, Microsoft, SpaceX, Tesla, OpenAI и Anthropic, кои ги користат чиповите за своите АИ платформи, услуги и чет-ботови.

Продолжи со читање

Бизнис

Горивата поевтинуваат: Дизелот за 8 денари, бензините за 4 денари

Објавено

на

Од полноќ горивата во Македонија ќе се продаваат по пониски цени, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто во однос на претходната одлука од 4 август.

Од 00:01 часот на 11 август, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 87 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 89 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 91,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство 92,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе чини 43,538 денари за килограм.

Со новата одлука, двата вида бензин поевтинуваат за по 4 денари за литар, дизелот за 8 денари за литар, а екстра лесното масло за 6 денари за литар. Цената на мазутот се намалува за 2,881 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светските пазари во однос на претходната пресметка бележат пад. Кај бензините намалувањето изнесува во просек 6,186 отсто, кај дизелот 10,435 отсто, кај екстра лесното масло 8,138 отсто, а кај мазутот 7,151 отсто. Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,0313 отсто.

Од Комисијата нагласуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange