Connect with us

Банки

ЕЦБ ќе ги намали каматните стапки во октомври и декември поради побрзиот пад на инфлацијата

Објавено

на

Според анкетата на „Reuters“, повеќе од 90 проценти од економистите предвидуваат дека Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја намали каматната стапка за 25 базични поени на 17 октомври и повторно во декември. Ова предвидување е поврзано со забрзан пад на инфлацијата во Еврозоната.

Оваа политика е насочена кон поддршка на економскиот раст и дополнително олеснување на монетарните услови, особено имајќи предвид дека инфлацијата почнува да се намалува побрзо од претходните очекувања.

Според анкетата, 70 од 75 анкетирани економисти (повеќе од 90%) очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) повторно да ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични поени, достигнувајќи 3,25%. Ова би било второ последователно намалување. Само пет економисти од анкетата предвидуваат дека нема да има промена во политиката. Интересно е што минатиот месец, само околу 12% од економистите предвидуваа дека ќе има намалување во октомври, што укажува на брза промена во очекувањата поради побрзиот пад на инфлацијата.

Дополнително, 68 од 75 економисти очекуваат дека ЕЦБ во декември ќе ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични поени, така што на крајот на годината ќе изнесува 3%.

Банки

Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година

Објавено

на

На свеченото одбележување на Светскиот ден на штедење, кое традиционално го организира Македонската Банкарска Асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.

Снежана Атанасова и Миле Арсовски се најдобрите банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2024 година.

„Горди сме што оваа чест годинава ја понесоа нашите колеги Снежана Атанасова и Миле Арсовски. Честитки за нивните достигнувања и благодарност за нивниот труд и нивната посветеност кон професијата и кон клиентите. Се гордееме со нивниот успех и им посакуваме уште многу награди и успеси!“, велат од ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Банки

Подарок штедни книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка за бебињата родени на Денот на штедењето

Објавено

на

Денот на штедењето, Комерцијална банка го прослави и со традиционалната посета на родилишта и доделување подарок штедни книшки „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари за бебињата родени на 31 октомври.

Со оваа мисија Комерцијална банка, на своја огромна радост, дава придонес за подобра и посреќна иднина на децата и го поттикнува штедењето уште од најмала возраст. А, им помага и на родителите да го наметнат значењето на штедењето како важна животна вредност за нивните деца.

Штедните книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка не се само обичен подарок – тие се симбол на вербата дека секое дете заслужува сигурна иднина и поддршка во реализација на своите соништа. Отворањето штедна книшка за новороденчињата е еден мал чекор во градењето култура на штедење и одговорност кон финансиската сигурност.

Штедењето од најмала возраст е една од највредните лекции кои можеме да ги пренесеме на следните генерации. Затоа „Верверичката“ на Комерцијална банка заедно со родителите веќе две децении гради подобра иднина за нашите деца.

Продолжи со читање

Банки

Известување од ЦКБ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец октомври

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека средствата по основ на примања од социјални права за месец октомври ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 05.11.2024 година (вторник).

Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.11.2024.

Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:

  • – 05.11.2024  (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
  • – 06.11.2024 (среда) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Продолжи со читање

Популарно