Connect with us
no baners

Банки

Главниот оперативен директор на Комерцијална банка го зголеми својот удел во банката со нови 100 акции

Објавено

на

Главниот оперативен директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, Илија Илоски го зголеми својот удел и се стекна со 100 акции од Банката.

„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-дин Илија Илоски, Главен оперативен директор и Член на Управниот одбор, се стекна со 100 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје”, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Согласно пресметките на Банкарство, просечната вредност по акција на Комерцијална банка на ден 09.02.2024 година кога е објавена информацијата, а согласно податоците од Македонска берза изнесувала околу 16.000,00 денари, што значи дека блок трансакцијата за 100 обични акции изнесувала околу 1.600.000,00 денари или приближно 26.000 евра.

Дека овој период е погоден за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје покажува податокот дека пред неколку денови идентичен број на акции купи и главниот директор за корпоративно банкарство и член на УО, Билјана Максимовска – Поповиќ, а неколку месеци претходно и главниот директор за продажба и развој и член на УО, Д-р Никола Џамбазовски купи 120 обични акции од Комерцијална банка.

Со купувањето на акциите, членови на менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје не само што покажуваат дека веруваат во стабилноста и успешноста на банката со која раководат, туку и сигнализираат дека е погодно време е за вложување во неа.

Ако на тоа се додаде дека Комерцијална банка АД Скопје ја заврши годината со одлична заработка од неверојатни 58,2 милиони евра и го доби епитетот најпрофитабилна банка на македонскиот пазар за 2023 година, а нејзината акција е бестселер на нашиот пазар на капитал, оправдано големи се очекувањата на акционерите кои чекаат да бидат наградени за одличното работење на банката во изминатиот период.

no baners
no baners

Банки

Кина затвори 670 банки за една година: Пекинг го прекројува банкарскиот сектор

Објавено

на

Кина ја забрзува консолидацијата на малите, претежно рурални банки, во обид да го зајакне финансискиот систем во услови на забавување на економскиот раст.

Според анализа на Fitch Ratings, во текот на 2025 година биле затворени рекордни 670 банки, што претставува околу една четвртина од вкупниот број банки во земјата. Кинеските власти ги интензивирале спојувањата и ликвидациите со цел да создадат помал број, но поголеми и подобро капитализирани финансиски институции.

Од Fitch посочуваат дека малите и руралните комерцијални банки се меѓу најранливите делови од кинескиот банкарски систем, поради послаб квалитет на активата, ниска капитализираност и недостатоци во управувањето, особено во помалку развиените региони.

Приносот на активата кај руралните банки во првата половина од годинава се намалил на 0,45%, од 0,56% во 2021 година. Истовремено, уделот на нефункционалните кредити пораснал на 2,8%, што е значително над просекот за банкарскиот сектор од 1,5%.

Овие банки имаат поголема изложеност кон мали компании, градежни и недвижносни фирми, како и кон финансиски субјекти поврзани со локалните власти.

Целта на консолидацијата е да се засили надзорот, да се намали регулаторната арбитража и да се подобри транспарентноста во секторот. Fitch оценува дека проблемите кај малите банки веројатно нема да предизвикаат поширока финансиска зараза, бидејќи нивното работење е претежно локализирано, а изложеноста кон други банки е ограничена.

Сепак, агенцијата предупредува дека структурните слабости кај дел од овие институции може да продолжат и во краток рок.

Консолидацијата доаѓа во период кога кинеската економија покажува знаци на забавување. БДП во вториот квартал пораснал за 4,3% на годишно ниво, што е најбавна стапка на раст од 2022 година, додека индустриската добивка во август пораснала за 4,2%, што е најслабото темпо на раст оваа година.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со Макси депозит: Фиксна каматна стапка до 3,8%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира Макси депозитот, штеден производ со фиксна каматна стапка до 3,8%, во рамки на активностите по повод октомври – месецот на штедењето.

Корисниците можат да изберат различен период на орочување, во зависност од своите финансиски планови и потреби.

За депозит во денари, Банката нуди фиксна каматна стапка од 3,8% за период од 36 месеци, 3,7% за 25 месеци и 3,5% за 13 месеци.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е наменета за клиентите кои сакаат своите средства да ги орочат со однапред утврдена каматна стапка и да направат чекор кон остварување на своите финансиски цели.

Повеќе информации за условите на Макси депозитот се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

NLB Next носи попусти за технологија кај повеќе познати брендови

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја промовира понудата NLB Next, преку која корисниците можат да добијат попусти и дополнителни поволности кај повеќе партнери од областа на технологијата и електрониката.

Понудата е насочена кон купување мобилни телефони, компјутери, гејминг опрема, паметни часовници, слушалки и друга технолошка опрема.

Меѓу партнерите вклучени во NLB Next се Mega Mobil, iSTYLE, Neptun, Anhoch, My, Setec и Техномаркет.

Од Банката посочуваат дека целта на NLB Next е на клиентите да им овозможи дополнителни поволности при купување производи што се дел од нивното секојдневие, особено во сегментот на нови технологии и дигитални уреди.

Преку програмата, клиентите можат да ги користат достапните попусти кај партнерите и да изберат производи согласно своите потреби и интереси.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange