Business Woman
Хедвика Усеник ќе го менува Блаж Бродњак во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје?
Врз основа на член 39 став 1 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, акционерите доставија предлог-Одлука за именување на член на Надзорниот одбор, за седницата на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје закажана на ден 29.11.2024 година.
Со доставениот предлог, акционерите за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје ја предлагаат Хедвика Усеник, со живеалиште во Љубљана, Република Словенија.
Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.
Хедвика Усеник на позицијата член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје ќе дојде на местото на Блаж Бродњак кој поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.
Мандатот на Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година, а ќе стапи на сила по добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.
Business Woman
Потврден континуитетот во Стопанска банка АД – Скопје: нов мандат за Мирјана Трајановска како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека г-ѓа Мирјана Трајановска е повторно назначена за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.
Од Банката истакнуваат дека г-ѓа Трајановска својата професионална кариера ја градеше во рамките на Стопанска банка АД – Скопје, стекнувајќи долгогодишно искуство и експертиза во клучните области на банкарското и финансиското работење. Преку нејзиното досегашно раководење, таа даде значаен придонес во развојот, трансформацијата и стабилното работење на Стопанска банка АД – Скопје.
„Повторното назначување претставува потврда за довербата во нејзиното професионално и институционално знаење, лидерство, посветеност и искуство“, наведуваат од Стопанска банка АД – Скопје.
Банката ѝ упати честитки на г-ѓа Мирјана Трајановска за новиот мандат и изрази уверување дека таа и во наредниот период ќе продолжи да придонесува кон остварувањето на стратешките цели на Стопанска банка АД – Скопје и создавањето долгорочна вредност за клиентите, вработените, акционерите и пошироката заедница.
Business Woman
Стопанска банка АД – Скопје и довери нов четиригодишен мандат на Милица Чапаровска – Јовановска во Управниот одбор
Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Милица Чапаровска – Јовановска за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.
Одлуката за повторното именување е донесена од Надзорниот одбор на Банката на 6 февруари 2026 година, а стапи во сила по добиената согласност од Народната банка.
„Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.“, информира Банката преку соопштение објавено на Македонска берза.
Со оваа одлука, Чапаровска – Јовановска ќе продолжи да ја извршува функцијата Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор во наредните четири години.
Business Woman
Ериола Биболи назначена за нова извршна директорка на ProCredit Holding од март
Германската банкарска група „ProCredit Holding“, која е претежно активна во Југоисточна Европа, објави дека членката на Управниот одбор, Eriola Bibolli, ќе ја преземе функцијата главен извршен директор (CEO) од март годинава, наследувајќи го Hubert Spechtenhauser, кој заминува во пензија.
Во соопштението објавено во четвртокот, претседателот на Надзорниот одбор, Rainer Ottenstein, истакна дека Биболи претставува симбол на стабилност, но и двигател на унапреден пристап кон дигитализацијата, скалабилноста и динамичниот раст на групацијата.
Биболи, родена во Албанија, својата кариера во рамки на групацијата ја започнала во 2001 година во ProCredit Bank Albania. Во 2019 година беше унапредена на позицијата главен извршен директор на ProCredit Bank Kosovo, а од 2023 година е член на Управниот одбор на матичната компанија.
Нејзиниот претходник, Спехтенхаузер, ја извршуваше функцијата извршен директор на ProCredit Holding од ноември 2022 година.
Со седиште во Франкфурт, ProCredit Holding опфаќа банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Молдавија и Романија. Надвор од Југоисточна Европа, групацијата има подружници и во Украина, Грузија и Еквадор. Нејзините кредитни активности се насочени кон микро, мали и средни претпријатија (ММСП).
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 1 месецДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Берзапред 2 месециРКЕ донесе одлука: Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, најголем пад на цената во последните месеци
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни



